Повеќе од 100 илјади Руси бараат од Путин да го разреши Медведев

Повеќе од сто илјади Руси потпишаа петиција до претседателот на Русија, Владимир Путин со која го повикуваат да го разреши премиерот Дмитриј Медведев, чиј коментар од пред една недела за платите на наставниците предизвика огромно незадоволство во јавноста.
На прашањето на еден  наставник од сиромашниот регион Дагестан, зошто наставничкиот кадар се плаќа половина од полицијата, Медведев остро одговори дека подучувањето не е работа за оние кои сакаат да се збогатат и дека еден млад и енергичен маж секогаш може да заработи пари од страна.

Како што е наведено на веб-сајтот change.org, каде што е испратена онлјан петицијата, барањето Путин да го разреши Медведев до денеска доби повеќе од 160.000 потписи.

Во петицијата се вели дека некој кој на „наставниците им порачува да заработат пари од страна“ не би требало да води кабинет.

Медведев беше претседател на Русија од 2008 година до 2012 година.

Без вода утре корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“ во Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот во водоснабдувањето, како што се наведува, е поради промена на шибер од ф 80мм на ул.„Васил Главинов“  блок 10. /МИА

Пакистански политичар се самоубил поради своите синови

Самостојниот кандидат на изборите за парламентот на Пакистан, Мухамед Ахмед Мугал се убил откако неговите синови не се согласиле со политиката која ја застапува.

Тоа го соопшти пакистанската полиција.

Еден од полицајците изјавил дека Мугал дома наишол на отпор, бидејќи неговите синови ги подржувале кандидатите на поранешната владејачка партија, Пакистанската муслиманска лига.

По изборните закони на Пакистан, изборите на кои Мугал бил кандидат, ќе бидат одложени и предизборниот процес повторно ќе започне после регуларните избори на 25 јули.

Полицијата упадна во станот на телохранителот на францускиот претседател

Канцеларијата на обвинителството во Париз соопшти дека истражувачите влегле во станот на еден од главните телохранители на францускиот претседател Емануел Макрон.

Тие влегле во станот на телохранителот кој во мај е снимен како претепува демонстрант.

Елисејската палата го отпуштила телохранителот на Макрон, Александар Бенала пред полицијата да упадне во станот во париското предградие Иси-ле Молино.

Тој од страна на дневниот весник Монд беше идентификуван како човекот со полициски шлем кој на протестите на 1 мај тепал демонстранти. Тој и уште едно лице од утре ќе бидат под надзор на полицијата и им се заканува подигнување на обвинение.

Учеството на Бенала во претепувањето за Макрон стана најголемата политичка криза од почетокот на неговиот мандат минатата година.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб следната недела во парламентот ќе одговара на прашања, за да се утврди дали дошло до пропуст на владата.

притисни ентер