Промовирани нови дела од проекти од областа на литературната и издавачката дејност

Промоција на 41 дело од четирите проекти од областа на литературната и издавачката дејност: „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“, „Најпознатите битки и војни во светската историја“, „Автобиографии, биографии и мемоари на светски познатите личности од повеќе општествени сфери“ и „Превод на значајни остварувања од областа на спортот и здравиот живот“ се одржа вечерва во Македонскиот народен театар.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека има 20 нови наслови од издавачкиот проект „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ кој, како што рече, со најзначајните сознанија и вредности обликувани во историјата на општествената и хуманистичката мисла од антиката до денеска го збогатува едукативниот процес кај нас.

- Оваа едиција има повеќекратна корист, таа е квалитетна научна литература за студентите, постдипломците и докторантите на Филозофскиот и другите сродни факултети од хуманистичките науки. Нашата интелектуална ризница е збогатена со 9 дела од областа на филозофијата, 6 од областа на историјата и 5 наслови од областа на психологијата, рече Канческа-Милевска.

Според неа, новите три наслови од едицијата „Познатите битки и војни во светската историја“ се од особено значење не само за историчарите туку и за сите граѓани заинтересирани за глобалните гео-политички текови. Овие книги, како што рече, кои се збогатени со голем број фотографии, карти и цртежи се сликовит приказ на настаните кои оставиле длабоки траги во светската историја.

- Ги презентираме делата „Судирот на цивилизациите и пресоздавањето на светскиот поредок“ на Семјуел Хантингтон, делото „Француската револуција: Верба, желба и политика“ на Ноа Шустерман и изданието „Александар: Историја на потеклото и растот на уметноста на војувањето од најраните времиња до битката кај Ипсус, 301-та година пред нашата ера“ на Теодор Ајраулт Доџ кое е своевидно патување низ ерата на Александар 3 Македонски, првиот космополит и најголемиот освојувач на сите времиња, истакна Канческа-Милевска.

На читателите им се достапни и 10 дела од едицијата „Автобиографии, биографии и мемоари на светски познати личности од повеќе општествени сфери“. Меѓу нив има книги за Исак Њутн, Галилео, Фарадеј и Максвел, Конфучие...

Од едицијата „Во светот на спортот и здравиот живот“ промовирани се осум нови изданија.

- Еден од најголемите предизвици при реализацијата на овие значајни капитални проекти кои ги обединија сите релевантни интелектуални сили во нашата држава, беше афирмацијата на македонскиот јазик и неговиот лингвистички потенцијал, потенцира Канческа-Милевска.

Проф. д-р Виолета Ачкоска, еден од промоторите на книгите, се осврна на околу 20 наслови посветени на различни периоди и настани од минатото на човештвото.

- Книгите претставуваат извонредно шаренило според методолошкиот пристап и нивната форма. Се работи за богатство на историски четива. Пред нас имаме своевиден трезор на сериозни историографски трудови, преведени на македонски јазик, рече Ачкоска.

Според професорката Александра Жежова, книгите од областа на психологија со психоанализа се лесни за читање и се пишувани од големи визионери и мислители.

На промоцијата на книгите во МНТ присуствуваа професори, преведувачи, лектори и редактори кои беа вклучени во проектите.


Европски фронт: ВМРО формира сојуз со проруски и антиалбански партии

ВМРО и Мицкоски официјално прогласуваат коалиција и со партијата Левица на Апасиев и ЗНАМ на Димитриевски, две партии тесно поврзани со Москва и разни проруски кругови, а познати по своите антиалбански позиции.

Мицкоски на митинг во Охрид побара македонско национално единство, без други етникуми во државата, за, како што рече, да се тргне државата од рацете на Албанците.

Европскиот фронт го потсетува Мицкоски дека Северна Македонија од поодамна го изоде патот на рамноправност, демократија и членство во големото европско семејство.

ДУИ и Европскиот фронт, како мултиетнички фронт во Северна Македонија, нема да дозволат земјата да се врати во меѓународна изолација, а тоа ќе биде запечатено на 24 април и 8 мај, кога за претседател ќе биде избран д-р Бујар Османи, а Европскиот фронт ќе биде клучот за формирање на идната Влада.

Истовремено, ја повикуваме албанската опозиција да се освести и да се престрои со про-европејците и да не стане орудие на руските кругови во земјава, се наведува во соопштението.

Фон дер Лајен: Русија хибридно ја напаѓа Финска преку испраќање мигранти на границите

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Русија концентрирала хибридни напади врз Финска со испраќање мигранти, сѐ со цел да ја дестабилизира таа земја.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Русија концентрирала хибридни напади врз Финска со испраќање мигранти, сѐ со цел да ја дестабилизира таа земја, која цврсто ја поддржува Украина и која влезе во НАТО пред една година.

Финска ја затвори границата во средината на декември 2023 година по приливот од 1.000 илегални мигранти од руска територија од средината на август. Двете земји имаат заедничка граница долга 1.340 километри, а Хелсинки ја обвинува Москва дека систематски испраќа мигранти во Финска. Русија ги отфрла обвинувањата.

„Од хибридниот напад на Белорусија во ноември 2021 година врз Литванија, Полска и Латвија, сите знаеме дека Путин и неговите сојузници ги инструментализираат мигрантите за да ја тестираат нашата одбрана и да нѐ дестабилизираат“, рече шефицата на Европската комисија.

„Сега Путин се фокусираше на Финска“, додаде таа.

Претседателката на ЕК се сретна со финскиот премиер Петри Орпа во градот Лапеенранта во југоисточниот дел на земјата, на околу 30 километри од руската граница и разговараа што „ЕУ и Финска можат да направат за да ја спречат инструментализацијата на финската граница.“

Во април Финска одлучи граничните премини да останат затворени. Односите меѓу Хелсинки и Москва се влошија по руската инвазија на Украина. По приемот на Финска во НАТО, Москва најави „контрамерки“.

Финска исто така подготвува закон за спротивставување на пристигнувањето на мигрантите.

Османи:Го институционализиравме достоинството на нашиот народ,но мисијата сè уште не е завршена

Форумот на жени и Форумот на млади на ДУИ, огранок Сарај, организираа отворена дебата со кандидатот за претседател Бујар Османи и кандидатите за пратеници од Европскиот фронт во ИЕ1 Блерим Беџети и Наим Бајрами.

Кандидатот за претседател Бујар Османи им вети на младите од Сарај дека како следен претседател ќе создаде држава во која без разлика на етничката припадност секој ќе има можност да ги оствари своите соништа.

Османи го опиша Европскиот фронт како идеја чие време е дојдено. „Од исклучен народ сега сме народ кој го постигна првиот премиер Албанец. Го институционализиравме достоинството на нашиот народ. Почнавме да ги уриваме моноетничките тврдини: претседателот на Собранието, првиот премиер, но сè уште не сме завршиле, бидејќи сè уште имаме тврдина која за нас е забранета зона.

Оваа мисија е света и не случајна. Затоа ве повикувам да ја одобрите“, рече Османи.

Кандидатите за пратеници Блерим Беџети и Наим Бајрами побараа од младите масовна поддршка за Бујар Османи и Европскиот фронт. Поканија на 24 април и на 8 мај да биде запечатена големата победа на Фронтот, со која ќе се заокружи последната мисија за етничка еднаквост и ќе се заокружи европскиот сон на младите во Северна Македонија.

Во текот на денешниот ден, караванот на Бујар Османи пристигна во Сарај и неговата околина, односно во селата Кондово, Бојане и Копаница, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер