Средба за правата на Ромите

Тековните проблеми од здравствената и социјалната област и евалуацијата на напредокот во преземените активности на институциите по случаите каде се засегнати Ромите, се теми за кои денеска ќе се дискутира на третата средба на „Ромскиот граѓански парламент“, што ќе се одржи во Прилеп.
„Ромски граѓански парламент“ претставува организирана група од 40 неформални лидери од ромската заедница, кои водат грижа за колективните права на Ромите.

Организатор на средбата е Здружението РОМА С.О.С. Прилеп.

Според програмата, на средбата предвидено е да се обрати министерот без ресор Неждет Мустафа. /МИА


Над 20 загинати , запалена џамија во насилните протести во Индија (ВИДЕО)

Бројот на загинати во меѓуверските судири во Њу Делхи околу новиот закон за државјанство се искачи на 20, јави ДПА, додавајќи дека насилството е најкрваво откако започнаа протестите против амандманите за државјанство на почетокот на декември.

Во судирите меѓу илјадници демонстранти за новиот закон и оние против него, синоќа загинаа 13 лица, меѓу кои и полицаец во Њу Делхи.

Во делови од северо-источниот дел на Њу Делхи, со мнозинско муслиманско население, избувнаа насилни судири меѓу хинду и муслиманската заедница.

„Од луѓето кои беа пренесени во болници, 20 загинаа, а 189 беа повредени“, рече болничарот Сумил Кумар Гаутам од регионалната болница Бахадур. Тој исто така рече дека повредените се здобиле со разни видови на повреди, од прострелни рани, прободување со ладно оружје до кршење поради скокање од висина. Ова, објасни тој, им се случило на оние кои се нашле среде немирите и панично се обидувале да избегаат.

Индискиот главен град беше сцена на протести против законот што го олеснува патот до државјанството на немуслиманите од соседните земји со мнозинство муслимани.

Новиот закон им дозволува на мигрантите Хинду, Сики, Будисти, Џаинисти, Христијани и Парси од трите соседни муслимански земји да добијат државјанство според забрзана постапка.

Овој закон не влијае директно врз индиските муслимани, но предизвикува загриженост и лутина од малцинството, кое со 14 проценти е застапено во вкупно население од 1,3 милијарди луѓе.

Жерновски-Буриќ: Советот на Европа го поздравува донесувњето на Законот за ЈО

Заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, имаше средба со Генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ

На средбата , според соопштението на МНР , силно беше поздравено донесувањето на Законот за јавно обвинителство. Заеднички се констататира дека со овој чин, Македонија демонстрира силна политичка волја за продолжување на реформите во областа на борбата против организираниот криминал и корупцијата, испраќајќи силна порака кон меѓународната јавност за политичката заложба на нашата земја кон носење на конзистентни одлуки во еден комплексен предизборен период, кога станува збор за преземање неопходни чекори за продолжување на европскиот курс на земјата. 

Генералниот секретар на Советот на Европа, Буриќ, ги поздрави судските реформи во нашата држава, оддаде признание за севкупниот направен прогрес и даде отворена поддршка за сите процеси кои имаат за цел подобрување на нашето опптество.

Заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, за време на посетата на Женева оствари повеќе средби и разговори со министрите за надворешни работи на Германија, Мас; на Франција, Ле Дриан; на Данска, Кофод; на Австрија, Шаленберг; на Хрватска, Радман; на Грција, Никола Дендиас; односно ЗМНР на Албанија, Агрон Таре; на Романија, Корнел Ферута; на Катар, Лолва Рашид Ал Катер; на Обединетите Арапски Емирати, Ахмед Ал Агарман и на Јапонија, Оми Асако.

На средбите од страна на Жерновски беа повторени стратешките приоритети на земјата, како и побарана поддршка за кандидатурата за членство на земјата во Советот за човекови права на ОН за периодот 2025-2027. Воедно, кусо информираше и за активностите кои во континуитет на национален план се преземаат, со цел доследна промоција и заштита на човековите слободи и права.

Во фокусот на разговорите со колегите од земјите членки на ЕУ беа и европските интеграции на Македонија, а во контекст на неодамнешното објавување на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес.

Од страна на соговорниците беше посочено дека методологијата ги задоволува барањата на земјите членки, што го враќа оптимизмот во процесот на проширување, враќајќи го со тоа и кредибилитетот на Европската Унија во регионот, кој по октомвриските самити беше значително нарушен. 

ЗМНР Жерновски упати оптимизам во пресрет на пролетните самити на ЕУ, под палката на Хрватското претседателство, при што нагласи „Очекуваме Советот да ја исполни обврската која си ја постави, ова е наш заедничкиот влог, нека темата за проширувањето на ЕУ биде точка на обединување меѓу земјите членки".

Во Италија заразени пет деца од коронавирус , италијанска туристка починала во Австрија

Во Франција едно лице почина од коронавирусна инфекција. Пријавени се и три нови случаи на зараза и вкупниот број на пациенти во таа земја сега се искачи на 17.

Пет малолетни лица биле заразени со коронавирус во Италија. Во Ломбардија има четири и едно во Венето. Во Ломбардија, двајца се хоспитализирани. Весникот Кориере дела Сера не кажува кои две деца се во болницата, само наведуваат дека во болницата е девојче на 4 годишна возраст и дека се заразени уште две 10-годишници и едно на 15-годишна возраст.

Во Австрија почина италијанска туристка во зимскиот центар Бад Клеинкирхајм.

Јужна Кореја потврди 115 нови случаи на инфекција со коронавирус.

Стефан Пуш, советник во германската област Хајнсберг, ги советуваше граѓаните на Фејсбук да не ги напуштаат своите домови.

„Избегнувајте метежи ако е можно“, рече тој. Германскиот случај на заразен со коронавирус е во болница во Дизелдорф и останува критичен.

Кинеските власти уапсија 4.260 лица од почетокот на епидемијата за „престапи поврзани со епидемијата“.

Надлежните служби се справиле со околу 22.000 прекршоци поврзани со епидемијата на коронавирус, а некои случаи се однесувале на производство и продажба на неисправни маски за лице и заштитни материјали.

Откако Хрватска, Австрија и Швајцарија вчера ги објавија првите случаи на коронавирус најверојатно пренесени од Италија, и Алжир и Бразил ги пријавија првите можни случаи на пренесување на болеста од Италија.

притисни ентер