Притвор за четири лица поранешни припадници на ИСИС, по три се трага

Четворица поранешни припадници на џихадистичката Исламска држава се уапсени рано утрината на различни локации во земјава. Тројца се од Скопје, а еден од Тетово.
Станува збор за повратници од боиштата во Ирак и во Сирија кои подолго време биле следени од македонската полиција.

Се трага по уште тројца членови на злогласената организација, од кои двајца се уште се на фронтовите на Блискиот Исток.

Надлежниот јавен обвинител за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истрага за седум лица, припадници на ИСИС. Јавното обвинителство до судијата на претходна постапка при Кривичниот суд предложи на осомничените да им се определи мерка притвор во траење од 30 дена.

На осомничените им се става на товар кривично дело – терористичка организација.

Од извршените претреси досега пронајдени и одземени се компјутери, мобилни телефони, усб мемории, ЦД дискови и патни исправи.

Оваа акција е продолжение од операцијата Ќелија. Во првиот дел од акцијата која беше спроведена во август минатата година беа уапсени единасесет лица поврзани со регрутација и логистика за странски терористички организации,кои ја признаа вината и добија затворски казни.

На неодамнешната средба на првите луѓе задолжени за надворешната и за внатрешната безбедност на земјава, Претседателот Ѓорѓе Иванов и Министерот за внатрешни работи Митко Чавков разговараа за актуелните теми за безбедноста поврзани со мигрантската криза. Претседателот на средбата истакна дека минимум 600 џихадисти кои ги искористиле мигрантските бранови се моментално на Балканот. Тој истакна дека иако состојбата е сериозна во цела Европа, македонската полиција и армијата, заедно со странските полициски служби успешно ги спречуваат и следат обидите за влез на мигранти во државата.

Во полициска акција во Холандија вчера беа уапсени две лица, за кои постои сомнеж дека ја обезбедиле муницијата за извршување на двата терористички напади кои се случија во Брисел и во Париз.

Данев: Повторно се злоупотребува европското знаменце и Комисијата за европски прашња

Повторно, како и со Законот за јазици, така и со Изборниот законик мнозинството грубо го злоупотребува европското знаменце и Комисијата за европски прашња, обвини денеска Драган Данев. 

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија. 

- Изборниот законик во Република Македонија никогаш не се носел без консултации со опозицијата и никогаш не се разгледувал на Комисијата за европски прашања. Овој закон нема никаква допирна точка со Комисијата за европски прашања и со усогласување на нашето законодавство со законодавствто на ЕУ. Токму затоа и на овој закон никаде нема наведено изворен акт со што се усогласува, изјави Данев.

Нагласи дека секогаш кога парламентарното мнозинство сака нешто да протурка набрзина и на мала врата го користи европското знаменце и Комисијата за европски прашања.

- Според логиката на Владата и парламентарното мнозинство сите држави во Европската унија имаат исти изборен систем, иста изборна комисија и ист изборен законик, а ние како држава само треба да го усогласиме со нивниот, што е апсурдно и смешно. Предупредуваме дека ваквото своеволно и неделовничко однесување, однесувајќи се како Собранието на Република Македонија да е приватна институци ќе има понатамошни последици за демократијата во земјава, посочи Данев.

Тој рече дека парламентарното мнозинство го приватизира Собранието и оти на СДСМ и ДУИ веќе им премина во навика да го кршат Уставот на Република Македонија, законите и Деловникот за работа на Собранието.

- Скандалозно, неделовнички и со двојни аршини е однесувањето на претседателот на Комисијата за европски прашања. Во Собранието на Република Македонија не важи ниту едно правило, ниту една процедура, важи само волјата и желбите на СДСМ и ДУИ, рече Данев. 

Конечно отворен малиот групен дом во Тимјаник

Во Тимјаник по сите непотребни скандали конечно се отвори малиот групен дом за дечиња.

Мартина, Аделина, Никола и Антонио, четири деца со попреченост добија нов живот, откако денеска беше отворен малиот групен дом во неготинското село Тимјаник.

Тие овде се како едно мало семејство, откако го напуштија специјалниот завод демир капија, во рамките на процесот за деинституционализација.

Како што рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, тие сега добија подостоинствен живот.

Димитров: Не може една мерка да биде добра за Косово, ако не е добра за пријателот во соседството

Убеден сум, истакна Димитров, дека ќе ја следиме новата европска политика и низ брз дијалог ќе го надминеме ова прашање.

Ако воведеме контра мерки, работата ќе ескалира во лош правец и потоа, повторно ќе мора да седнеме за да најдеме решение, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната заедничка прес-конференција со косовскиот колега Беџет Пацоли во Приштина, осврнувајќи се на косовската одлука за зголемувањето на царините на овошјето и зеленчукот.

Убеден сум, истакна Димитров, дека ќе ја следиме новата европска политика и низ брз дијалог ќе го надминеме ова прашање.

Според него, во време на поврзување и имплементирање на берлинскиот процес кој токму тоа го налага, треба да се елиминираат бариерите.

притисни ентер