Заев: Мајка Тереза пример како треба да се помага

Претседателот на СДСМ Зоран Заев по повод прогласувањето на Мајка Тереза за светица истакна дека како симбол на милосрдието, хуманоста и солидарноста таа претставува пример како треба да им се помага на луѓето без разлика на нивните различности и какви било поделби, етнички и религиски, национални...
- Помагањето не прави пред Бога почесни, подобри, а секако и на сите нас во душата ни е потопло. Верувам дека овој симбол на хуманоста, на солидарноста, на милосрдието којшто е предзнак на светицата Мајка Тереза, ќе `не следи сите нас, исправени пред многу важни моменти во Р.Македонија, изјави Заев.

Испраќаме, додаде, порака на обединување, меѓусебно помагање, помагање на сите заедно без разлика кој на која вера припаѓа, на која етничка припадност или без разлика дали е сиромашен, богат...

- Прекрасен ден за Р.Македонија, верувам дека духот и делото на мајка Тереза ќе го следиме сите, изјави Заев.

Руте: Албанија не е можно да ги почне преговорите, а за Македонија се уште има малку простор

Холандскиот премиер Марк Руте пред денешниот состанок на лидерите на земјите – членки на ЕУ рече дека за македонија ,з а разлика од Албанија , има малку простор за почеток на преговорите.

,,Нашата позиција за Албанија е јасно не. Ситуацијата со Македонија е многу подобра отколку кај Албанија. Таа има многу повеќе сработено, но има уште за работа. Мислам дека за Албанија не е можно да ги почне преговори, а за Македонија се уште има малку простор” , рече премиерот на Холандија , марк Руте пред почетокот на денешниот самит во Брисел.

Запалени стотици куќи во меѓунационалните судири во Индонезија (ВИДЕО)

Во повеќенеделните насилни судири меѓу двете индонезискиз аедници се запалени повеќе куќи , соопшти денеска локалната полиција.

Припадниците на двете спротиставени заедници до сега  запалија најмалку 158 куќи, едно училиште и други јавни згради во регионот Северен Пенајам во провинцијата Источен Калимантан, пренесува Ројтерс.

Конфликтот се случил само една недела откако истите заедници се судриле на блиската плажа, при што еден човек бил прободен со нож, а друг е тешко повреден. По нападот, полицијата го уапси убиецот и тројца други за поседување оружје.

„Една недела подоцна, стотина луѓе дојдоа да ги бараат одговорните за смртта на човекот и потоа ги запалија куќите“, рече полицискиот портпарол Аде Јаја Суријана.

„Објаснивме дека ги уапсивме осомничените, но на крајот се случија пожари“, додаде тој.

Точната причина за почетокот на конфликтот сè уште не е позната.

Во Калимантан, или индонезискиот дел на островот Борнео, две етнички групи се судрија во раните 2000-ти, со повеќе жртви.

Министерот Нуредини на Самит за води во Будимпешта се сретна со шефот на дипломатијата, Сијарто

Делегација на Министерството за животна средина и просторно планирање, предводена од министерот Насер Нуредини учествуваше на Самитот за води, кој од од 15 до 17 октомври се одржуваше во Будимпешта, Унгарија. 

Централна тема на овогодинешниот Самит беше препознавање на преземените чекори, кои не се доволни за спречување на ескалација на кризата за вода, како природен ресурс што има огромно влијание на нашата сегашност и иднина.

Во рамките на престојот во Будимпешта, министерот Нуредини оствари повеќе официјални средби на највисоко ниво. На средбата со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петар Сијарто се разговараше за поддршката на Унгарија за Македонија за добивање датум за предпристапните преговори, како и за континуирана соработка во областа на заштита на животната средина со особен акцент на управување со води, бидејќи Македонија и Унгарија имаат потпишано меморандум за соработка на полето на управување со води помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање на Македонија и Министерството за рурален развој на Унгарија.

Нуредини се сретна и со постојаниот претставник на Швајцарска Конфедерација во Организација за храна и земјоделие на ОН, Пио Венубст, со кој разговорите беа во насока на значајната поддршка од страна на Швајцарската Конфердерација за заштита на животната средина и управување со водите, како и за проширување на истата. Остварена беше и средба со заменик претседателот на ОН за Води, Олкаи Унвер и регионалниот директор за Југоисточна Европа на Организацијата за храна и земјоделие на ОН, Владимир Рахмањин на која беше презентирана програмската рамка за животна средина и можностите за соработка во овој ресор.

На Самитот за води министерот Нуредини, исто така го посети и Саемот каде што оствари бројни контакти со компании за иновативни еко технологии, се наведува во соопштението од Министерството.

притисни ентер