Денешен: Шилегов под услови на „режим” купил два нови стана вредни 160.000 евра

Шилегов под услови на “режим” купил два нови стана вредни 160.000 евра, пишува порталот „Денешен“.
Режим, немање на слобода, тиранија се најчестите напади од страна на СДСМ и портпаролот на Зоран Заев, Петре Шилегов. Дека од тоа нема ништо, најдобро сведочи личниот пример на Шилегов кој под улови на “режим“ живее одлично и купил два нови станови во ексклузивен станбен комплекс. Двата  нови стана од 72 и 64 м2 плус помошни простории е имотот кој го купила фамилијата Шилегови, а  се на името на  сопругата  на Петре Шилегов.

За нив биле уплатени 75.206 евра, и 84.494 евра, а  со сопственоста се стекнале пред неполна година поточно на17.07 минатата година , пишува денешен . Двата стана се наоѓаат во општината карпош на булеварот „Партизански одреди“. Тоа го потврдува и договорот до кој дојде денешен кој е во висина од 9.846.523 денари односно 160 илјади евра платени во готово на продавачот на имотот.

Претходно е познато дека Шилегов поседува трикатна куќа, од 313 метри квадратни, автомобили мерцедес и ауди, но и стан од 88 метри квадратни во вкупна вредност од половина милион евра. Тој се најде на удар на јавноста која бараше одговори  како Шилегов стекнал толкав имот иако пријавил дека од семејната фирма зема плата од безмалку 23.000 денари, а неговата сопруга близу 11.000 денари. Нејасно е како Шилегов го зголемил својот имот за дополнителни два стана вредни 160 илјади евра.



Седуммина полицајци повредени во насилните протести пред Собранието

Седуммина полицајци се повредени и тројца цивили се приведени во насилните протести пред Собранието на Македонија, јави МИА повикувајќи се на полициски и болнички извори.  

Екипа на Итната медицинска помош интервенираше вечерва поради повредени лица во насилните протести што се одржаа пред Собранието. Возилото е се уште на местото на протестите, но засега нема информации за број на повредени граѓани.

Медицинскиот тим интервенирал по барање на полицијата.

Македонската полиција со солзавец растера насилни демонстранти пред Собранието кои протестираа незадоволни од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство потпишан денеска во Псарадес.

Демонстрантите фрлаа кон полицијата шок-бомби, пиротехнички средства и камења. Полицијата возврати откако дел од нив ја турнаа заштитната ограда и се обидоа да влезат во Парламентот.

Протестот беше организиран преку социјални мрежи. /МИА

Утре променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи

Времето утре променливо облачно на повеќе места ќе дува засилен северен ветер. Попладне ќе има нестабилност со локален пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе изнесува 7. Минималната температура од 11 до 18 а дневната највисока температура на воздухот

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со повремено засилен северен ветер. Температурата од 16 до 31 степен.

Во вторник се очекуваат повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни со грмежи, особено попладнето. Во среда како и во следните два дена ќе биде  сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во пораст, освен во вторник кога  ќе опаднат за неколку степени. /УХМР

Протест пред Собранието против Договорот со Грција

Пред Собранието на Македонија се одржува протест против Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство. Протестот е организиран преку социјални мрежи.

Насобраните граѓани го блокираа булеварот „11 Октомври“ пред собраниската зграда, пред која е поставен полициски кордон.

Дел од учесниците во протестите фрлаат камења и факли кон полицискиот кордон. 

Тие укажуваат дека граѓаните се тие кои одлучуваат за својата и иднинатата на државата. 

Учесниците во протестот извикуваат пароли „Македонија, не го даваме името“ и пејат патриотски песни.

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Псарадес ги ставија своите потписи на договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

На церемонијата присуствуваа високи претставници на ЕУ, на ОН и бројни новинари. Двајцата премиери меѓусебно се нарекоа пријатели, оценувајќи го потпишувањето на договорот како историски ден. /МИА

притисни ентер