Завршува Вевчанскиот карневал

Со последното василичарско оро и ритуалното палење на маските  денес  во Вевчани се спушта завесата на најстарата  карневалска манифестација во земјава.  По вевчанските улици деновиве  покрај ѓаволите, глупавиот август, зетотовите и невестите, прошетаа и милјардерот Џорџ Сорос, амбасадорот Џес Бејли, Шарената револуција , војската на Северна Кореја и уште многу страшни, смешни и реални маски изработени до совршенство.

Во карневалската пародија  беа одбележани политичките и општествените збиднувања во земјава и светот.
Според слободните проценки десетина илјади гости деновиве   го посетија Вевчани.

- Има доста од странство една група англичани некои од нив за кратко време доаѓаат по трет  пат. Понеделник имаат закажана средба кај мене заинтересирани се за инвестиции во туризмот. Има доста гости од Србија, Бугарија и нормално од земјава,, изјави Цветомир Угриноски  градоначалник на општина Вевчани.

Синоќа Нова година по јулијанскиот календар беше прославена со   концерт на Анета Накоска и Ефто Пупиноски но и спектакуларен огномет точно на полноќ.  Туристите уживаа во карневалската магија која е спој на паганското и христијанското.

-Прекрасно е, прекрасен ден. Навистина не очекувавме дека ќе биде толку лудо, навистина ни се допаѓа. Од каде доаѓате? Од Индонезија од Бали. ,вели туристите од  Бали. 

-Прв пат доаѓаме овде и доаѓаме од Бали каде е + 30  а овде е смрзнувачка. Навистина е прекрасно.... сите овие маски, нешто сосема ново за нас, вели гостинка од Бали.

- Видов многу  уникатни нешта,  маските и снегот. Прв пат гледате снег Да, вели трета гостинка од Бали.
 
Вевчанци со карневалот останаа верни на традицијата стара 15 векови,  а  општина Вевчани стана бренд, топ дестинација за Православна Нова година.  Десетици илјади гости деновиве  беа дел од слободниот театар без граници.



Златната палма 2019 за филмот „Паразит" на јужнокорејскиот режисер Бонг Џон-ху (ВИДЕО)

Златната палма на овогодинашниот Кански филмски фестивал ја доби филмот „Паразит" на јужнокорејскиот режисер Бонг Џон-ху.

Златната палма ја додели француската актерка Катрин Денев, заедно со претседателот на жирито Алехандро Гонзалес Ињариту.

Големата награда на Канскиот филмски фестивал, пак, беше доделена на филмот Атлантик на Мати Диоп.

Наградата за најдобар актер на Фестивалот во Кан ја доби Антонио Бандерас, за неговата улога во Додор и Глорија на Педро Алмодовар.

Филмот Бедници, на Ла Ли и Клебер Мендонса Филихо и Жулиано Дорнелес ја понесе наградата на жирито на Фестивалот, а Златната камера во 2019 оди во рацете на Цезар Дијаз за Нашите мајки.

Дефиле на ѕвездите во Кан на премиерата на филмот ,,Сибил” (ВИДЕО)

Оливија Kулпо им се приклучи на другите ѕвезди на црвениот килим на премиерата на ,,Сибил” на последниот ден од Филмскиот фестивал во Кан.

Оливија Кулпо ја прикажа својата неверојатна фигура во бел фустан од  тантела на синоќешната премиера.

На неа беше и 27- годишната Мис на САД, потоа Мила Јовович и другите филмски ѕвезди и старлети.

На премиерата на една од актерките и се одврзаа сандалите, па за малку ќе паднеше на скалилата среде црвениот тепих, додека старлетите го искористија присуството на бројните фоторепортери за да ги покажат најновите модни креации.

Бесен Американец на Миконос: За шест порции лигњи и пиво платил 839 евра

Војникот од Бруклин , Американецот Циско Рок на социјалните мрежи се пожали на лошото искуство и цените на грчкиот остров Миконос.

Тој бил на одмор на Миконос со пријателите , па решиле да одат на ручек . Нарачале шест порции лигњи , шест пива и салата. За скомниот ручек требало да плати над 839 евра . Една порција лигњи чинела околу 100 евра , а само за пивата платил 150 евра. За три салати платил 60 евра , а еден сок од домати го чинел Американецот 18 евра.

Кога дошла сметката Циско и пријателите останале шокирани. Се обидувале да им објаснат на персоналот од ресторанот DK Oyster дека сметката е неверојатно висока.

Циско го раскажа своето искуство и рече декакога влегле во рестортанот на Миконос, не им дале ценовник , иако побарале.

,,Избегнувајте го ова место, тоа е стапица за туристи!На плажа да се плати 836 евра за лигњи , шест пива и три салати е тешка измама, а персоналот е нељубезен и одбива да ви го даде ценовникот.” , напиша Американецот и на Трип Адвајзор за ресторанот на плажа на југот на островот , кој на овој сајт за туристи има четири ѕвездички.

На тоа се надоврза и британски турист , кој за прошек и џин платил 38 евра, а не му дале ценовник кога нарачувал.

Од ресторанот на Миконос му одговорија на Американецот дека неоправдано ги критикува со закана дека против поединци , кои шират лоши гласини за ресторанот ќе поведат правни акции.

На крај ги повикаа сите да дојдат и да проверат и самите зошто цените се такви , какови што се наведени и на ценовникот на влезот.

,, Ве молиме да дојдете и да пресудите. Не дозволувајте на луѓето да ве измамуваат со бројки , што кажуваат мал дел од приказната.” , изјавија од управата на ресторанот на Миконос за американските медиуми.

притисни ентер