Нов пад на турската лира во однос на доларот

Турската лира падна на нов историски минимум.
Падот на вредноста на валутата што траеше в текот на целата 2016-та продолжи и во новата година.

Валутата падна до историско дно во однос на доларот.

Само за првите осум дена на тргување во месецот, лирата изгуби 8,6% од вредноста, што заедно со падот од 2016 година достигна 17% помалку од вредноста.

Блумберг  во анализата како една од причините се смета пасивноста на централната банка.

Експертите сметаат дека централната банка на Турција одолговлекува со промените во монетарната политика во услови на првиот пад на економијата пo седум години и политичкиот притисок од друга.

Најавени нови протести во Грција за името Македонија

Во повеќе градови во Грција најавени се нови протести на 6 јуни против разговорите за спорот со името.

Организатори на протестите се истите кои ги организираа протестите во Солун и во Атина, но овој пат такви собири нема да се одржат во двата најголеми грчки градови, туку во неколку други, кои засега не се објавени.

Организаторите на протестите велат дека сакаат да ги потсетат властите дека грчкиот народ е против каква било отстапка за името Македонија и бараат да ја почитуваат волјата на народот.

 Како што соопштија денеска, веќе стапиле во контакт со локалните власти каде што треба да се одржат протестите и побарале поддршка од нив.

Илјадници грци во јануари протестираа во солун, а во февруари во Атина со порака “Македонија е Грчка„, осудувајќи ги разговорите за компромисно решение на спорот со името.

Две сопатнички повредени во судар на патничко и товарно возило

Две сопатнички се повредени во сообраќајната несреќа што утринава во 2 часот се случила на крстосницата од улиците „Панајот Гиновски“ и „Борис Сарафов“ во Скопје.

Како што информира МВР, во сударот на патничкото возило „Опел Астра“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј. (60) од Гостивар и товарното возило „Опел Виваро“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С. (64) од скопското село Сарај со повреди се задобиле сопатниците во возилото „Опел Астра“, Ф.А. (51) од Дебар и Б.С. (54) од Гостивар.

Тие со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, каде им била укажана лекарска помош. Кај Ф.А. биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на лекување, додека кај Б.С. биле констатирани телесни повреди и била пуштена на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. /МИА

Таксист синоќа нападнат во Керамидница

Таксистот Љ.С. (37) од Скопје синоќа околу 1 часот  бил физички нападнат од три непознати лица на улицата „519 во скопската населба Керамидница.

Како што информира МВР, Љ.С. добил дојава да земе патници од улицата „519“  и кога пристигнал ги прашал трите непознати лица дали се тие лицата што повикале такси по што бил физички нападнат.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот. /МИА

притисни ентер