Практична настава за студентите во домашните компании

Министерството за образование апелира до компаниите и до средните училишта да се поврзуваат во еден вид партнерство придонесат во развојот на дуалното образование или учење преку работа односно пракса.
Десет илјади евра чини проектот од Светска банка што преку Министерството за образование и е одобрен на една Скопска компанија за термотехнички инсталации и системи која на практична настава има ученици со оштетен слух и говор од Центарот за образование и рехабилитација ,,Партение Зографски,,.

Јавниот повик за овој вид средства е спроведен уште лани, на кој се пријавиле сто и десет компании а им се одобрени на 54  Средствата ќе се даваат етапно за реализација на проекти на по десет компании.

Образовните власи од поодамна во средното образование ја  вратија практичната настава.

Во Европските и светските образовни системи на овој вид настава со и преку работа и се дава голема важност и поради тоа што таа може да послужи како пазар на труд , па често дел од практикантите во некоја компанија засноваат работен однос во истата компанија.


Најавени нови протести во Грција за името Македонија

Во повеќе градови во Грција најавени се нови протести на 6 јуни против разговорите за спорот со името.

Организатори на протестите се истите кои ги организираа протестите во Солун и во Атина, но овој пат такви собири нема да се одржат во двата најголеми грчки градови, туку во неколку други, кои засега не се објавени.

Организаторите на протестите велат дека сакаат да ги потсетат властите дека грчкиот народ е против каква било отстапка за името Македонија и бараат да ја почитуваат волјата на народот.

 Како што соопштија денеска, веќе стапиле во контакт со локалните власти каде што треба да се одржат протестите и побарале поддршка од нив.

Илјадници грци во јануари протестираа во солун, а во февруари во Атина со порака “Македонија е Грчка„, осудувајќи ги разговорите за компромисно решение на спорот со името.

Две сопатнички повредени во судар на патничко и товарно возило

Две сопатнички се повредени во сообраќајната несреќа што утринава во 2 часот се случила на крстосницата од улиците „Панајот Гиновски“ и „Борис Сарафов“ во Скопје.

Како што информира МВР, во сударот на патничкото возило „Опел Астра“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј. (60) од Гостивар и товарното возило „Опел Виваро“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С. (64) од скопското село Сарај со повреди се задобиле сопатниците во возилото „Опел Астра“, Ф.А. (51) од Дебар и Б.С. (54) од Гостивар.

Тие со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, каде им била укажана лекарска помош. Кај Ф.А. биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на лекување, додека кај Б.С. биле констатирани телесни повреди и била пуштена на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. /МИА

Таксист синоќа нападнат во Керамидница

Таксистот Љ.С. (37) од Скопје синоќа околу 1 часот  бил физички нападнат од три непознати лица на улицата „519 во скопската населба Керамидница.

Како што информира МВР, Љ.С. добил дојава да земе патници од улицата „519“  и кога пристигнал ги прашал трите непознати лица дали се тие лицата што повикале такси по што бил физички нападнат.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот. /МИА

притисни ентер