Свештеникот кој ја покрена канонизацијата на Мајка Тереза вели: Таа не правеше разлика меѓу луѓето

Свештеникот Брајан Колодијејчук,кој ја покрена и застапуваше каузата за канонизација на Мајка Тереза, или во римокатоличката црква познат како постулатор, вели дека процесот на канонизација почнал од 1999 година – цели 17 години што вели е долг процес но во историски контекст е релативно кус.

Во интервју за хрватската телевизија Нова, тој објаснува дека било потребно едно чудо за да почне процесот на беатификација , а чудо значи дека господ одговорил на молитвите на Мајка Тереза.

Свештеникот вели дека го запознал мажот од Бразил за кој се верува дека бил извлекуван преку молитвата на Мајка Тереза.

,,Марчило , неговата сопруга и двете деца дојдоа први во Ватикан – тој и своите деца ги нарекува продолжување на чудото бидејќи докторите му рекле дека има помалку од еден процент шанси да стане татко“, вели тој.

Според него, имало и други случаи кои биле анализирани но или немало доволно докази или освен посредството на Мајка Тереза имало и други чинители.

На оние кои ја критикуваа канонизацијата, свештеникот им одговора – „Најпрво треба да ги имате сите факти бидејќи обвинувањата се втемелени на лажни информации – Калкута не е во Њујорк, ниту во Париз и не можете да ги користите стандардите на Америка и Европа и да очекувате иста работа“.

„Интересно е дека и денес во Калкута доаѓаат многу волонтери кои се од различна вера или воопшто не се верници и се многу скептични по прашање на верата, но доаѓаат да помагаат и тоа им се враќа“, вели свештеникот кој додава дека начинот на работа на Мајка Тереза бил таков што им дозволувал на сите да се вклучат во давањето помош..

Ковачевски: Минималното зголемување на цената на струјата ќе ги осигура инвестициите

Генералниот директор на АД Електрани (ЕСМ), Васко Ковачевски, изјави денеска дека поскапувањето на струјата, кое според него е минимално, ќе овозможи државната компанија за производство на електрична енергија да се доближи до европските стандарди и да инвестира во преориентирањето кон обновливите извори на енергија.

Претседателот Пендаровски во Охрид го посети армискиот нуркачки тим

Претседателот на Македонија и Врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски, денеска го посети нуркачкиот тим од Баталјонот на специјалните сили на Армијата, што изведува обука во летни услови во Центарот за обука на вода во Охрид.

Припадниците на тимот го информираа претседателот Пендаровски за нивните тековни активности, беа прикажани нивните капацитети и способности, како и опремата што ја користат, а беа демоностирани и неколку показни вежби.

Нуркачкиот тим во месец јули престојуваше во Атина, Република Грција, каде заедно со грчката специјална единица изведуваше обука за нуркање. Со тоа, единицата започна циклус на соработка со грчката специјална единица, во рамки на заедничката соработка на двете армии на земји-членки на НАТО. Покрај со грчката армија, ваков вид на соработка се реализира со повеќе армии од земји-членки на НАТО.

Претседателот Пендаровски на припадниците на нуркачкиот тим, кои своите способности ги имаат докажано и во поддршка на цивилни институции, им посака натамошна успешна работа и изрази очекување да продолжи натамошната успешна соработка со партнерските армии од НАТО алијансата.

Делегација од Кабинетот на Претседателот оддаде почит на 10 армиски резервисти загинати кај Карпалак

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија  денеска положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје и пред комплексот „Карпалак" во Прилеп.

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, по повод 19-годишнината од загинувањето на 10 армиски резервисти кај месноста Карпалак, денеска положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје и пред комплексот „Карпалак" во Прилеп.

Во понеделник, 10 август 2020 година, делегација од Кабинетот на Претседателот ќе положи цвеќе пред спомен-обележјата во општина Ѓорче Петров, пред спомен-обележјето во село Љубанци, и во касарната „Илинден" во Скопје, по повод 19-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, скопско.

притисни ентер