Авто стопери нападнале и ограбиле возач кој ги качил да ги превезе

На 07.09.2016 година во 06.40 часот во Скопје на бул.„Мајка Тереза“ во ПМВ „Порше Каен“ со белгиски национални ознаки, две непознати лица извршиле разбојништво над С.К. (42) од Кичево.
 Сторителите се доближиле до возилото и го замолиле С.К. да ги однесе до бул.„Мајка Тереза“. Откако се согласил, лицата влегле во возилото и кога стигнале во близина на училиштето лицето кое седело позади го фатило за рацете, а совозачот почнал да го удира со тупаници во пределот на лицето нанесувајќи му видливи повреди на главата, носот и окото. Сторителите притоа му одзеле една чанта во која имало околу 40.000 денари, неколку мобилни телефони и други лични  предмети. Откако го сториле делото истите заминале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот - стои во полицискиот билтен.

Асанж се појави во судница во Лондон , одбиено барањето за одложување

Основачот на Викиликс , Џулијан Асанж се појави денбеска пред судот во Лондон на сослушувањето дали да биде предаден на САД поради обвининија за шпионажа.

Судот го отфрли барањето на адвокатот на Асанж за одложување на судското рочиште.

Процесот за екстрадиција на Асанж ќе продолжи во февруари 2020 година, како што беше закажано, откако судијката Ванеса Бараистер го одби барањето на неговите адвокати за тримесечна одложување, за да имаат повеќе време да се подготват за судење.

Асанж ја крена тупаницата во судницата, соочувајќи се со неговите приврзаници . Тој дојде на сослушувањето свежо избричен, што беше различно од изгледот со долга брада што ја имаше додека живееше во еквадорската амбасада.

Четириесет и осумгодишниот Асанж во САД е обвинет за 18 обвиненија, вклучително и заговор за пробивање на владин компјутер и кршење на законите за шпионажа. Ако биде осуден, би можел да помине неколку децении во затвор.

Австралиецот славеше на почетокот на 2010 година кога Викиликс објави класифицирано американско воено видео од нападот во 2007 година во кој десетици луѓе беа убиени од хеликоптерите „Апачи“ во Багдад, меѓу кои и двајца вработени во „Ројтерс“.

Бунтовниците го сметаат за херој кој открива злоупотреба на моќта на современите држави и симбол на слободата на говорот.

Пратениците преку законот за Инспекторат за употреба на јазиците, расправаат за извештајот на Венецијанската комисија

Пратениците по редовната пауза денеска ќе продолжат со расправата.

Главно за драфт извештајот на Венецијанската комисија во однос на Законот за употреба на јазиците, а по повод точката на дневниот ред за дополнетиот предлог на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците.

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО – ДПМНЕ укажувајќи дека дополнетиот предлог на Законот за Инспекторатот за употреба на јазиците е директно поврзано со Законот за употреба на јазиците, побара оваа точка да се одложи на неопределено време се до добивањето на финалната верзија на извештајот на Венецијанската комисија.

– Имам проблем со вашата неискреност и спремноста да се пазарите немајќи никаква морална линија во политичкото делување. Ветувавте дека ќе се внесат сите забалешки од Венецијанската комисија, како ќе ги внесете тие забелешки, рече меѓу другото Димовски.

Димовски апелираше до пратениците од СДСМ да не дадат зелено светло за Законот за употреба на јазиците во насока, како што рече, да се прати порака оти е потребно е да се постапува по препораките на Венецијанската комисија, а кои, според него, треба да се ревидира по најмалку 10 точки кои се надвор од Уставот, од Рамковниот договор и од меѓународните стандарди. Тој оцени дека препораките од Венецијанската комисија, е апсолутен пораз на правниот тим на валдата, на чело со министерката за правда Рената Дескоска, која, рече, се обидува да ја избегне одговорноста.

Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ, потсетија дека во врска со Законот за употреба на јазиците во регуларна процедура поднеле 80 амандмани, а потоа и други 36.500 амандмани кои не биле разгледани. Тие ги прашаа нивните колеги од мнозинството што ќе добијат со барањето за одложување на конечниот извештај од Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците, во кој се констатирани низа забелешки.

Пратеникот Зијадин Села од Алијансата на Албанците потсети дека Законот за јазиците во 2008 година бил донесен под притисок и смета дека бил дискриминаторски. Според него, препораките од Венецијанската комисија меѓу другото се однесуваат на две прашања за употребата на албанскиот јазик на банкнотите и на униформите на Армијата.

Пратеникот Самка Ибраимоски истакна дека откако ќе се добие финалниот извештај од Венецијанската комисија политичките партии ќе седнат и ќе разговараат. Треба да има едно општество и еднакви можности за сите граѓани, рече тој, на што Димовски се осврна на тоа дека една од препораките од Венецијанската комисија е тоа дека јазиците на помалите етнички заедници, меѓу кои и ромскиот не се доволно обработени.

За Антонијо Милошоски со усвојувањето на дополнетиот предлог на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците, дополнително може да го наруши кредибилитетот на државата кај Венцијанската комисија, која, подвлече, предлага да се одложи извршувањето на паричните санкции, особено во делот на судовите и судските постапки, за да се обезбеди правна сигурност.

Нацрт-мислењето на Венецијанската комисија, рече тој, е правна шлаканица за Владата особено за Министерството за правда. Се осврна на изјавите дадени од премиерот Зоран Заев и на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, а во кои едниот тврди дека ќе се почитуваат препораките од Венецијанската комисија, додека другиот го вели спротивното.

Во низата реплики помеѓу пратениците од опозицијата и од мнозинството, пратеничката Јагода Шахпаска од СДСМ и коалицијата, предупредувајќи дека законот за Инспекторат за употреба на јазиците не е предмет на разгледување на Венецијанската комисија, истакна дека Милошоски користи изборна реторика и ги заплашува граѓаните во однос на употребата на албанскиот јазик. /МИА.

Не запираат немирите во Чиле: Најмалку 7 луѓе загинаа

Претседателот на Чиле Себастијан Пинера изјави дека земјата е „во војна“,

По тридневните протести поради зголемувањето на цената на јавниот превоз, во кои загинаа седум лица.

Тој во саботата прогласи вонредна состојба во главниот град Сантјаго, по протестите во кои беа запалени многу згради во центарот на градот, а градското метро беше блокирано.

Пинера ја суспендираше и одлуката на чилеанската влада за зголемување на цената на јавниот превоз, но, сепак, протестите продолжија поради социјално-економските услови и нееднаквоста во земјата.

Чиле е една од најбогатите земји во Латинска Америка, но истовремено и една од оние во кои има најголема социјална нееднаквост.

притисни ентер