Во Маврово 62 сантиметра снег, најладно во Скопје и Берово

Во Скопје Петровец и Берово утрово е најладно, -21 степен. Минимални -20 се измерени во Битола, -19 во Тетово, -18 Куманово, Демир Капија и Штип, -17 во Струмица, -16 во Скопје Зајчев Рид и Прилеп, -15 во Крива Паланка, -14 во Виница, Дебар и Пожаране, -13 во Тополчани и Ѓуриште, -12 во Маврово и Гевгелија, -10 во Лазарополе, -9 во Крушево, -8 во Претор и -7 во Дојран и Охрид.
Како што информира УХМР, висината на снежната покривка до седум часот е најголема во Маврово, 62 сантиметра, а најмала во Дојран, еден. Во Лазарополе има 47 сантиметри снег, во Пожаране 41, 36 Тополчани, 29 Берово, 27 Дебар, 26 Ѓуриште, 25 Тетово, 24 Крушево, 19 Битола, 18 Крива Паланка,  16 Куманово и Струмица, 15 Охрид и Претор, 14 Демир Капија, 13 Штип, 12 Виница, 10 Прилеп и Скопје Петровец, 8 Скопје, и два Гевгелија.

За 24 часа се наврнати три литри на метар квадратен воден талог во Лазарополе и Битола, два во Дебар, Демир Капија и Претор и еден во Тополчани, Струмица, Крушево, Дојран,

Преку ноќта беше ведро, а изутринава е сончево со мала до умерена облачност и многу студено, по одделни котлини со слаба магла. Само на места има зголемена облачност. До крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен, а во западните делови умерен ветер од западен правец. Температурата ќе достигне од -4 до 5 степени. Во Скопје претежно сончево со слаб западен ветер и со температура до -2 степена.

Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во текот на денот потопло со умерен јужен ветер. Попладне облачноста од запад ќе се зголемува, а кон крајот на денот во западните делови на планините ќе има повремен снег, а во пониските места на запад дожд и снег. Утринска температура од -14 до -5, а дневна температура од 2 до 7 степени.

Во сабота, особено претпладне, на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка. На пониските места на југот и вдолж Повардарието поради повисоките дневни температури снежната покривка делумно или целосно ќе се истопи. Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Дневните температури ќе се одржуваат околу нулата./МИА

Патролирањето по Кримскиот мост – “приказна за добра ноќ“

Пратеникот на Државната дума, Дмитриј Белик ја прокоментира можноста украински бродови да патролираат во близина на Кримскиот мост.

Тој оцени дека било какви најави од тој тип се “приказни за добра ноќ“.

Како што објави, во акваторијата на Кречкиот проток, Украина претставува “непосакуван гостин“, кој нема да се пушти преку тој праг.

„Русија во целост ги исполнува сите меѓународни обврски кога станува збор за обезбедувањето на слободен поморски сообраќај – протокот е отворен но го контролира Русија. Било каков обид за патролирање од страна на некоја друга држава ќе биде санкционирано со “црвен картон и исфрлање од теренот“ – изјавил Белик.

Како што оценил, украинската храброст се само зборови на хартија, но кога ќе се случи нешто на терен, тогаш тоа баш и не изгледа така.

Покрај тоа, Белик додал дека Керчкиот проток го контролираат граничните служби на Федералната служба за безбедност на Русија, а тука во близина е и Црноморската флота доколку некој нешто се обиде да изведе.

Претходно еден украински пратеник го повика претседателот Петро Порошенко да ја преземе контролата врз Азовското море и Керчкиот проток, пренесува „Спутник“.

ВМРО-ДПМНЕ-Демократска фракција: Владата максимално да се посвети на клучните реформи

Поддршката на „Нон пејперот” на скоро 1/5 од државите членки на ЕУ (Франција, Холандија, Белгија, Данска и Лукембург), укажува дека граѓаните на Република Македонија мора сериозно да бидат загрижени за евроатланската иднина на сопствената држава.

Поддршката на „Нон пејперот” на скоро 1/5 од државите членки на ЕУ (Франција, Холандија, Белгија, Данска и Лукембург), укажува дека граѓаните на Република Македонија мора сериозно да бидат загрижени за евроатланската иднина на сопствената држава, наспроти розовата слика која сака да ни ја претстави Владата на Зоран Заев. Актуелната влада исто како и владата на Груевски се служи со манипулации и замена на тези. Премиерот Заев и неговата влада мора да знаат дека поддршката од мнозинството членки на ЕУ, е сепак помалку од потребниот консензус на сите држави членки на ЕУ за отпочнување на преговорите за членство.

По објавувањето на ,,Нон пејперот” станува јасно дека позитивниот Извештај на ЕК од пред неколку недели е само политички инструмент и средство за мотивција со кој и се даде дополнителна шанса на Владата на РМ да го стори тоа што мора да го стори. Реформи и реформи.

Сега на сите им станува јасно дека голата замена на власта на едни со други и промената во општата атмосфера во државата, не довеле до суштински напредок во спроведувањето на итните реформски приоритети. Отсуствуваат клучните реформи во правосудството, деполитизација на јавната администрација и во борбата против корупцијата и организираниот криминал. А за тоа се потребни квалитетни и чесни личности во извршната власт, а не шарени шминкери и манекени, партиски мешетари и недоквалификувани кадри и лица од црните листи.

Господине премиере!. Наместо постојано да ширите нереален оптимизам во врска со изнаоѓање на решение за спорот со нашиот јужен сосед како единствен услов за влез во ЕУ, Ви препорачуваме максимално да се посветите на внатрешните проблеми и клучните реформски зафати. Само со подигање на животниот стандард на граѓаните, со еднаквост на сите пред законите и без селективна правда, со администрација како сервис на граѓаните и со дебели казни за сторителите на криминалот и корупцијата, ќе станеме европејци и ќе почуствуваме дека конечно дојде ,,живот”. Во спротивно на добар пат сте да го изодите истиот пат како и Вашиот претходник Груевски.

Граѓаните не се со кратко паметење и знаат да казнуваат. Овој пат на казната за неспособноста да се решат клучните прашања, нема да се чека цели единаесет години. /МИА

Пресметка на банди во Мексико – Пронајдени седум безживотни тела

Во централно мексиканската држава Гванахуато, пронајдени се телата на седум лица, а официјалните претставници сметаат дека станува збор за членови на криминални организации.

Канцеларијата на државниот обвинител соопшти дека три од жртвите убиени се со огнено оружје и оти тие се идентификувани.

Телата на четирите преостанати жртви пронајдени се распарчени во црни пластични вреќи на две локации.

Покрај вреќите пронајдени се и пишани пораки од ривалските банди, пренесува „АП“.

Криминалните групи не се именувани, но се наведува дека се занимаваат со продажба на краден бензин и дрога.

притисни ентер