Откриена големата тајна на Мерлин Монро

Во јавноста се појавија досега невидени фотографии од Мерлин Монро од 1960-тата година, на кои таа е бремена. Тоа е времето додека била во брак со Артур Милер, но наводно забременила од друг.

Се работи за фотографии направени за време на снимањето на филмот „The Misfits“. Тие биле во сопственост на пријателката на Мерлин Фрида Хол. Се тврди дека фотогрaфиите се доказ за бременоста на Мерлин Монро, која додека била во брак со Артур Милер, забременила од францускиот актер Ив Монтан! Ова е тајната на холивудската дива која таа не ја откри никогаш, а излегува на виделина 55 години по нејзината смрт!

Ова е една од тие фотографии.


Photo shows Marilyn Monroe with prominent bump

Но, набргу по фотографирањето, Мерлин завршила во болница каде останала 10 дена, колку што отсуствувала од снимањето на филмот. Го загубила бебето.

Оваа и другите фотогрaфии од тоа време беа продадени во ноември, на аукција во Холивуд, за околу 3 000 долари.


Six photos of legendary film icon Marilyn Monroe taken by her friend Frieda Hull on July 8, 1960, outside Fox Studios in New York


Фотогрaфиите на аукција ги дал Тони Мичелс, близок пријател на пријателката на Мерлин, Фрида Хол, која почина во 2014 година.


Тој вели дека Фрида категорично тврдела дека Мерлин тогаш била бремена со Ив Монтан.

- Таа ми ја кажа приказната зад овие фотографии - дека Мерлин била бремена од Ив Монтан. Тоа не беше претпоставка туку нешто во што беше сигурна. А дали навистина Мерлин била бремена - се гледа од фотографиите - вели Мичелс.



 Marilyn and sexy French actor Yves Montand didn't contain their lovemaking to onscreen





Според досега објавените податоци за нејзиниот личен живот, Мерлин Монро имала три абортуси и боледувала од ендометриоза.

Оние кои ја познавале велат дека сакала да има дете, повеќе од се.

Го загуби животот во 1962 година, на 36 години, но остана една од најголемите холивудски легенди за која се зборува и денеска, пет ипол децении по нејзината смрт.

/ извор: dailystar.co.uk

Пјонгјанг извршил симулација на нуклеарен контранапад

Северна Кореја денеска соопшти дека извела симулација на нуклеарен контранапад „во која учествувалe супер-големи ракетни артилериски лансери“.

Државната новинска агенција КЦНА јави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледувал вчерашното лансирање, првата демонстрација на новиот систем за управување и контрола на нуклеарното оружје на Пјонгјанг наречен „Haekbangashoe“ или „нуклеарен активирач“.

Според Генералштабот на Јужна Кореја, Северна Кореја во понеделникот истрелала неколку сомнителни балистички ракети кон отворено море.

На Северна Кореја и е забрането со резолуции на ОН да лансира, па дури и да тестира балистички ракети од кој било дострел.

Наводните ракети со краток дострел по лансирањето полетале околу 300 километри на исток од областа околу главниот град Пјонгјанг и паднале во морето.

Во зависност од дизајнот, балистичките ракети можат да бидат опремени и со нуклеарна боева глава. И покрај меѓународните санкции, Северна Кореја продолжува да тестира ракети со нуклеарни способности и други системи за оружје. Пјонгјанг во петокот соопшти дека неодамна тестирал боева глава за стратешка крстосувачка ракета и противвоздушни проектили. /МИА

Израел го критикуваше конечниот извештај за обвинувањата против УНРВА

 Израел го критикуваше извештајот за Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа, пренесе ДПА.

Експертите задолжени за истрага на неутралноста на ОН во однос на наводите дека вработени во ОН биле вмешани во нападите врз Израел на 7 октомври препорачаа заострување на заштитните мерки во „осум критични области“.

Во исто време, во нивниот извештај се вели и дека Израел досега не доставил докази дека одредени вработени биле членови на терористички организации.

Извештајот „ја игнорира сериозноста на проблемот“, напиша портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Орен Марморштајн на X.

- Проблемот со УНРВА-Газа не е во неколку лоши јаболка; тоа е гнило и отровно дрво чии корени се Хамас, напиша тој.

- Хамас толку длабоко се инфилтрира во УНРВА што веќе не е можно да се одреди каде завршува УНРВА, а каде почнува Хамас, напиша Марморштајн.

- Вака не изгледа вистински и темелен преглед. Вака изгледа обид да се избегне проблемот и да не се решава директно, нагласи тој и додаде дека „УНРВА беше дел од проблемот, а не дел од решението“.

- Постојат и други решенија. УНРВА не може да биде дел од решението во Газа ниту сега, ниту во иднина, изјави портпаролот на израелското МНР. /МИА

Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, полицијата се сомнева дека станува збор за убиство

Телата на пет лица, меѓу кои две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција. 

Поручникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите се членови на едно семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.

-Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека содржи тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство. /МИА

притисни ентер