Девојчето од Ресен што го загуби видот напиша книга

Десетгодишната Јована Трајчевска од Ресен и покрај тоа што го има загубено видот, не ја загубила силната волја за живот, но и за творење.
 Таа свири на клавир, но пишува и поезија. Слепилото не ја спречува успешно да се снаоѓа во светот на уметноста, така што Јована веќе ја подготви својата прва поетска збирка насловена “ Тајните на моето срце”. Јована вели дека збирката ја пишувала повеќе од една година, при што испирациите ги црпи од секојдневието и од своето семејство.

,,Време за да напишам ми требаше околу една година и пол, а промоцијата ќе биди на 18 Февруари во 12 часот во големата сала во Општина Ресен, инаку уште како мала многу сум слушала композиции од клавир и гитара, тие ми биле два омилени инструменти, гитара не успеав да свирам, а на клавир успеав и затоа сум многу среќна.,,-вели Јована Трајчевска од Ресен.

Јована е всушност мултиталентирано дете, бидејќи покрај тоа што пишува поезија и свири клавир и хармоника, таа одлично игра и шах. На повеќе полиња освојува и бројни награди.

На сите кои што го загубиле видот Јована им порачува да не се откажуваат, да гледаат низ свето срце и да настојуваат да го работат она што го сакаат. 



Борбата уште трае – Анџелина Џоли во битка за децата со Бред Пит

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли е бесна на поранешниот сопруг Бред Пит .

Џоли нема да може да ги изнесе децата надвор од САД. 52- годишната Анџелина треба да замине во Лондон на подолг период , поради снимањето на продолжението на филмот ,,Грдата самовила “.

Таа сакаше да ги земе и децата , но судот не и дозволи се додека не биде завршена судската постапка за утврдување на старателството над децата. Анџелина  била уверена дека ќе ги однесе во Лондон 16 – годишниот Медокс, една година помладиот Пакс, 13 – годишната Захара, 11 – годишната Сил и деветгодишните близнаци Вивијан и Нокс.

Борбата околу старателството врз децата поранешниот брачен пар ,,Бранџолина “ го води од септември 2016 , кога Анџелина поднесе докуманти за развод .

Промовирана официјалната химна за Мундијалот 2018 (ВИДЕО)

Официјалната химна на Светското фудбалско првенство во Русија, „Live it up“ веќе е веќе објавена.

Исполнители на нумерата се Вил Смит, Ера Истрефи и Ники Џем, а свој удел има и Ди-Џеј Дипло.

Песната е веќе поставена на различни платформи и на социјални мрежи.

Во Италија подготвена најголемата пица на светот (ВИДЕО)

Сто италијански мајстори беа дел од уривањето на рекордот во приготвување на најголемата пица наполитана на светот.

Италијанскиот затворен специјалитет, долг осум метри беше подготвен во Неапол , а за него беа употребени 83 килограми брашно, 50 килограми моцарела, 20 килограми доматно пире и 15 килограми салама.

 Пицата, која се подготвуваше и печеше 4 час, потоа беше поделена на присутните на настанот.

притисни ентер