Комисијата за медиуми ќе расправа за изборот на Хазири за петти член

Привремената Комисија за Следење на Медиумското Претставување денеска во 12 часот ќе одржи состанок на кој треба да решава за избор на петтиот член.
Согласно политичкиот договор постигнат во средата вечер, за петти член е предложено да биде именуван Љуљзим Хазири, НВО активист, универзитетски професор и поранешен дописник на МРТ од Гостивар. Петтиот член, кој согласно договорот треба да биде етнички Албанец, се избира со консензус на четворицата актуелни членови, од кои двајца се именувани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а двајца на СДСМ. Изборот на Хазири беше постигнат по одделните разговори на СДСМ, ДУИ и ДПА во Клубот на Пратениците.

Согласно политичкиот договор, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во која ќе функционира Привремената комисија, се повикува во својата работа да се наврати на претходната методологија, која беше на сила во откажаните изборни циклуси порано годинава. Партиите и телевизиите ја оспорија методологијата според која ќе се врши набљудувањето, при што СДСМ инсистираше дека таа ќе им остави премногу слобода на медиумите, додека асоцијацијата на водечките телевизии ММА протестираше против одредбите кои може да доведат до казни за уредувачката политика./МИА

Ердоган на прагот на сигурна победа

На речиси една петина од изброените гласови , Реџеп Таип Ердоган има освоени скоро 60 проценти.

Според првичните резултати од изборите , кои се одржаа во Турција , актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган засега убедливо води со 59,99 проценти од гласовите на една петина од преброените ливчиња.

Неговиот главен противкандидат , Мухарем Инче освоил 25,8 проценти .Гласачките кутии беа затворени во 17 часот по локално време и се очекува вечерва да бидат познати резултатите од предвремените претседателски и парламентарни избори .

Аналитичарите предвидуваат победа на Ердоган со околу 45 до 55 проценти од гласовите.

Се удави Полски наутичар во Јадранското Море

Хрватските поморски власти попладнево го најдоа телото на полскиот наутичар , исчезнат во близина на Риека.

Во 7 часот утрово било пријавено дека е исчезнат Полски наутичар од едрилицата ,,Левант “ , на која имало уште десетмина туристи од Полска. По интензивна потрага телото на 67 годишниот наутичар било најдено во близина на островот Угљен . Го здогледал рибар од чамец и пријавил во спасувачката служба.

Членовите на едрилицата биле задржани во полицијата во Ријека на распит.

Истрагата ќе покаже како и зошто телото на искусниот наутичар се нашло во море.

Макрон од мини самитот на ЕУ : Не примаме лекции од други

Во Брисел се одржува мини самитот  на ЕУ , на кој лидерите на 18 земји членки решаваат за мигрантската криза.

Пред почетокот на самитот францускиот претседател Емануел макрон изјави ека не прима лекции од други земји , алудирајќи на изјавите на државниот врв на Италија , каде и новиот премиер Конте и неговиот заменик Ди Мајо го нарекоа ,,човек без допирни точки со реалноста”.

,, Ние никогаш не забораваме кои се нашите вредности. Тоа во овој момент е неприфатливо .” изјави Макрон пред почетокот на мини самитот. Проблемот настана откако голем број земји членки на ЕУ одбија да ја споделат одговорноста за мигрантите за да им помогнат на земјите кои се најмногу погодени , како Грција и Италија.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте кусо изјави дека ќе го претстави својот план за решавање на проблемот. Канцеларката Меркел се надева дека лидерите ќе се договорат како меѓусебно да си помагаат без да треба за тоа одлука од сите 28 членки на ЕУ.

Таа рече дека не очекува денеска да се постигне целосен договор , со оглед на фактот дека истата тема ќе биде во фокусот на формалната средба на сите лидери на земјите членки на ЕУ на 28 и 29 јуни.

притисни ентер