Научен труд за бегалскиот аспект на Граѓанската војна во Грција 1946-1949

„Бегалскиот аспект на Граѓанската војна во Грција 1946-1949“ е најновиот научен труд на професорот Новица Велјановски, познат проучувач на историските и правно-историските прашања од нашето историско минато.

Како што нагласува авторот, бегалскиот проблем на Граѓанската војна во Грција е помалку проучуван отколку самата Граѓанска војна. Неговиот мотив е токму во тој недостиг на проучувањата, но и во самиот факт што во последно време станале достапни дипломатските документи кои во историската наука се сметаат како првостепен историски извор.

Освен тоа, и актуелната бегалска криза во Европа последниве години, која не ја одмина и Република Македонија, го поттикнала да направи паралела со настаните кои се случуваа во Македонија и на Балканот пред седумдесет години. Тогаш бегалскиот проблем кој најмногу го почувствувала НР Македонија не само што бил политички проблем предизвикан од суровоста на Граѓанската војна туку и длабоко хуманитарен и правен проблем кој стасал и до Обединетите нации.

Монографијата главно содржи два дела. Првиот дел ја содржи научната анализа на авторот за балканските состојби за време на Граѓанската војна 1946-1949 година и вмешаноста на големите сили. Притоа ги анализира состојбите во тогашната ФНР Југославија и НР Бугарија кои беа обвинувани за вмешаност во војната, како и Албанија, која не е обвинувана за вмешаност, но за која се смета дека не била сосема дистанцирана. Зборува и за судирот на грчките леви и десни сили кои доведоа до таа војна, како и за промените што настанаа во односите меѓу комунистичките земји со појавата на Резолуцијата на Информбирото и со промената на односот на Сталин и СССР спрема Тито и Југославија.

Во вториот дел се говори за бегалскиот проблем како политички, хуманитарен и правен проблем елабориран и пред Обединетите нации. Овде недвосмислено се констатира дека грчкото раководство, штитено најнапред од Велика Британија, а подоцна од САД кои на Средоземното Море имаа свои интереси, од овој хуманитарен проблем направи политички проблем. Имено, одлуката да се извлечат децата во реоните зафатени со војната беше замислена како хуманитарна одлука со цел да се спасат што повеќе деца. Но бидејќи таа беше донесена од привремената, „лева” Влада на Грција на Маркос и Захаријадис, грчката „десна” Влада, со цел да ја придобие меѓународната јавност, не ја прифаќала, па смислила изговор за овој хуман чин дека тоа било „киднапирање” на грчките деца. Таа сметале дека „киднапираните” деца нема да се вратат во Грција или и, доколку се вратат, тие ќе бидат „превоспитани” или „инфицирани” со комунистички идеи. Затоа упорно работела на тоа проблемот да се најде пред Обединетите нации. За таа цел била формирана специјална Балканската комисија која исто така истапува во одбрана на грчките владини ставови, па во 1948 и 1949 година биле донесени двете резолуции со тешки обвинувања против ФНР Југославија, а во одбрана на грчките ставови. Недовербата меѓу двете земји пораснала дотаму што грчката јавност и самите родители учесници во војната биле убедувани дека тоа е „киднапирање” на грчките деца и дека целта на акцијата за спасување на децата не е хуманитарна.

Инаку, и во прикажувањето на бројот на бегалците, односно и на бројот на децата има големи разлики. Грците покажуваат помал број со цел да докажат дека тоа не било потребно, дека тоа се деца само од грчка националност, а југословенската страна со објавуваните бројки сака да ја покаже суровоста на војната, да покаже дека вложува средства за нивното обезбедување и дека се тоа деца на родители од словенско потекло. Тешки проблеми се јавувале при враќањето на децата во Грција, но и при нивното испраќање во земјите од социјалистичкиот лагер, кои по Информбирото ги прифатија ставовите на Грција, а Југославија, освен за политички проблеми и предизвикување на Граѓанската војна, била обвинувана и за бегалската криза.

Покрај научните констатации, авторот во книгата поместува и педесетина најкарактеристични документи од дипломатска провениенција со цел, како што вели, пообјективно да се следи и да се потврди она што е кажано.

Новата книга на Велјановски од печат излезе на почетокот од годинава и е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

Кремљ: Сопственикот на Телеграм треба да биде повнимателен

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нема планови за блокирање на апликацијата, но оти Дуров треба да биде повнимателен.

Кремљ го предупреди сопственикот на Телеграм, Павел Дуров, да биде повнимателен откако се појавија информации дека апликацијата била користена за да се помогне во регрутирањето на вооружените лица, кои го извршија нападот на концертната сала во близина на Москва.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нема планови за блокирање на апликацијата, но оти Дуров треба да биде повнимателен.

- Ќе очекуваме зголемено внимание од Павел Дуров, бидејќи овој уникатен и феноменален ресурс од технолошка гледна точка, кој всушност растеше пред нашите очи, сè повеќе станува алатка во рацете на терористите, користена за терористички цели, посочи Песков.

Руската државната новинска агенција РИА Новости објави дека напаѓачите биле регрутирани преку радикален канал на Телеграм, кој припаѓа на групата Исламска држава - Хорасан.

Во текот на изминатите 2 дена, рускиот регулатор за комуникации „Роскомнадзор“ го ограничи пристапот до 11 канали на Телеграм поради „содржини поврзани со тероризам“.

Го забрзавме откривањето и верификацијата на каналите на Телеграм. Поконкретно, регистрираме создавање на канали, кои наводно известуваат за нови терористички напади. Тие се создадени со цел да се заплаши населението. Во изминатите два дена ограничен е пристап до 11 такви канали, се наведува во соопштението на „Роскомнадзор“.

Телеграм, основан од Дуров, е со седиште во Дубаи. Дуров (39) ја напушти Русија во 2014 година и живее во Дубаи, има двојно државјанство на Франција и Обединетите Арапски Емирати. Форбс го проценува богатството на Дуров на 15,5 милијарди долари.

Аустриан ерлајнс го започна својот штрајк кој ќе трае 36 часа

Триесет и шестчасовниот штрајк на вработените во Аустриан Ерлајнс (Austrian Airlines) почна денеска и веќе има откажани летови, јавија австриските медиуми. 

Според одлуката на синдикатот „Вида“, денеска и утре ќе бидат откажани вкупно 400 летови. Најмногу беа погодени аеродромите во Виена, Инсбрук, Грац и Клагенфурт, како и околу 50 илјади патници, според податоците на авиокомпанијата.

Аустриан Ерлајнс проценува 24 милиони евра загуби предизвикани од откажување летови во текот на тековните колективни преговори за договарање. Спорот за колективниот договор за труд трае веќе со недели, а досега 17 рунди преговори се без резултат. Синдикатот најави нова работна средба за 4 април.

Стотици летови се откажани од почетокот на преговорите. Откажани се и летовите од Виена до Скопје и обратно. На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

Дебата на тема„Има помош за живот без насилство“ во организација на УНФПА

Веќе трета година по ред во Македонија се спроведува  проектот „Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Македонија“ под покровителство на министерството за труд и социјала, британската амбасада и УНФПА.

Во рамки на проектот досега функционира програмата за реинтеграција на жртви, моделот за шелтер-засолниште на жртви на семејно насилство, а се даваат и препораките за подобрување на услугите на сос линиите за помош на жртвите.

притисни ентер