СДСМ обвини за ново задолжување од 25,3 милиони евра

СДСМ денеска обвини дека Министерството за финансии со најновата аукција на државни хартии од вредност ги задолжило граѓаните со 25,3 милиони евра.

- И покрај тоа што минатиот месец незаконски ги задолжија граѓаните со еврообврзница од 450 милиони евра, денеска на аукција на државни хартии од вредност на домашниот пазар ги задолжија граѓаните со нови 25,3 милиони евра, се наведува во соопштението.
Според СДСМ, јавниот долг изнесува над пет милијарди евра или над 50 проценти од БДП. 

Над 500 деца мигранти вратени на семејствата

Американското министерство за здравство соопшти дека 522 деца им се вратени на семејствата.

Сепак , над 2 000 деца без документи и натаму се одвоени од родителите во рамките на политикатаз а ригорозни мерки против илегалните мигранти . Претседателот Трамп одненадеж во средата го потпиша указот со кој се прекинува ваквата практика.

Систематското разделување на децата од родителите кои илегално ја минале границата меѓу Мексико и САД предизвика негодување не само во Америка , туку и во светот.

Ердоган на прагот на сигурна победа

На речиси една петина од изброените гласови , Реџеп Таип Ердоган има освоени скоро 60 проценти.

Според првичните резултати од изборите , кои се одржаа во Турција , актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган засега убедливо води со 59,99 проценти од гласовите на една петина од преброените ливчиња.

Неговиот главен противкандидат , Мухарем Инче освоил 25,8 проценти .Гласачките кутии беа затворени во 17 часот по локално време и се очекува вечерва да бидат познати резултатите од предвремените претседателски и парламентарни избори .

Аналитичарите предвидуваат победа на Ердоган со околу 45 до 55 проценти од гласовите.

Се удави Полски наутичар во Јадранското Море

Хрватските поморски власти попладнево го најдоа телото на полскиот наутичар , исчезнат во близина на Риека.

Во 7 часот утрово било пријавено дека е исчезнат Полски наутичар од едрилицата ,,Левант “ , на која имало уште десетмина туристи од Полска. По интензивна потрага телото на 67 годишниот наутичар било најдено во близина на островот Угљен . Го здогледал рибар од чамец и пријавил во спасувачката служба.

Членовите на едрилицата биле задржани во полицијата во Ријека на распит.

Истрагата ќе покаже како и зошто телото на искусниот наутичар се нашло во море.

притисни ентер