Одбиени барањата за азил на турските војници – остро ја критикуваат грчката служба

„Одлуката е донесена врз основа на билатералните политички пракси, не сакаме да бидеме алатка во надворешната политика, не сме терористи, имавме притисоци од службата да го смениме нашиот адвокат“ – ова се дел од ставовите на турските војници кои побараа азил во Грција, а за 7 од 8 веќе е издаден негативен одговор. Во заедничко писмено соопштение, што го објавува грчката новинска агенција, тие упатуваат критики до грчката служба за азил која ги одби нивните барања. Велат дека во носењето на одлуката, службата се водела од билатералните односи, а не од меѓународното право.
„Дојдовме во Грција за да ги спасиме нашите животи  и не сакаме да станеме алатка за надворешна политика и билатерални договори. Ниту во нашата земја не сме именувани како терористи, а и покрај тоа една грчка државна служба не смета за терористи и не исклучува од меѓународно заштита.“ – велат војниците во заедничката изјава и обвинуваат дека биле под притисок од вработени во службата за азил да го променат адвокатот.

„Доколку барателите на азил имаат докази за она што го тврдат за службата, тогаш ги молиме да ги достават. Во однос на содржината на одлуката, имаат право да поднесат жалба.“ – коментира за грчката новинска агенција директорката на службата за азил, Мариа Ставропулу.

Адвокатката на турските војници, вели дека за одбиените барања за азил ќе бидат поднесени жалби.

Осумте турски државјани, само неколку часа по неуспешниот обид за пуч во Турција, со воен хеликоптер слетаа во грчкиот град Александруполи со цел да побараат азил. 

Пенс: Судбината на Либија е суровата реалност која го чека Пјонгјанг

Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја предупреди Северна Кореја дека би можела да ја искуси судбината на Либија, доколку не биде постигнат договор за севернокорејската нуклеарна програма.

„Овие денови имаше многу разговори за кризата во Либија. Во тој контекст, како што и американскиот претседател Доналд Трамп јасно изјави, Северна Кореја би можела да заврши исто како Либија, доколку Ким Јонг Ун не се согласи на договор“ – изјави Пенс во интервју за „Фокс њуз“.

На прашањето дали е тоа закана кон севернокорејскиот режим, Пенс изјавил дека тоа е и “многу повеќе од суровата реалност која го очекува Пјонгјанг“.

Советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џон Болтон минатата недела изјави дека Вашингтон не сака да го повтори сценариото од Либија, кога поранешниот американски претседател Џорџ Буш потпиша договор за нуклеарната програма на Либија во 2003 година, а подоцна со интервенција беше срушен режимот на Муамер Гадафи.

Актуелниот претседател на САД, Трамп изјави дека не сака либискиот модел да го примени во Северна Кореја, но дека за тоа би можело да се расправа доколку не биде постигнат договор.

Властите на Северна Кореја негодувале после изјавите на Болтон и Трамп, а последните изјави на Пенс би можеле додатно да предизвикаат реакции од Пјонгјанг.

Трамп би требало на 12 јуни да се состане со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во Сенегал.

Се продлабочуваат недоразбирањата меѓу Техеран и Вашингтон

Иранскиот претседател Хасан Рохани  потврди дека Техеран не прифаќа соединетите американски држави да носат одлуки за него.

Неговата реакција следи  откако американскиот државен секретар Мајк Помпео постави услови до Иран и објави построги санкции врз таа земја. „светот денес не прифаќа сад да решаваат за него.

Земјите имаат своја независност“, рече Рохани, прашувајќи: „кои сте вие да решавате за Иран и за светот?“.

Помпео претходно информира  дека Вашингтон ќе воведе најстроги санкции во историјата и оти тие ќе стануваат се потешки се додека иранскиот режим не го „смени курсот“. Пред две недели американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон се повлекува од нуклеарната спогодба со Иран.

Во Марсеј вооружена група пукала на минувачи

Неколку маскирани напаѓачи  синоќа започнале да пукаат  со „калашников“ во Марсеј, на југот од Франција. Засега со сигурност се знае дека  едно лице е повредено.

Напаѓачите отвориле оган од три возила врз група млади луѓе што се наоѓале во близина на култниот центар „Лабусеран“, јавија локалните медиуми.

Дошло и до размена на оган со припадниците на полицијата, која го блокирала тој дел од градот.

Нема информации за уапсени, а на местото на пукањето се наоѓаат пожарникари и екипи на брзата помош.

Се верува дека нападот не бил од терористички карактер.

притисни ентер