„Мистер Бриколаж“ донираше производи за погодените подрачја

Францускиот ланец на хипермаркети во Македонија „Мистер Бриколаж“, следејќи ја својата практика на опшетствено одговорна компанија, а сочуствувајќи со настраданите од катастрофата што зафати делови од Скопје и Македонија во изминативе денови го даде својот придонес во расчистувањето на погодените реони.

- Изгубените човечки животи не можеме да ги надополниме, но можеме да им помогнеме на оние што сега се справуваат со оваа непогода и заедно да ги вратиме работите во нормала што поскоро. Нашата компанија за таа цел донираше производи што во моментов се посочени од одговрните лица како најпотребни и испрати екипа од наши вработени во погодените подрачја. На тој начин сакаме да го дадеме својот придонес за санирање на состојбата – нѐ информираа од менаџментот на „Мистер Бриколаж“ Македонија.

„Мистер Бриколаж“ во изминативе денови од својата палета производи донираше 500 парчиња лопати, 500 пара чизми, 500 пара заштитни ракавици и 500 парчиња заштитни маски додека вработените организирано собираат храна, производи за лична хигиена, облека и лекови за семејствата што се погодени од силното невреме. Екипа на вработени во компанијата во следните денови секојдневно ќе му помага на населението до моментот кога ќе се нормализира животот во погодените подрачја.

Бајден најави дека наскоро пристигнува оружје за Украина

Откако Конгресот прифати да испрати нова помош за Украина, американскиот претседател Џо Бајден најави дека овој пакет ќе биде испратен итно.

„Во следните неколку часа ќе започнеме да испраќаме противвоздушна опрема, артилерија, ракетни системи и оклопни возила во Украина“, рече Бајден во говорот во Белата куќа.

Пакетот за помош усвоен од Сенатот доцна синоќа, е вреден вкупно 95 милијарди долари и вклучува речиси 61 милијарда долари помош за Украина, 26 милијарди долари за Израел и 8 милијарди долари за Индо-Пацификот.

Барселона ја тужи шпанската федерација, судот одлучува за голот на Јамал против Реал

Барселона не дозволува да стивне бурата по „Ел Класико“ во кое Реал победи со 3:2.

„Фантомскиот гол“ на Ламин Јамал ​​и понатаму е тема на шпанските медиуми. Барселона не дозволува да престане да се зборува за тоа.

И по самиот меч имаше остри критики за судењето, немањето технологија за гол-линијата и „злоупотребата на ВАР системот“.

Првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, најави дека Барселона ќе ги искористи сите средства да ја истражи ситуацијата и да утврди дали тоа било гол или не.

Барселона сега отиде чекор подалеку и најави дека ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација и дека решение на оваа ситуација ќе бара на суд.

Ден по натпреварот беше објавена и комуникацијата на главниот судија со играчите и судиите од ВАР-салата, но изостана делот од видеото поврзан со ситуацијата околу голот на Јамал ​​кој не беше признат.

Федерацијата го одби барањето на Барселона да му ја даде на клубот целосната снимка од комуникацијата помеѓу судијата и ВАР-собата и Каталонците сега сакаат да ја добијат преку судовите.

Лапорта останува на ставот дека доколку се покаже дека Барселона е оштетена, ќе бара реприза. /МИА

притисни ентер