Промоција на поетската книга „Духовна архива“ од Лидија Давидовска

Издавачката куќа „Антолог“ вечер во Галеријата на Младинскиот културен центар ќе ја промовира поетската збирка „Духовна архива“ од Лидија Давидовска.
- Уште со својата прва поетска книга „Тенки патеки“ (1986), Давидовска ги навести белезите на својот особен поетски глас. Таа е поетеса кај која светот на доживеаното ферментира долго пред да се изрази како поетска сублимација. Затоа и нејзината втора поетска книга „Нон егзитус“ (2000), се појави 14 години по првата, а еве, цели 16 години подоцна, Давидовска го објавува својот трет поетски ракопис. Насловот на последната книга (Духовна архива) потврдува дека Давидовска го споделува само она што созреало низ годините на соочување со силите на духот и на јазикот, соопшти издавачот.

Промотор ќе биде рецензентот на збирката, писателот Иван Додовски, стихови ќе чита актерката Соња Каранџулоска, а на промоцијата ќе настапи и женската вокална група за православно пеење „Смирна“.

Лидија Давидовска (Скопје, 1958) завршила на групата Англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, во 1985 година на Универзитетот на Монтана, САД, одбранила магистерскиот труд од областа на американската книжевност, а во 2013 година и докторска дисертација насловена „Поетика на иманентност и искуство: Роберт Лоуел, Џејмс Рајт, Ричард Хуго и Џори Греам“.

Од 2006 до 2009 година работела како декан и предавач по група предмети од американистиката на Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје, а од мај 2013 година работи како лектор по англиски јазик на Европскиот универзитет во Скопје и предава англиска и американска книжевност на Универзитетот „Климент Охридски“ во Битола. Се занимава и со литературни преводи на поезија и проза од англиски јазик./МИА



Николовски доби плакета за најуспешен министер за земјоделство

Земјоделското здружение „Современо Земјоделство” на министерот Љупчо Николовски, му додели плакета за  најуспешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од здружението посочија дека оваа плакета е резултат на мерките кои министерот Николовски и Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство ги имаат преземано во изминатава година и половина, за развој на земјоделството. 

Како што соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Николовски  потенцирал дека оваа плакета ќе биде поттик и во иднина МЗШВ уште поинтензивно да работи на политики кои ќе бидат во корист на земјоделците и ќе го поттикнат развојот на агросекторот.

- Само заедно можеме да постигнеме развој во секторот, повисок стандард и подобар живот за земјоделците во Македонија. Резултатот од нашите мерки, на коишто посветено работиме, е видлив. Во првото полугодие од годинава имаме раст на земјоделството и учеството во БДП од над три отсто, пораст на вработеноста во секторот земјоделство, пораст на преработувачката индустрија во земјоделството, порачал министерот Николовски.

Во рамки на манифестацијата за  избор на најуспешни во областа на земјоделството за 2018 година беше организиран и мини саем за земјоделски производи, механизација и трактори, дегустација на традиционална пелагониска храна, вино, пиво, млечни производи, мед и друго/МИА

Двојно се зголеми бројот на жртвите во превртениот ферибот- можно е да достигне до 200 удавени

Најмалку 86 лица се удавија при потонувањето на патнички брод што сообраќал меѓу два сострови на езерото Викторија во Танзанија.

Во моментот на несреќата на бродото имало најмалку 400 лица. Според властите , можно е бројот анз агинати да достигне и 200 . До сега успеале да се спасат околу 100 патници, а 37 се повредени и се во животна опасност .

Бродот се превртел во момент кога преголемиот број патници наеднаш се префрлиле на едната страна на пловилото пред да стигне на одредиштето.

Првично властите на Танзанија соопштија дека во несреќата загинале 42 патника.

Заробени под свлечиште очајно повикуваат на помош со смс пораки (ВИДЕО)

Преживеаните во големото свлечиште на Филипини со телефонски пораки очајно молат за помош под урнатините и земјиштето.

Во свлечиштето загинаа најмалку 20 лица , а десетици се водат за исчезнати. Некои од нив бараат помош , затрупани во калта , соопшти полицијата . Свлечиштата се активирале вчера вчера во две села во провинцијата Цебу.  

Свлечиштата се резултат на големите дождови што ги донесе тајфунот ,,Мангхат”.

Локалните медиуми јавуваат дека над 600 семејства ноќта ја минале во прифатните центи од страв земјата повторно да се активира.

притисни ентер