Нов земјотрес во Скопско со јачина од 5.1 степени според Рихтер

Во 15,10 часот скопјани почувствуваа уште еден земјотрес.
Според неофицијални информации интензитетот на овој земјотрес бил со јачина од 5.1 степени според Рихтер.

Според сведочењата на граѓаните на Скопје овој земјотрес бил посилен од земјотресот кој утрово во 7 часот ги вознемири жителите на главниот град.

Земјотресот е почувствуван и во Србија и Косово.

Хаос по торнадо во Далас

Торнадо синоќа го погоди северен Далас и остави повеќе од 100.000 домаќинства и компании без електрична енергија.

Неповолните временски услови доведоа и до откажување на летовите на аеродромите во регионот.

Невремето предизвика материјална штета во Далас. Нема информации за загинати или повредени.

Во делови од населбите во Далас, полицајци и пожарникари проверуваат по домовите во каква состојба се жителите.

Игор Јанушев: На 12 април ВМРО-ДПМНЕ ќе отпочне со обнова на Македонија

Зоран Заев паѓа. По оставката на Зоран Заев на 3 јануари никогаш повеќе нема да дозволиме да ни се случи ваков арамулук, криминал, корупција и неправда на државата, на македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија.

Зоран Заев заминува во историјата, а со него заминуваат и сите криминоген навики на Заеви, на Шеќеринска, Анѓушев, Спасовски, Кирацовски, Ременски и останатите.

Зоран Заев е човек кој ја опљачка Република Македонија, кој безмилосно ги лажеше граѓаните. Никој повеќе не му верува и затоа тоне дури и на сопствените анкети што ги прави. Во очите на Зоран Заев му се гледа дека е дојден крајот на неговата неславна политичка кариера, му се гледа ставот и очајот во кој тоне.

Преку своите лаги успеа на момент да ги придобие симпатиите на јавноста, но тоа е веќе далечно минато.

Зоран Заев е најнепопуларниот политичар меѓу граѓаните. Сега веќе нема со што повеќе да ве лаже.

На 12 април ВМРО-ДПМНЕ  и Коалицијата заедно со граѓаните ќе го зададат последниот удар на криминално рекетарската банда на власт на Зоран Заев и веднаш потоа ќе отпочне со Обнова на Македонија.

Не чека сите заедно многу работа и многу посветеност, за да ја реализираме визијата од програмата Обнова за Македонија, за да си ја вратиме државата на вистински колосек и да го постигнеме сето она што е изгубено изминатиот период додека СДСМ е на власт.

Имаме тим од стручни, чесни и посветени луѓе, имаме визија, програма и план. План за обнова на Македонија и веруваме дека сите заедно ќе го реализираме сето тоа.

Република Македонија ќе ја направиме економски силна држава, правната држава мора да завладее и секој кој што се огрешил пред законот и направил криминал да одговара за истиот.

Не смее криминалот да помине неказнето или да владеат двојните аршини. Остануваме посветени на ЕУ интеграциите, бидејќи тоа е единствениот пат на Република Македонија.

Можеме и мораме да ставиме крај на криминалот, корупцијата, скандалите, аферите и се останато што е против европските вредности за кои се залагаме. Граѓаните на Република Македонија не го заслужија ова зло што СДСМ им го нанесе.

Крајот на Заев и СДСМ има датум, тоа се 3 јануари и 12 април. Граѓаните не се плашат и граѓаните заедно со ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе ги отпишат Зоран Заев и СДСМ од политичкиот живот.

Прес-конференција на Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Изборите ќе го пролонгираат планираниот Попис на населението

Терминот април е воопшто непогоден за спроведување на пописот со оглед на тоа што веќе се закажани изборите и истиот ќе треба да се пролонгира. 

 Одлуката за одржување на предвремени Парламентарни избори на 12 април 2020 година го доведува во прашање терминот за одржување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република  Македонија планиран да биде спроведен во периодот , изјави денеска на прес-конференција директорот на Државниот завод за статситика Апостол Симовски.

– Терминот април е воопшто непогоден за спроведување на пописот со оглед на тоа што веќе се закажани изборите и истиот ќе треба да се пролонгира. Можноста да се спроведе попис пред изборите, исто така,  технички невозможна, бидејќи пописот е исклучително голема операција и самата организација е невозможно да се спроведе пред април месец, изјави Симовски.

Нагласи дека планираниот термин за спроведување на пописот од 1 до 21 април 2020 година се уште не е утврден бидејќи Законот за попис се уште не е донесен, како и дека е непогодно во исто време да се спроведува вака сложена статистилка операција и да се спроведуваат избори во државата.

– Кога и како евентуално би се спровел пописот не можеме да одговориме во овој момент, бидејќи тоа е одлука на парламентот. Тој треба да го донесе Законот за попис, а претходно и одлука на Владата бидејќи предлагач е Министерството за правда. За овој термин ќе дозволите да се направат консултации со овие две институции кои се одговорни за носење на овој закон, изјави Симовски. 

притисни ентер