Заев: На кандидатските листи се наоѓаат победници

Социјадемократскиот сојуз на Македонија ги скрои кандидатските листи, носители познати.
Лидерот Зоран Заев ќе ја бара довербата во Изборната единица 4, заменик претседателката Радмила Шекеринска ја предводи листата во Петката, портпарлот Петре Шилегов ќе „брка“ победа во Шестата изборна единица, генералниот секретар Оливер Спасовски е носител на листата во Втората Изборна единица, а претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски ја предводи листа во првата Изборна единица.

Заев вели кандидатските листи се победници, а делегатите кои гласаа за нив донеле историска одлука.

Носителите на кандидатските листи за пратеници велат доколку ја освојат власта ќе се залагаа за задржување на младите во земјата, намалување на разликата меѓу сиромашните и богатите, фер даноци и економски напредок.

На листите на СДСМ место се најде на деветмина активисти  на Шарената револуција меѓу кои и Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ, Ирена Стефковска и други. На сметка на тоа, 13-мина од последната пратеничка група на СДСМ изостанаа од листите меѓу нив и координаторот Горан Сугаревски, Софија Куновска, Марјанчо Николов. Ова се посочува и како причина за жестоките дебати на состанокот на Централниот одбор и напуштањето на конгресот на дел од делегатите.

Прашан зошто не е на листата Сугаревски вели концептот на Заев е добар, но зошто тој не е на листата одговор треба да се бара од партија.  Куновска, пак, си поднесе оставка од позицијата претседател на градската организација на СДСМ, како што се тврди, токму поради кандидирањето на претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска.

„Би сакала кратко да изјавам дека оставката освен што е личен и морален чин, образложението го дадов на централниот одбор и мислам дека тоа прашање треба да остане внатрепартиско, и немам дополнитечен коментар“, изјави денеска Софија Куновска која си поднела оставка на функцијата престедателка на општинската организација од Скопје.

Сепак, кандидатските листи добија поддршка од 597 делегати, еден бил против, а 24 воздржани.  Низа реакции предизвикаа имињата на кандидатските листи на СДСМ – особено се реагира на поставување на Поповска, а за дел од јавноста и поддржувачи на опозициската политика неприфатливо е и кандидирањето на универзитетскиот професор Ферид Мухиќ. Од Студентскиот пленум пак реагираа на пишувањата дека Ивана Туфегџиќ е на листата на нивни предлог. Од Пленумот велат тие немаат претставник на претстојните избори и се оградуваат од јавните и лични ставови на Туфегџиќ која е деветта на листа на СДСМ за првата изборна единица. 




Ердоган на прагот на сигурна победа

На речиси една петина од изброените гласови , Реџеп Таип Ердоган има освоени скоро 60 проценти.

Според првичните резултати од изборите , кои се одржаа во Турција , актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган засега убедливо води со 59,99 проценти од гласовите на една петина од преброените ливчиња.

Неговиот главен противкандидат , Мухарем Инче освоил 25,8 проценти .Гласачките кутии беа затворени во 17 часот по локално време и се очекува вечерва да бидат познати резултатите од предвремените претседателски и парламентарни избори .

Аналитичарите предвидуваат победа на Ердоган со околу 45 до 55 проценти од гласовите.

Се удави Полски наутичар во Јадранското Море

Хрватските поморски власти попладнево го најдоа телото на полскиот наутичар , исчезнат во близина на Риека.

Во 7 часот утрово било пријавено дека е исчезнат Полски наутичар од едрилицата ,,Левант “ , на која имало уште десетмина туристи од Полска. По интензивна потрага телото на 67 годишниот наутичар било најдено во близина на островот Угљен . Го здогледал рибар од чамец и пријавил во спасувачката служба.

Членовите на едрилицата биле задржани во полицијата во Ријека на распит.

Истрагата ќе покаже како и зошто телото на искусниот наутичар се нашло во море.

Макрон од мини самитот на ЕУ : Не примаме лекции од други

Во Брисел се одржува мини самитот  на ЕУ , на кој лидерите на 18 земји членки решаваат за мигрантската криза.

Пред почетокот на самитот францускиот претседател Емануел макрон изјави ека не прима лекции од други земји , алудирајќи на изјавите на државниот врв на Италија , каде и новиот премиер Конте и неговиот заменик Ди Мајо го нарекоа ,,човек без допирни точки со реалноста”.

,, Ние никогаш не забораваме кои се нашите вредности. Тоа во овој момент е неприфатливо .” изјави Макрон пред почетокот на мини самитот. Проблемот настана откако голем број земји членки на ЕУ одбија да ја споделат одговорноста за мигрантите за да им помогнат на земјите кои се најмногу погодени , како Грција и Италија.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте кусо изјави дека ќе го претстави својот план за решавање на проблемот. Канцеларката Меркел се надева дека лидерите ќе се договорат како меѓусебно да си помагаат без да треба за тоа одлука од сите 28 членки на ЕУ.

Таа рече дека не очекува денеска да се постигне целосен договор , со оглед на фактот дека истата тема ќе биде во фокусот на формалната средба на сите лидери на земјите членки на ЕУ на 28 и 29 јуни.

притисни ентер