Паника во Кочани - Николчо излегол од затвор и повторно ги убива кучињата! (обновено)

Потресни слики по кочанските улици. Измачувани и насилно убиени кучиња ги шокираат кочанчани. Веста дека меѓу нив се вратил, откако ја отслужил затворската казна, како што го нарекуваат кочанскиот Џек Трбосек за животни, извесен Николчо, ги испаничи сопствениците на кучиња во Кочани. Не ретко граганите биле сведоци на вакви шокантни сцени...

-  Посебен случај е на улицата Скопска, од познатиот кочански монструм Николчо, кој беше во затвор, а пред неколку месеци е излезен, и ги повторува грозоморните дела со кучињата. Ги врзува, ги малтретира, ги тепа и којзнае што уште не им прави каде што ги води по темните подруми во зградите и на други локации. Го имаме пријавувано во полиција, до сега не е ништо преземено, јас на два-три пати му имам одземено и ослободено куче врзано со жици за вратот, изјави Златко Костов, активист за заштита на животните од Кочани.

.Зачестени се поплаките на сопствениците на кучиња за исчезнување на нивните миленици. Се сомневаат  дека веќе никогаш нема да ги видат. Активистите за заштита на животните бараат почитување на законските одредби за да се спречат потешки последици во кои можат да страдаат и луѓе. Во меѓувреме, општинските власти на соседното, Карбинци со оригинална идеја како да го решат проблемот со кучињата скитници. Повеќе од половина година, секое заловено куче бездомник, претходно прегледано од ветеринар, тие го подаруваат на овчарите од подплачковичките села...

- Од едни практични причини, од едни хумани причини, и пред се гонети од желбата да ги згрижими овие животни, ние дојдовме на идеа истите да ги подаруваме на овчарите од подплачковичките села, каде живее претежно турско малцинство. Идејата се покажа како доста ефектна, бидејки овие подарени до вчера, така кажано, бездомни кучиња, според сточарите сега се најдобрите кучиња чувари на овците, говедата, кравите, изјави градоначалникот на Општина Карбинци Зоран Минов.

Ако во Кочани сметаат дека ефектот од мерката заловување и обележување на бездомните кучиња од ветеринарни служби, е делумно ефикасен, карбинчани задоволни од реализацијата на идејата, кучињата скитници да се подаруваат на оние, на кои им ке им бидат од полза, а не само како друштво за забава ...   


САД: Се преврти брод, има жртви

Најмалку 11 луѓе денеска го изгубија животот кога брод со 31 лице се преврти и потона во езерото недалеку од градот Бренсон, во американската држава Мисури.

До превртувањето дошло поради силната бура, а на бродот имало и деца, изјавила официјалните лица, а пренела агенцијата „Ројтерс“.

Седум лица се згрижени во болница после несреќата на вештачкото езеро Тејбл рок.

Нуркачите и понатаму трагаат за можни жртви.

Приведени 12 странски државјанки во локал во Желино

При контрола во угостителски објект лоциран на регионалниот пат Тетово - Скопје, во село Желино ноќеска полицијата привела 12 странски државјанки.

Како што е наведено во полицискиот билтен, ноќеска во периодот од 23:00 до 02:30 часот полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во Угостителски објект лоциран на регионалниот пат Тетово - Скопје, поточно во село Желино, сопственост на З.С. од село Желино.

Во објектот биле затекнати 12 лица-странски државјанки, од кои 11 лица од Албанија и едно од Косово кои биле приведени во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка. /МИА

ИК на ВМРО-ДПМНЕ бара техничка влада по пржинскиот модел пред секои избори

Реализирање на веќе договорените концепти за финансирање на партиите и формирање техничка влада по пржинскиот модел пред секои избори се ставовите на кои останува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Ова беше потврдено на синоќешниот состанок на Извршен комитет на партијата, на кој се анализираше актуелната политичка ситуација и прашањата што се дел од меѓупартиските разговори со власта на претседателско ниво.

„Само на овој начин избирачите ќе имаат гаранција дека власта нема да го злоупотреби нивниот глас, односно дека опозицијата ќе има можност соодветно да дејствува при сите обиди за можен фалсификат и нема да се дозволи повторување на локалните избори. Обидите на Зоран Заев да ја манипулира јавноста со измислени образложенија дека некој бара амнестија за некаков криминал беа оценети како несериозни“, се вели во соопштението на партијата.

Во врска со формулацијата на референдумското прашање ИК на ВМРО-ДПМНЕ смета дека за да се согледа јасно волјата на граѓаните мора да се почитува законот што предвидува недвосмислени прашања.

ИК му даде целосна и недвосмислена поддршка на партискиот лидер Христијан Мицкоски да ги застапува ставовите на партијата во натамошниот тек на лидерската средба.

„Македонските граѓани заслужуваат власт која вистински ќе се води по европските принципи за почитување на Уставот и законите, особено за важни прашања поврзани со носење на одлуки за иднината на државата како што се македонските интеграции во Европската унија и НАТО“, се наведува во соопштението. /МИА

притисни ентер