Добиена уште една битка во ЕП против обид за негирање на Македонците во Албанија

Европската слободна алијанса што како асоцијација функционира во Европскиот парламент и ги претставува малцинските групи во Европа меѓу кои и двете партии на Македонците од Грција-Виножито и од Бугарија -ОМО Илинден Пирин, на вчерашното гласање на резолуцијата за извештајот за напредокот на Албанија, успеа да интервенира со забелешка дека во областите Преспа, Голо Брдо и Гора не живее Бугарско туку Македонско малцинство.
Забелешката е впрочем реакција на амандманот на двајцата бугарски пратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски во кој се бара од албанските власти да ги штитат правата на бугарското малцинство во Преспа, Голо Брдо и Гора што како член 24 се најде во предлог резолуцијата за Албанија.

Бугарските пратеници не очекувале таква реакција од некој од членовите на Европската Слободна алијанса од каде повторуваат дека постојано ќе реагираат кога има ситуации  кои потврдуваат дека Бугарија има скриена агенда на искривување на вистината за постоење на Македонско малцинство во Албанија.

Усвојувањето на Извештајот за напредокот на Албанија, наиде на остра реакција од страна на здружението на Македонците ,,Илинден ,, од Тирана и на неговиот огранок во Голо Брдо.

„Бугари во Албанија и во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора, нема. Потсетуваме дека на целата територија на Република Албанија, и посебно во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора не живеат Бугари, туку само Македонци. Од Албанската и од Македонската влада бараме да испратат остар демарш до Брисел и Софија за нотификацијата на лажна бугарска историја во европските службени документи и за преименувањето на Македонците во Албанија за Бугари- се вели во реакцијата на Македонците во Албанија .

Реагираше и Светскиот Македонски конгрес кој покрај што побара од Владата да испрати демарши до Брисел и до Софија за преименување на Македонците во Албанија, ја осуди официјална Софија за продолжувањето на политиката на антимакедонизам како официјална политика за негирање на македонскиот народ по сите основи и за влошување на добрососедските односи со Македонија.


Паника во авион, во рачен багаж патник носел 20 змии

Анонимен патник предизвика паника во авион кој летал на линија од Германија до Русија. Во неговиот рачен багаж се откриени 20 змии.

Патникот при на екипажот на авионот му изјавил дека змиите ги купил на пазар во Германија.

-Змиите биле спакувани во канистри во неговата торба: Немаше документи за змиите. Од која врста се змиите ќе одредат стручњаци, но неофицијално станува збор за не отровни змии, е наведено во соопштението од прес центарот на интернационалниот аеродром Шереметјево.

Змиите сега се во карантин во Москва, поради тоа што на патникот немал соодветни документи за истите, вклучувајќи и одобрение од ветеринар за пренесување на змиите од Диселдорф во Русија.

Според извештајот, германските аеродромски власти  во Диселдорф истакнале дека немале никаков инцидент при безбедносната проверка и воедно истакнуваат дека внесувањето на змии во авион не е нелегално, но дека е потребно соодветно одобрение за тоа.

Ексклузивно интервју на Мицкоски за Канал 5

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  во ексклузивно интервју за Канал 5 вели  дека нема раскол во најголемата опозициска партија.

Мицкоски говори и за актуелните прашања во однос на референдумот и договорот со Грција.

Со лидерот на најголемата опозициска партија разговараше Мирјана Трпческа. 

Сите душегрижници кои мислат дека во ВМРО-ДПМНЕ  има раскол или недоразбирања од голем размер, се лажат.ВМРО-ДПМНЕ е единствено, вели Мицкоски.

Во видеото погледнете го целото интервју.

Порошенко ја тужи ББЦ за клевета поради напис за средба со Трамп

Украинскиот претседател Петро Порошенко ја тужи британската телевизиска мрежа ББЦ за клевета поради написот во кој се тврди дека Киев платил за средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Во написот објавен во мај, ББЦ наведува дека поранешниот адвокат на Трамп – Мајкл Коен добил меѓу 400.000 и 600.000 од украинскиот претседател за да ја организира првата средба меѓу Порошенко и Трамп во Белата куќа во јуни 2017 година.

Според тој напис, кој се повикува на неименувани украински извори, цел на состанокот било зголемување на влијанието на Киев во Вашингтон, на тој начин што состанокот не би изгледал како куса средба, туку како „вистински разговор“.

Порошенко во тужбата наведува дека текстот е исклучително штетен, не само за неговата функција претседател на држава, туку и за неговата репутација како политичар и претприемач.

Тој бара од британската телевизија да ги демантира тврдењата и да исплати отштета за клевета.

притисни ентер