Продолжува програмата „Денови на Мајка Тереза“

Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска со пригодна академија ќе се вклучи во манифестацијата „Денови на Мајка Тереза“.

Поздравни обраќања ќе имаат Горан Ајдински, декан на Филозофскиот факултет, Валентина Божиновска, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, и Јован Пејковски, раководител на Институтот за социјална работа и социјална политика „Мајка Тереза“ при Филозофскиот факултет Скопје.

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Божиновска и скопскиот бискуп и апостолски егзарх Киро Стојанов ќе го посетат Домот за стари лица „Мајка Тереза“, а во организација на ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ ќе биде одржано предавање за значењето на палиативната медицина. На Геронтолошкиот завод ќе му биде доделен сребреник со ликот на Мајка Тереза.

Во катедралата „Свето Срце Исусосво“ во Скопје вечер од 18 часот ќе биде одржана света миса. /МИА


Во Торонто промоција на книги на Крисанта Јанкула од Мала Преспа

 Во организација на литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада, одржана е промоција на  три книги на наставничката по македонски јазик Крисанта Јанкула од Горна Горица, Мала Преспа, Албанија, јави весникот „Македониум“.

Станува збор за „Записи од мојот крај“, „Преспа под Албанија, Божја убавина“ и „Поезија и проза од мојот крај“.

Според весникот, промоцијата побудила голем интерес и внимание од македонската заедница во Торонто.

- Не можам да го опишам големо задоволство што сум меѓу Македонците во Канада. Горда сум што во текот на целиот мој работен век, но и сега со целото мое битие се залагам за заштита на мајчиниот македонски јазик, идентитет и традиции, рече таа на промоцијата.

Додаде дека записите од Преспа почнала да ги собира со цел традициите на Македонците да останат во наследство на другите генерации.

- Во мојата работа, голема помош имав и од моите ученици, кои помогнаа во прибирањето на метеријалот со изкази на нивните дедовци и баби, посочи таа.

Се до пензионирањето, Јанкула, наставник по македонски јазик, била во деветтолетката „Отпорот на Горичаните“ во Долна Горица, каде во одреден период била и директор.

Гризман се враќа на тренинзите во Атлетико Мадрид

Напаѓачот Антоан Гризман се врати на тренинзите со Атлетико Мадрид, објави „Marca“.

Триесет и двегодишниот Французин поради повреда ги пропушти мартовските натпревари на неговата репрезентација. За прв пат по 2017 година Гризман не играше за „триколорите“.

Оваа сезона Гризман одигра 38 натпревари на кои постигна 19 голови и имаше 7 асистенции.

Договорот на Французинот со Атлетико Мадрид е до крајот на јуни 2026 година.

Вулканот Ибу во централна Индонезија повторно исфрли пепел во висина од два километри

 Повторно е регистрирана ерупција на вулканот Ибу во провинцијата Северно Малуку во централна Индонезија, јавија индонезиските медиуми.

Вулканот исфрли пепел во висина околу два километри. Претходната ерупција беше на 26 март.

Локалните власти им забранија на жителите од регионот да се приближуваат до кратерот на растојание помало од два километри и ги повикаа луѓето да носат заштитни маски за да спречат респираторни заболувања.

Индонезискиот архипелаг, кој е најголем во светот, се состои од 18 илјади острови. Се наоѓа во таканаречениот огнен прстен на Пацификот, па во регионот е забележана силна сеизмичка активност. Во Индонезија има повеќе од 500 вулкани, од кои 130 се активни.

притисни ентер