Во Рим отворена изложбата „Мајка Тереза – светицата од Скопје, светицата на светот“

Во чест на Мајка Тереза синоќа во црквата „Свети Станислав“ во Рим свечено беше отворена изложбата „Мајка Тереза – светицата од Скопје, светицата на светот“.
Изложбата на фотографии и текстови за животот и делото на Мајка Тереза е во организација на Спомен куќата на Мајка Тереза од Скопје и Министерството за култура на Република Македонија.

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, обраќајќи се на свеченото отворање пред бројните гости, јави известувачот на МИА, истакна дека оваа изложба претставува еден мал придонес на нашата држава во одбележувањето на историскиот чин – прогласувањето на Мајка Тереза за светица.

- Денеска Мајка Тереза со својот живот и дело се впиша во вечната книга на светителите, таа стана пример за предано служење на Бога, симбол на милосрдието, на добрината и хуманоста. Денеска сите ние сме особено горди што нашата сограѓанка со својата оставнина повторно ги обедини добронамерниците од целиот свет кои, со длабока и неизмерна почит во нејзината личност и дело, препознаваат надеж и верба во иднината на човештвото, рече Канческа Милевска.

Таа додаде дека токму затоа една од заложбите на Владата на Република Македонија и Министерството за култура во изминатите години беше на достоен начин да се оддаде почит кон делото на Мајка Тереза која, како што рече, остави наследство кое имаме обврска да го опредметиме.

Во тој контекст министерката за култура потсети дека токму во чест на блажената Мајка во Скопје, нејзиниот роден град, е изграден Спомен домот на Мајка Тереза кој, рече, беше наш подарок до светот, влог на граѓаните на Република Македонија во промовирањето и афирмирањето на сите добрини што ги даруваше.

Канческа – Милевска ги информираше присутните гости дека во Македонија, во чест на канонизацијата на Мајка Тереза за светица, се реализираат низа религиозни, културни и научни настани во организација на повеќе црковни, владини и државни институции, под наслов „Денови на света Мајка Тереза“.

Сепак, истакна дека еден од централните настани во ова одбележување на канонизацијата е токму оваа изложба која овозможува на италијанската и светската јавност да им презентира значајни историски моменти од животниот пат и мисионерското дејствување на Мајка Тереза, кои, како што рече, се сведоштво за нераскинливата врска помеѓу Република Македонија и големата хуманистка.

На изложбата се претставени неколку тематски целини, паноа на кои се илустрирани впечатливи фотографии, документи и наративен текст придружен со најдлабоките размисли на Мајка Тереза, експонати кои ги претставуваат нејзиното детство и младост, семејството и блиските пријатели, нејзиното Скопје...

Во рамките на изложбата „Мајка Тереза – светицата од Скопје, светицата на светот“, беше прикажан и документарниот филм на продуцентската куќа Вардар Филм, во кој е претставена нејзината хумана мисија, како и посетата на родниот град.

На свеченото отворање на изложбата имаше голем број гости, поддржувачи на делото на Мајка Тереза, меѓу кои и претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Емил Димитриев, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, митрополитот Европски господин Пимен, Алојз Гомбар, претставник од фамилијата на Мајка Тереза, како и претставници на дипломатскиот кор во Италија. 

Жбогар : Вие испорачавте, за жал ние повторно одложивме – потребна реформа на начин на носење одлуки во ЕУ

,,Испорачавте се што беше побарано од вас, го исполнивте вашиот дел. Но во Европската Унија одлуките за овие прашања се носат едногласно, а за жал ние повторно го одложивме ова прашање. 

,,Го разбираме разочарувањето на граѓаните и на политичарите од одлуката на Европскиот Совет во Брисел, но остануваме посветени на Северна Македонија и на регионот.

Ова во интервју за МИА го вели евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар, признавајќи оти треба да се извршат реформи и во самиот процес на носење одлуки внатре во самата ЕУ.

Подвлекува дека проширувањето на ЕУ кон регионот останува нивен стратешки приоритет, и тоа не е променето.

На прашањето дали во мај на Самитот во Загреб очекува земјава да добие датум, вели дека сега ЕУ треба да се воздржи од ветувања.

-Треба да се воздржиме од ветувања, бидејќи ветивме во јуни лани и во јуни 2019 и сега во октомври и сега е најдобро да се воздржиме од давање ветувања за датуми, но затоа треба да се фокусираме на правењето на вистинските промени, порача Жбогар.

Во однос на тоа дали ќе се засили руското политичко и кинеското економско влијание во регионот по француското „не" за Северна Македонија, Жбогар за МИА вели дека во ЕУ немаат ништо против земјите да имаат добри односи со други земји.

– Не сме против земјите да имаат добри односи со Руската Федерација, како и економски односи со Кина. Тоа е до самите земји да проценат какви придобивки добиваат со тоа. Убедени сме, а и добивме потврда синоќа од лидерите на сите политички партии, дека тие ја гледаат иднината на земјата во ЕУ и дека ќе сторат се за да го забрзаат процесот, потенцира Жбогар во интервјуто за МИА..

Варвициотис: Исходот од Самитот на ЕУ не е пријатна разврска за Грција

Разврската од Самитот на ЕУ не е пријатна за Грција и не оди во корист на стабилноста во регионот, изјави грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Милтиадис Варвициотис.

– Сигурно е дека тоа не е пријатна разврска за нас. Тоа е разврска што не е во корист на стабилноста во регионот. Но, би ви рекол и дека немаше да биде во корист на стабилноста на регионот и одлука што ќе велеше „да" за Скопје, „не" за Тирана, бидејќи во суштина ќе го радикализираше албанскиот елемент кој има многу големо влијание како во Скопје, така и во Косово, вели Варвициотис, додавајќи дека ставот на многумина, а меѓу нив и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, бил дека „не е во корист на стабилноста на регионот разделување на двата случаи".

Како што jави дописничката на МИА од Атина, Варвициотис, објасни дека и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и премиерот Мицотакис, но и тој лично, минатата седмица на состаноците на ЕУ, излегле со став дека првпат во историјата постои можност „на север да се граничиме со земји кои полека го добиваат статусот член на Европската Унија".

Во однос на ЕУ перспективата на земјава, тој вели дека таа „не била поништена, туку само одложена".

– Вистина е дека скопската страна беше многу притисната. Заев сите денови на самитот се закануваше дека ако не помине договорот ќе поднесе оставка, за што никој од Европа не му кажа дека би било многу мудро да го стори, бидејќи со одлуката не се поништи нивниот европски тек, туку се одложи за следниот самит што ќе се одржи на балкански терен, во Хрватска, во Загреб и вниманието особено ќе биде насочено на она што се случува на Балканот, рече Варвициотис.

Во интервјуто за грчкото радио тој уште еднаш повтори дека Грција „притиска за спроведување" на Договорот од Преспа, нагласувајќи дека тоа прашање било една од темите на средбата што ја имаше со вицепремиерот Бујар Османи. /MИА

Дел од Општина Центар утре без вода

Корисниците од населбата Маџар Маало во Општина Центар, на потегот од улицата „Вардарска" до улицата „Охридска", утре од 8:00 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е изведување водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од два цола на улицата „Вардарска" бб.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација" – Скопје не завршат со активностите.

притисни ентер