Кичевец нападнат и ограбен додека го возел своето порше во Скопје

Две непознати лица вчера изутрина во Скопје извршиле разбојништво над С.К. (42) од Кичево и при тоа му одзеле пари, мобилни телефони и други лични предмети.

Како што соопшти МВР, настанот се случил во 06.40 часот на бул.„Мајка Тереза“ кога на четириест и две годишниот кичевец во возило „порше каен“ со белгиски национални ознаки, сторителите му се доближиле до возилото и го замолиле да ги однесе до бул.„Мајка Тереза“.

- Откако се согласил, лицата влегле во возилото и кога стигнале во близина на училиштето лицето кое седело позади го фатило за рацете, а совозачот почнал да го удира со тупаници во пределот на лицето нанесувајќи му видливи повреди на главата, носот и окото. Сторителите притоа му одзеле една чанта во која имало околу 40.000 денари, неколку мобилни телефони и други лични предмети. Откако го сториле делото заминале во непознат правец, стои во соопштението.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Царовска: Прашањето со царинските давачки за странските инвеститори ќе биде надминато

 Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска денеска изјави дека во следниот период кога ќе се создадат законски услови, ќе биде надминато прашањето со царинските стапки за странските инвеститори.

Одговарајќи на новинарско прашање, Царовска рече дека се водат разговори со Стопанската комора и оти во овој период нема законски можности да им се излезе во пресрет на барањата на инвеститорите.

– Ова прашање директно ќе го поставите до Министерството за економија. Министерството има разговори со Стопанската комора и сметам дека по завршување на овој период во кој законски има пречки да се остварат тие права, тоа ќе се оствари затоа што е важно и треба да има одреден континуитет. Сметам дека ќе се излезе во пресрет во следниот период кога ќе се создадат законски услови и ова прашање ќе биде надминато, рече Царовска при денешната посета на трансформаторската станица Скопје 4.

Кон крајот на декември, Владата ги намали увозните давачки за одредени компоненти што ги користат странските инвеститори во технолошко-индустриските развојни зони, а од 1 јули овие давачки се вратија по старо.

Ветровито и врнежливо денеска, од утре сончево и пораст на температурите

УХМР за денеска најави променливо облачно време со локален пороен дожд, грмежи и ветер. Максималната температура денеска ќе се движи во интервал од 24 до 32 степена.

Силниот северен ветер кој дува претпладнево, особено вдолж Повардарието и краткотрајно достигнува брзина над 90 километри на час, услови осетно намалување на дневната температура, особено на северот, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд на квадратен метар наврнал во Тополчани (17 литри), во Крива Паланка 10, девет литри во Крушево, осум во Демир Капија, пет литри во Претор, четири во Битола, три во Берово и два во Дебар.

УХМР за денеска најави променливо облачно време со локален пороен дожд, грмежи и ветер. Максималната температура денеска ќе се движи во интервал од 24 до 32 степена.

Според прогнозата на УХМР, од утре ќе следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра. За време на викендот, пак, локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд.

Прекинат синџир за криумчарење мигранти во Турција

Турските власти спречиле обид за криумчарење на 276 мигранти во европа на брод и притвориле осум осомничени криумчари, јавува турската агенција „Анадолија“.

Полицијата и крајбрежната стража операцијата ја извеле по дојава, откако бродот пристигнал во Нарлидере, во близина на Измир, пренесе „Анадолија“.

На бродот имало 276 миогранти, вклучувајќи 46 жени и 59 деца од Авганистан, Бангладеш, Сирија, Сомалија и Иран.

Во Турција моментално престојуваат околу 3,7 милиони сириски бегалци, а таа земја е една од главните транзитни точки за мигранти кои се упатуваат кон Европа.

притисни ентер