И денеска многу студено - Маврово го презеде приматот од Берово

Со екстремно ниски температури и отежнат сообраќај почнува новата работна недела.

Најстудено утринава е во Маврово, каде што се измерени -21 степен.

Следат Битола, Тетово и Лазарополе со -20, крушево -19, Дебар и Прилеп со 17 степени под нулата.

Во Берово се измерени -16, а во Скопје -15 степени.

Времето и денеска ќе биде променливо облачно и понатаму многу студено со услови за повремено провејување на слаб снег од вечерните часови.

Со максимална дневна температура до минус четири степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до минус 8.

Во вторник ќе има повремени врнежи од снег и се уште ќе дува северниот ветер, но ќе биде послаб.

Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно време и ќе започне постепен пораст на температурата.

На крајот на работната недела краткотрајно ќе дува јужен ветер и со позначителен пораст на температурата на воздухот од запад ќе започнат нови врнежи кои на југот од земјата ќе бидат од дожд.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

Дејвид Бекам објави снимка како вежба: Не сакам ова да го види жена ми (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без маица и ги воодушеви своите фанови.

48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од своите напорни тренинзи, а неговите стомачни мускули, како и бројните тетоважи на телото ги привлекоа погледите на фановите.

„Ти си како виното, се подобруваш со годините“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија неодамна покажа подарок што го доби од него, а кој целосно ја воодушеви.

притисни ентер