Ресен ќе добие спомен соба на Нијази Бег

Културната понуда на Преспа оваа година се планира да биде збогатена со уште една музејска поставка.
Имено, во надалеку познатиот Сарај во центарот на Ресен се планира да се уреди спомен соба посветена на градителот на Сарајот Нијази Бег, со цел ова место да стане уште попривлечно за туристите.

Според досегашните статистики за посетеноста од страна на туристите во моментов најголемо внимание привлекуваат музејските поставки во Куќата на Татарчеви во Ресен кои даваат приказ на најзначајните личности и настани од македонската револуционерна историја.

Музејот на Татарчеви е посетен и од странски и домашни посетители, а се очекува со проширувањето на културната понуда со уредувањето на спомен собата на Нијази бег, бројот на посетители на Преспа да расте и во иднина.

 

Ѓукановиќ ја положи претседателската заклетва

Во црногорската престолнина Цетиње со положување на заклетвата  избраниот претседател Мило Ѓукановиќ  официјално ја презема должноста.

Ѓукановиќ претседателската заклетва ја даде пред пратениците од Собранието на Црна Гора.

-Се колнам  во својата чест дека должноста претседател  на Црна Гора ќе ја извршувам совесно и одговорно за доброто на сите граѓани, рече  Ѓукановиќ во заклетвата.

Покрај пратениците , на свечената седница присуствуваа и поранешните претседатели на Црна Гора, премиери и претседатели на парламентот, како и највисоките државни функционери и челници на државните институции.  

Абас повторно примен во болница

Претседателот на Палестина 83- годишниот Махмуд Абас е примен во болница, според анонимен официјален претставник, Абас имал температура.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска повторно е примен во болница. Ова е третпат во една недела да биде хоспитализиран.

Абас во вторникот имал операција на увото и по неколку часа бил пуштен дома. Вчера повторно беше на кратко во болница.

Резултатите од анализите, како што јави палестинската новинска агенција, пренесувајќи ја изјавата на директорот на болницата, се добри.

Абас има проблеми со срцето, а пред десет години му е дијагностициран рак на простата. Инаку, тој е страстен пушач.

Дамаск ослободен, екстремистите евакуирани

Група екстремисти од Исламската држава се евакуирани од последната енклава под контрола на бунтовниците во близина на Дамаск, со што оваа територија е вратена под контрола на државата.

Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека автобусите влегле во енклавата по полноќ за да ги превезат борците на ИД и нивните семејства.

Според Ројтерс, автобусите се упатиле во правец на провинцијата Бадија во Сирија, подрачје со мал број на жители , кое се наоѓа источно од престолнината Дамаск.

притисни ентер