Сребреник со ликот на Мајка Тереза за ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“

Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи денеска му додели сребреник со ликот на Мајка Тереза на ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ во Ѓорче Петров.

- Комисијата ја подарува оваа сребрена пара која, всушност, првпат се појавува во знак и во чествување на светицата Мајка Тереза. Има многу малку уникатни парчиња, но сметавме дека првата, секако, треба да биде за Геронтолшкиот завод „13 Ноември“, изјави директорката на Комисијата Валентина Божиновска.

Во рамки на татковинската прослава по повод канонизацијата на Мајка Тереза, денеска свечена академија организираше Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Поздравни обраќања имаа Горан Ајдински, декан на Филозофскиот факултет, Валентина Божиновска, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, и Јован Пејковски, раководител на Институтот за социјална работа и социјална политика „Мајка Тереза“ при Филозофскиот факултет Скопје.

Во катедралата „Свето Срце Исусосво“ во Скопје вечер ќе биде одржана света миса. /МИА

Во Србија е прогласена вонредна состојба во 16 града и општини поради влошување на епидемиолошката состојба

Во Србија е прогласена вонредна состојба во 16 града и општини поради влошување на епидемиолошката состојба.

Вонредната состојбата, која подразбира преземање посебни мерки за да се спречи ширењето на новиот коронавирус, е на сила во Белград, Богатиќ, Владичин Хан, Лучани, Нови Пазар, Тутин, Крагуевац, Врање, Ивањица, Шабац, Чачак, Краљево, Ариље, Пожега, Ужице и Прибој.

Во Србија во последните 24 часа се потврдени 289 нови случаи на коронавирус, во истиот период починале уште шест лица, на респираторни машини се приклучени 93 лица.

Вечерва во „Само вистина“ ќе гостуваат Мила Царовска и Тимчо Муцунски

Кој ќе го врати достоинството, а кој има „хоби“ да ветува?

Драги сограѓани, активисти, подржувачи и симпатизери, предизборната кампања на средина, реториката е се пожешка, „можеме“ или „обнова“, чија програма повеќе „допира“ до граѓаните да излезат на гласање среде пандемија, вечерва во Само Вистина гледајте го дуелот на носителот на пратеничка листа на прватата изборна единица од СДСМ Мила Царовска и кандидатот за пратеник во првата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцуски.

Кој ќе го врати достоинството, а кој има „хоби“ да ветува?

Кој ќе попушти пред барањето на ДУИ и заканата на Села за премиер Албанец, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ?

Царовска е „љубител“ на странски приватни фондови, а Муцунски и неговите ВМРО-ДПМНЕ ветуваат 25% зголемување на плати наредните 4 години. Има ли Македонија некој „скриен“ рудник на пари за ги реализираат фантастичните ветувања двете партии?

Или Минхаузен повторно ќе се превртува во гробот?

СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе остане во опозиција да си ја исправи „ставата“?

„Добивме 500-тини евра просечна плата“, се најавуваат и 600-тини, уште колку задолжувања може да „претрпи“ домашната каса?

Ќе ја добиеме ли на есен толку долгоочекуваната европска Влада, вечерва на најголемата политичка арена Само Вистина, Мила Царовска и Тимчо Муцунски, ексклузивн на Канал 5 Теевизија.

Владата попладне ќе одржи седница

 Владата на Република Македонија попладне во 15 часот ќе одржи седница.

Од владината прес-служба информираат дека седницата ќе се одржи преку видео-конференциска врска, а за заклучоците ќе биде информирана јавноста преку соопштение. бак/дма/

притисни ентер