Дали двојазичноста на Заев го стопи рејтингот на СДСМ

Го чинеа ли Зоран Заев изјавите за двојазичноста во цела држава губење на гласови од македонското гласачко тело? Анкетата на Брима Галуп покажуваа дека Заев и СДСМ имаат двојно помала поддршка од Македонците во однос на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски.

За познавачите отворањето на албанското прашање се покажа како сосема погрешна стратегија и затоа заев го има овој резултат на анкетата.

Последните настапи на лидерот на СДСМ ,според аналитичарите открија дека Заев е свесен дека ќе ги загуби изборите и дека не ја очекува поддршката од македонските гласачи.

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски вели Заев презема ризик со настапите во кои се обидува да ги привлече и албанските гласови, колку тоа ќе му се исплати или пак ќе му наштети одговорот ќе го добиеме на денот на избори.

За проширувањето на рамките на Охридскиот договор, Заев говореше пред албанската дијаспора во Швајцарија.

Поддршка доби и од швајцарскиот пратеник во советот на Европа, Андреас Грос кој смета дека албанскиот јазик треба да стане официјален во Македонија.
Инаку, анкетата на Брима Галуп покажува дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски ја има поддршката од 28,6 отсто од Македонците, а на Заев му веруваат 13,1 отсто. На прашањето за кого би гласале ако утре има избори 35,9 отсто од Македонците би гласале за ВМРО ДПМНЕ, а 21,6 отсто за СДСМ.


ЕУ: Ќе обучиме двојно повеќе украински војници од првобитниот план

Во пресрет на самитот ЕУ-Украина, што се одржува денеска, украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на конкретна перспектива за влез на неговата земја во ЕУ.

„Верувам дека Украина заслужува да започне преговори за членство во ЕУ веќе оваа година“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање. Тој нагласи дека понатамошната интеграција во Европската унија ќе им даде на Украинците „енергија и мотив да се борат и покрај сите пречки и закани“.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел се сретнаа со Зеленски во Киев. Украина веќе има статус на земја-кандидат од јуни, но процесот на пристапување до полноправно членство обично трае многу години.

Фон дер Лајен вчера објави нов пакет помош за Украина во вредност од 450 милиони евра и други мерки за поддршка по состанокот на неколку комесари со членовите на украинската влада во Киев. Од новата финансиска помош, 145 милиони евра се наменети за хуманитарна помош, а 305 милиони евра за санација на оштетената инфраструктура.

Соопштението е последно во серијата ветувања за помош дадени за време на посетата на Фон дер Лајен и 15 други претставници на Комисијата. Зборувајќи претходно заедно со украинскиот претседател, претседателката на Комисијата рече дека ЕУ ќе ѝ обезбеди на Украина 150 милиони евра за енергетска опрема, како и 35 милиони енергетски ефикасни светилки и 2.400 генератори по повторените руски напади врз енергетската инфраструктура.

ЕУ ги објави плановите за обука на вкупно 30.000 украински војници, што ја удвојува претходната цел на мисијата за воена обука на ЕУ од 15.000. Брисел најави дека ќе иѝ обезбеди на Украина 25 милиони евра за помош во финансирањето на операциите за деминирање.

Полициски единици веќе се во и околу црквата Свети Спас и го обезбедуваат гробот на Гоце Делчев

Полициски единици веќе се во и околу црквата Свети Спас и го обезбедува гробот на Гоце Делчев.

Влез во дворот на црквата не им беше дозволен ниту на новинарските екипи. Сите пријавини делагации утре ќе можат достоинствено да положат цвеќе на гробот на македонскиот великан Гоце Делчев, а државата гарантира дека тоа ќе помине во најдобар ред, потврдија денес од Владата....

На скопското Кале во близината на Свети Спас е Јана Јосифовска, ја има во живо...

Јана дали повторно е спречено движењето во тој регион и каква е атмосферата од терен?

Меконахи: Пророк ми рече да ја прифатам улогата во овој филм или ќе зажалам (ВИДЕО)

Актерот Метју Меконахи раскажа што го поттикнало да ја прифати улогата во филмот „Како да изгубите момче за 10 дена“.

Во интервју за Vanity Fair, тој рече дека благодарение на еден јасновидец ја прифатил улогата во филмот од 2003 година.

„Се сеќавам дека една вечер одев по булеварот Сансет и размислував дали треба да го направам тоа или не. Одеднаш, овој човек доаѓа од никаде, тој е гуру кој кажува гатачки зборови и ми вели: „Можам ли да ти ја кажам вистинската среќа?“, се присетил актерот.

„Веднаш ми рече: „Размислуваш за филм во моментов. Тоа е романтична комедија. Мора да ја преземеш улогата или ќе биде едно од најголемите жалење во твојот живот. Ќе биде фантастично, неверојатно искуство и ќе заработите еден тон пари“, раскажал Метју што му рекол гледачот.

Актерот веднаш помислил дека студиото ангажирало човек да му го каже тоа, а потоа посериозно размислувал за улогата. „Мислам дека дури и ја прифатив понудата следниот ден“, изјави Метју.

Главната улога, покрај Меконахи, требаше да ја игра Гвинет Палтроу, но откако таа идеја беше отфрлена, улогата ѝ припадна на Кејт Хадсон. Таа предложила Метју да ја добие улогата.

"Баравме момци и постојано размислувавме кој ќе биде вистинскиот човек. Дечкото ми беше многу важен. Метју се појави на состанокот и мислев дека тоа е одлична идеја. Ја сакав неговата енергија. “, рече Хадсон.

притисни ентер