Донирајте за бездомниците!

Од денес 10. 01. 2017 во Skopje City Mall ќе биде поставен пункт за собирање на донации за лицата бездомници, на кои периодов поради ниските температури им е потребна дополнителна заштита и помош.
Собраните донации на дневна основа ќе се предаваат во прифатниот центар за бездомници на Црвен крст на град Скопје во Момин поток.

Пунктот ќе биде отворен денес од 16:00 и ќе работи до 22:00, а утре и останатите денови ќе функционира од 10:00 до 22:00.

ЛИСТА НА ПОТРЕБНИ РАБОТИ:
 ЧИЗМИ
 ТОПЛА ОБЛЕКА
 ЈАКНИ И КАПУТИ
 ЗИМСКИ ЧОРАПИ
 ЏЕМПЕРИ И БЛУЗИ
 ШАЛОВИ И РАКАВИЦИ

Пунктот е лоциран на инфопултот на Skopje City Mall на самиот влез од страната на ул. М.А.Н.А.П.О. (Карпош 3)

Ниту фановите не и веруваат на Ники дека е во врска со Еминем (ВИДЕО)

Ники Минаж објави дека е воврска со Еминем , иако популарниот рапер уште молчи.

Ники Минаж на својот Инстаграм објави ивидео во кое рапува дека е во врска со Еминем. Откако е објавена нејзината песна ,, Big Bank” , Ники на Инсаграм го спомна Еминем , по што еден од фановите ја праша дали е бво врска со него.

На тоа Ники одговори потврдно , што предизвика бројни реакции не само кај фановите , туку и во музичкиот свет. Повеќето се скептични и сметаат дека станува збор за рекламен трик за промоција на нејзината нова песна , уште повеќе поради тоа што Еминем не се огласил на оваа вест.  

На аукција најстарите вина на светот – цена и до 20 000 евра

На аукција во Франција утре ќе се најдат три шишиња жолто вино ,,Арбоа” од 1774 година.

Тоа се смета за најстаро сочувано вино на светот.  Аукциската куќа ,, Jura Encheres” по шише проценува дека вредат меѓу 15 000 и 20 000 евра. ,,Експертите во 1994 го дегустирале ова вино и му дале оценка 9,4 од можни 10 поени,рече аукционерот Филип Етјеван пред наддавањето што ќе се одржи утре.

Слични вакви шишиња на аукција во 2011 достигнаа 57 000 евра. Виното  “Vin Jaune” во шишиња од 87 центилитри се произведени од винарот Анатол Версел ,а грозјето е собрано од лозјата што му припаѓале на кралот Луј XVI.

Од тогаш виното е чувано во визба во амлото место Арбоа на границата со Швајцарија. На аукцијата во местото Лон ле Суниер , што се наоѓа во близина на визбата, ќе се продаваат вкупно 102 вина од регионот Арбоа , меѓу кои и од поново производство  , од 1811 година.

Стјуард направи забава за паметење (ВИДЕО)

Стјуард им приреди забава на патниците на Рајан Ер на летот од Џенова до Борнмут.

Стјуардот Паоло , откако со колегите им подели освежување на патниците , на неколку минути пред слетувањето заигра на пената на Бритни Спирс ,,Toxic”.Настапот го почна со соблекување на палтото , а потоа продолжи да игра до крајот на песната. Патниците , пријатно изненадени , го снинмаа невообичаениот настап.

,, Забавата ни ја најавија преку микрофон . Не можев да поверувам . Тоа се моменти што не ги гледаш од прва рака , туку само на интернет. На сите им се допадна , на крајот сите аплаудиравме .”изјави една од патничките.

притисни ентер