САД ги засилува радарските системи кон Северна Кореја

Пентагон издал наредба за дислоцирање радари што биле северно од Хаваи кон Алјаска.
Тоа е прва мерка преземена како реакција на МО на САД за плановите на Северна Кореја да изврши проби со интерконтинентална балистичка ракета, јавуваат американските медиуми.

Според нив, тој тип на радари (ЅВ-Х) имаат можност да собираат повеќе податоци за ракети со голем дострел.

Во овој случај, радарот ќе им дозволи да пресретнат ракети испукани кон Алјаска, островот Гуам и западниот брег на САД.

Стоилковски:Пресудата на Поповски, реализација на партиско политички нарачки и неправда

Ова што го видовме денеска не е суд и правда, туку реализација на партиско политички нарачки и неправда.

 Невини луѓе кои ниту оствариле каква било имотна корист и не предизвикале никаква штета се осудуваат со драконски казни, а Зоран Заев кого целата јавност го виде како бара поткуп се ослободува од каква било одговорност.

Без ниту еден доказ, без никаква надлежност, судот прифати обвинение покренато од партискиот орган СЈО и судијата Добрила Кацарска денеска изрече осудителна пресуда и казна затвор во времетраење од девет години.

Вакви процеси, какви што води судот под притисок на криминалниот картел на власта се водат само во Северна Кореа, а можеби ни таму. Вакви пресуди врз вакви докази не изрекувале ниту црвените кмери во Камбоџа.  Правосудството денеска го допре дното.

Ниту некој прибавил против-правна имотна корист, ниту е направена материјална штета. Набавените возила се уште се користат во Министерството за внатрешни работи. Постапката за набавка на 300 автомобили е спроведена согласно закон и потребите на полицијата. Постапката е завршена со јавно отворање на понудите, по што е донесен извештај со предлог за избор за најповолен понудувач. Одлуката за избор ја донела комисијата за јавни набавки, која е составена од искусни професионалци и специјалисти за јавни набавки, кои ја сугерирале и примениле одредбата од неговата одлука за јавна набавка која се однесува на деливоста на набавката внатре во лотовите. Сведочењата на  членовите на комисијата за јавни набавки се во прилог на одбраната. Сите сведоци кажаа дека постапиле согласно закон и согласно интересите и потребите на службата, без никој да им се меша во одлучувањето.

Одлуката со која СЈО ја темели својата надлежност врз предметот е невалидна.  Имено  предметот  СЈО го заснова врз само еден приватен телефонски разговор. Впрочем и самото СЈО тврди дека економските оператори чија понуда била избрана на тендерот не оствариле екстра профит, односно им била исплатена реалната вредност на возилата.

Почитувани,

СЈО нема ниту еден издржан аргумент. Пресудата, особено нејзината висина е одраз на политички притисок од страна на картелот на власт. Зоран Заев лично го најави овој прогон и во негова изјава пред неколку дена ги најави првите пресуди. Ова е крах за македонското судство и понижување за целата правна фела. Денеска судството го погреба правото и правната држава. Република Македонија станува држава во која има политички осуденици, а лица како Заев кои целата јавност ги виде како бараат едно евро за црквата и едно евро за Вицето се шетаат слободно.

На ваквото однесување мора брзо да му дојде крајот.

Наум Стоилковски, портпарол ВМРО-ДПМНЕ

Индустријата најмногу користи изворска вода, а ја испушта во јавна канализација

 Од испуштените отпадни води од индустријата скоро целата количина или 92 проценти оди во јавна канализација, пет проценти во земјата и три проценти во акумулации, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци од вкупно испуштените води, пречистени се 0,34 проценти.

Вкупното количество користена вода во 2016 година изнесува 3.699 милиони метри кубни.

Според потеклото на водата за снабдување на претпријатијата, најголемото количество е од изворски води 71,86  отсто.

Вкупното количество зафатена вода од индустриските претпријатија во 2016 година изнесува вкупно 3.709 милиони меетри кубни, при што секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има најголемо учество од 98,96 отсто.

НФФ бара откупната цена на пченицата да биде 12 денари

 Националната федерација на фармери (НФФ) бара минималната откупна цена на пченицата да биде 12 денари по килограм.

И договорите во кои ќе биде пишана и цената и рокот на плаќање да се склучат пред жетвата, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, како и државата да спроведе интервентен откуп на пченицата на 1 јули кога започнува жетвата.

Како што посочуваат од НФФ, нивната анализа покажала дека производната цена на пченицата за 2018 година изнесува околу 12 денари по килограм, а врз неа големо влијание имало поскапувањето на нафтата што, како што велат, повлече поскапување на сите репроматеријали.

- Во моментов земјоделците укажуваат дека квалитетот на пченицата е добар, а пролетните дождови позитивно влијаат врз родот и квлитетот. Од друга страна, загрижува информацијата дадена од млинарите дека нема да спроведат откуп на пченица доколку не се врати стариот Правилник за маркици за увозно брашно. Според земјоделците, ова е можна манипулација за повторно да се откупи пченицата по пониска цена од седум до 10 денари по килограм, како во минатите години, иако производната цена расте и се движи од девет до 12 денари по килограм, велат од НФФ.

Нагласуваат дека интервентниот откуп на пченица од домашно производство е законска одредба за пченицата која е стратешки производ во државата.

- Според Законот за земјоделство и рурален развој минималната количина која може да биде понудена од еден откупувач е 10.000 килограми, а максималната 50.000 килограми пченица, велат од НФФ.

Потсетуваат дека лани Владата на Србија донесе одлука на 27 јуни да започне интервентен откуп на пченица за државни стоковни резеврви со одредена цена и со рок на плаќање за 15 дена и инсистираат ваква пракса да се спроведе и во Македонија.

Според информациите на НФФ од терен, површините со пченица се намалуваат, бидејќи трошоците за производство се зголемуваат, а откупните цени се намалуваат. Годинава се очекува родот на пченица да биде над 200.000 тони.

Националната федерација на фармери преку допис од пред еден месец побара од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да ја свика Потсекторската група за жито и на заедничка маса да се разговара за откупот на пченицата. 

притисни ентер