Ќе се вештачат остатоците од паднатиот авион

Продолжува истрагата за паднатиот авион во скопско Кожле.

Продолжува истрагата за паднатиот авион во скопско Кожле. На терен се истражители од Косово, чии државјани загинаа во авионската несреќа пред два дена. Деловите на урнатиот авион ќе бидат пренесени на локација обезбедена од основното јавно обвинителство Скопје, каде стручни лица ќе извршат неопходно вештачење. Поради обемноста на материјалот и потребите на истрагата подигањето и пренесувањето на материјалот ќе продолжи и утре- соопштуваат од Јавното обвинителство. Во институтот за судска медицина се пренесени телата на шестмината загинати во авионската несреќа. По наредба на јавен обвинител ќе биде спроведена постапка на нивна идентификација преку ДНК анализа.

Претседателот на Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи Сотир Костов е на терен со истражителите од Косово. Местото е целосно обезбедено, во истрагата ќе помогнат и сликите што вчера беа направени со дрон.

Несреќата се случи во вторникот кога авионот побарал да слета на аеродромот „Александар Велики“ за да дополни гориво, по повикот се губи неговиот сигнал во близина кај Кожле каде се случи и несреќата. Авионот марка „Пајпер“ летал од Тревизо во Италија до Приштина . Во него загинаа шестмина, четворица Италијанци и двајца косовски државјани со италијански пасоши. Во Скопје под распит беа нивни двајца пилоти кои успешно слетале на аеродромот „Александар Велики“.


Одбива да плати казна за сообраќаен прекршок, зашто била напишана на македонски јазик (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци се обидуваат да излезат на крај со човек кој одбива да зборува македонски и постојано инсистира комуникацијата да се одвива на албански јазик, објави ТВ Стар.

„Тој не сака да ја прими казната за направен сообраќаен прекршок, затоа што таа била напишана само на македонски јазик.

Според објавите на Икс, најверојатно станува збор за активист на политичка партија,кој со својот мобилен телефон ја снима целата ситуација.

– Ти си македонски државјанин, мора да знаеш македонски јазик, не си странски државјанин – на културен начин и со смирен тон му вели еден од полицајците и му ја подава казната.

Најголем дел од корисниците на социјалните мрежи упатуваат поддршка до полицајците, кои, според нив, професионално си ја завршиле својата работа“, објави телевизијата.

Скокнал од опасна карпа во море, но згрешил во проценката (Вознемирувачко видео)

На социјалните мрежи кружи застрашувачка снимка од несреќата во Тенерифе кога е повреден 40-годишен турист, најверојатно Британец.

Решил да скокне од високите карпи во море, но погрешно проценил и се забил во острите карпи. По ударот паднал во вода.

По несреќата, очевидци скокнале во водата за да му помогнат на човекот, а спасувачите биле повикани на местото на настанот.

Инцидентот се случил во понеделникот, околу 14 часот, во близина на пештерата Чарко Ел Танкон на северот на Тенерифе.

На ова место животот го загубија неколку туристи, а пристапот инаку е забранет, пренесува Експрес.

Како што е познато, лекарите констатирале сериозни повреди на долните екстремитети, а моменталната состојба на мажот не е позната.

Костадиновска-Стојчевска од Струга: СДСМ за 52% ги покачи платите во културата

,,Останувањето на европскиот пат, значи дека и сегашните генерации ќе ги почувствуваат придобивките. “

,,Останувањето на европскиот пат, значи дека и сегашните генерации ќе ги почувствуваат придобивките. Континуирано ги зголемуваме минималната и просечната плата, Владата предводена од СДСМ беше посветена на тоа без оглед на ефектот од ковид кризата и економската криза, и ќе продолжиме со уште позасилено темпо со секој чекор на приближување до ЕУ”, порача потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коносителка на листата во изборна единица 5, Бисера Костадиновска Стојчевска на трибината во Струга.

Таа додаде дека ќе се зголемат и можностите за подобра грижа за нашите пензонери, за нашите мајки и татковци, баби и дедовци, тие кои го вложиле својот труд и ја граделе нашата земја.

,,Во досегашниот мандат за 30%ја зголемивме просечната пензија, а за 50% минималната. И се обврзуваме до 2028 година просечната пензија да достигне 30 илјади денари. Затоа ни помладите, ни повозрасните не смеат да потпаднат под манипулациите, под илузиите дека има вакви или такви алтернативи на членството во ЕУ.

Костадиновска-Стојчевска пред стружани укажа дека во овие клучни моменти ,,пред нас повторно стои важната задача да останеме на европскиот колосек и да не дозволиме да се врати изолацијата, неизвесноста, пропуштените шанси за развој и мирен соживот”.

Потпретседателката на СДСМ потенцираше дека сега е најважно ,,да не се погреши кај главното, да не се изгуби едиствениот пат кој гарантира подобар стандард за секој граѓанин, посредено општество, подобри услови за младите да останат дома и тука да се развиваат и себеси и својата татковината”.

,,Дури и на тие што свесно го отежнуваат напредокот кон ЕУ, јасно им е дека само членството во Унијата е начинот на кој нашите луѓе вистински ќе почувствуваат придобивки кон подобро во секој поглед, и економски, и во образованието, и во туризмот и во функционирањето на институциите на системот”, додаде таа.

Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека граѓаните се доволно свесни за ризиците кои ги носат политичари што не покажаа чувство за државата ниту во најкризните моменти во изминатиот период.

,,Точно е, има алтернативи, но секоја од нив значи неизвесност, уназадување на демократијата, нула шанси за развој. И затоа, сигурна сум дека граѓаните ќе покажат висока свест на овие избори и ќе знаат да препознаат што е конкретна понуда, кој настапува со јасни и зацртани цели за подобар живот за сите граѓани, а кој сее ветер и магла и сака да ги превесла граѓаните со лажни приказни, рече потпретседателката на СДСМ и коносителка во изборна единица 5, Костадиновска-Стојчевска.

Таа изрази сигурност дека граѓаните ќе го направат вистинскиот избор на парламентарните избори и дека ќе се гордеат со нашиот претседател Стево Пендаровски, на кого повторно ќе му ја дадат довербата, затоа како што кажа Костадиновска-Стојчевска ,,Стево е пример за претседател од народот и за народот, човек со свој глас и став, политичар кој мисли на сите граѓани и подеднакво ги почитува без оглед на политичките и други разлики, човек со државничка свест, кој ги дели европските вредности на СДСМ и ќе ѝ пружи значителна поддршка на новата влада на патот кон Европската Унија”.

,,Нашиот Стево нема вистинска конкуренција на овие овие избори и затоа нашиот Стево Пендаровски треба да биде претседател”, нагласи потпретседателката на СДСМ Костадиновска-Стојчевска на денешната трибина во Струга, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер