ВМРО ДПМНЕ на конвенција ги претстави кандидатите за пратеници

Со мотото за Македонија која оди напред ВМРО ДПМНЕ како предводник на коалицијата За Подобра Македонија ги претстави 123-те кандидати за пратеници на претстојните предвремени парламентарни избори на единаесетти декември.
Лидерот на партијата и носител на изборната листа во четвртата изборна единица Никола Груевски рече оти ова се многу важни избори и ги повика граѓаните и народот да тргнат во конечна пресметка со Социјалдемократите и нивниот лидер Заев и да освојат шеесет и три пратеници за стабилно собрание и стабилна влада. Секој од вас рече Груевски на единаесетти декември нека размисли кому ќе го даде гласот дали за опцијата која отвора нови работни места и ги подобрува економските перформанси на земјата или за опцијата која се служи со сјо и со полициско -криминални сплеткарења.

На презентацијата, Груевски претстави четири нови проекти од најобемната досега политичка програма која била видена во македонија, како што вели. Дел од проектите се однесуваат на подрачјата што ги покрива четвртата изборна единица. Од намалување на дедевето од 18 на пет проценти за ветеринарските услуги и лекови и за спортските натпревари, преку триесет милиони евра инвестиции за осовременување на железничкиот парк, до шеесет милиони евра за регионални и експресни патишта во четвртата изборна единица.

На сигурна победа на претстојните избори ќе одат во своите настапи останатите носители на избирачките листи во шесте изборни единици. Никола Поповски во единицата, Никола Тодоров во двојката, Илија Димовски во тројката, Антонио Милошоски во петтата, Владимир Ѓорчев во шестата и Рамазан Мустафовски во седумката како предводник на листата за пратеници од дијаспората.

Конвенцијата на која присустваа членови и симпатизери на партијата почна со интонирање на националната и партиската химна а заврши со говорот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски кој ќе ја предводи изборната листа на коалицијата За Подобра Македонија во четворката.


Ветеринарната комора апелира да се искористат бенефициите за бесплатно чипирање на домашните миленици

Сопствениците на домашни миленици да ја искористат можноста за бесплатно микрочипирање на своите миленици.

Ветеринарната комора на Република Македонија, на истекот на кампањата за масовна идентификација и регистрација на домашните миленици (чипирање), која завршува на 31.12.2019 година, апелира до сопствениците на домашни миленици да ја искористат можноста за бесплатно микрочипирање на своите миленици.

После истекот на овој период, како што велат од Ветеринарната комора, микрочипирањето и регистрацијата ќе се наплаќа по редовна цена, а Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и другите инспекциски служби ќе вршат зајакната контрола и ќе ги санкционираат сопствениците кои не го идентификувале својот домашен миленик.

До овој момент во информативниот систем на АХВ се регистрирани 72.155 домашни миленици од кои 69.234 кучиња и 2.921 мачки.

Ветеринарната комора, преку своите членови и понатаму ќе се вклучува во сите активности, кои имаат за цел јакнење на одговорното сопствеништво, како еден од најважните предуслови за решавање на долгогодишните проблеми со бездомните животни. /МИА

Во поплавите во Уганда загинале 16 лица

Најмалку 16 лица загинале во поплавите во африканската држава Уганда.

Портпаролката на Црвениот крст на Уганда Ирене Накаиста изјавила дека обилните дождови предизвикале голема природна катастрофа на истокот од таа африканска земја.

Локалните власти соопштуваат дека повеќе од 10.000 мештани се евакуирани од најзагрозените региони и привремено се здружени по училишта и цркви.

Владата на Уганда издвоила 5,4 милиони долари за помош на загрозените од овие поплави.

Мачеле и убиле куче а потоа го оставиле врзано за ограда од мост

Откако го мачеле и убиле го оставиле врзано за ограда од мост во населбата Мала Губа во Србија.

Имено, како што се гледа на фотографијата, несреќното животно е мачено и врзано а покрај него се наоѓа и локва со крв.

Билјана Вуќелиќ од Прокупље, која е застапник на животните е згрозена од овој чин.

-Страшно е што овој крај станува мачилиште за животни и ова ги преминува сите граници на нормално однесување, вели таа.

Едно здружение за заштита на животните од Србија понудило и 1.000 евра за оној кој ќе даде информација за сторителите на ова злодело.

притисни ентер