Се трага по мал приватен авион „Пајпер“со 6 патници

Во 17,44 часот дежурниот од ДОЦ на РЦ - Север пријави дека од Контрола на летање примиле повик, дека комерцијален авион со три патници им се изгубил од радарот.
Се работи за авион марка “Пајпер“ со германски национални ознаки кој летал од Италија од Тревизо со 6 патници и требал да слета на аеродромот во Скопје да танкира гориво. Сигналот од радарот се изгубил во 17,35 часот на локација: од аеродром “Александар Велики“ 10 км во правец према Велес.

СВР Велес примиле телефонска пријава од граѓанин  дека слушнал експлозија во близина на с.Кожле.
Од страна на Алфа екипа  од СВР-Скопје примена е пријава од граѓани дека забележале пожар кај с.Ветерско.Од СВР Скопје упатени се служби на овие локации

Од затвор во Парагвај избегале 75 затвореници

Најмалку 75 затвореници, повеќето од нив членови на озлогласена бразилска криминална група избегале од затвор во пограничен град во Парагвај.

Веднаш е сменет управникот на затворот.

Службени лица соопштуваат дека е откриен е тунел, кој затворениците го ископале за време на операцијата за кој се сомнева дека затворските службеници знаеле, како и дека во ќелиите биле пронајдени скоро 200 вреќи полни со земја.

„Невозможное никој ништо да не видел целото тоа време. Ова не се случило за еден ден или една ноќ“, изјавила министерката за правда Сесилија Перес, пренесе „АП“.

Перес на новинарите им рекла дека покрај управникот на затворот, отпуштени биле и уште шест затворски службеници, пренесе „Ројтерс“.

Министерот за внатрешни работи Еуклидес Акведо соопштил дека е можно тунелот да служел како мамка за да се покрие вмешаноста на затворските службеници, како и дека е можно на многу затвореници да им е дозволено да излезат од затворот преку главната капија.

Акведо рекол и дека поголем број од побегнатите затвореници биле членови на озогласена бразилска криминална организација.

Пограничната област во близина на градот Педто Хуан Кабаљеро се смета за транзитна точка за криумчарење дрога и други криминални активности.

Видео: Рекордна количина на снег во Канада

Рекордна количина на снег на истокот од Канада во регионот Њуфаундленд.

Локалните власти во петокот прогласиле вонредна состојба а денес е продолжена. Силни врнежи од снег затрупаа автомобилите и створиле високи наноси од снег по улиците.

Локалните медиуми јавуваат дека аеродромот Сент Џон е затворен заради вонредни временски услови, а министерот за природни ресурси Сеамус О Регал вели дека приоритет е чистење на улиците.

„CP24“ јавува дека за чистење на регионот се ангажирала и војската.

Корисниците на социјалните мрежи ситуацијата ја опишаа како „snowmageddon“ (снежен армагедон), а на снимките се гледа како луѓето мораат да копаат низ снегот за да искочат од своите домови.

Едно лице повредено по расправија пред локал во Тетово

Триесет и петгодишен тетовец е повреден со остар предмет од две години постар сограѓанин откако претходно имале расправија на улицата „Маршал Тито" во близина на  Градскиот пазар околу 17 часот.  

Повредениот по укажаната лекарска помош во Тетовската болница, е пренесен на скопските клиники поради сериозноста на повредите.

– Во СВР Тетово во 17:20 часот пријавено е дека А.Л (35) по расправија со А.П (37) е повреден со остар предмет и добил убодна рана на левата нога. Настанот се случил пред угостителски објект во близина на Зелениот пазар во Тетово. Лицето А. П потоа побегнал. Екипа на СВР Тетово има извршено увид и започна потргата по А.П и расветлување на мотивите за расправијата и повредувањето, информираат од СВР Тетово. /МИА

притисни ентер