Повик од Општина Кавадарци земјоделците да пријават штети од ниските температури

Општина Кавадарци денеска ги повика земјоделците да пријават штети врз земјоделкските култури направени како резултат на ниските температури во изминатите денови.
Од општината информираат дека се работи за штети настанати во периодот од 26 до 28 април годинава.

- Покрај барањето за настаната штета, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од тренсакциска  сметка и имотен лист како  доказ за сопственост на имотот, соопштија од општината.

Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот започнувајќи од денеска,   заклучно со  наредната среда, во просториите на општински центар за услуги во Општина Кавадарци. /МИА

Сообраќајот кај Мамутчево се одвива наизменично

Сообраќајот на патот Велес - Штип попладнево се одвива наизменично поради сообраќајната несреќа кај село Мамутчево,  соопшти  Автомотосојузот на Македонија. 

Сообраќајката се случи денеска попладне околу 13:20 часот на излезот од велешкото село Мамтучево. Се судрија камион и автобус кој превезувал работници од Велес. Повредени се 20 работници. 

Сите биле прегледани во  Општа болница Велес. Кај осуммина биле утврдени полесни телесни повреди и тие  се хоспитализирани во болницата. Останатите 20-ина по укажаната медицинска помош во амбулантата на болницата испратени се на домашно лекување. 

Промоција на Охридско Езеро како безбедна дестинација за авантуристички туризам

 Набавена е специјализирана опрема за спасување на вода и планина во рамки на проектот „Охридско Езеро-безбедна дестинација за авантуристички туризам“ што ќе биде промовиран денеска во Охрид.

Проектот е финансиран од ИПА Програмата на ЕУ за прекугранична соработка, а кофинансиран од  Министерството за локална самоуправа.

На настанот ќе присуствуваат министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски и претставникот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Никола Бертолини.

Почна работната акција „Скопје на нашите дланки“

Почна работната акцијата „Скопје на нашите дланки“ по повод 55 години од катастрофалниот земјотрес во главниот град.

Почетокот го означи градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски, кој е и претседател на одборот на акцијашите. Со негова поддршка се реализира настанот, кој е во организација на здружението на граѓани „Акцијаши - Скопје“.

Од денеска па се до 26 јули, во периодот од 8 до 12 часот, ќе се уредува просторот во студентскиот кампус и факултети во општина Гази Баба. Почетокот е од ова место затоа што акцијашите по земјотресот во 1963 го имаат изградено студентскиот дом „Стив Наумов“ во една од работните акции за обнова на градот Скопје.

Учествуваат голем број акцијаши од Македонија, но и од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, кои во Скопје пристигнаа со воз.

Целта е акцијашите заеднички да придонесат во расчистувањето на Скопје, а со тоа и младите да продолжат по стапките на возрасните.  Здружението „Акцијаши“ ќе одбележи уште два големи јубилеја на доброволното младинско работно ангажирање - 70 години од работната акција за изградба на браната и хидроцентралата „Вруток“ - „Маврово 48“ и 40 години од изградбата на автопатот „Братство и единство“. 

притисни ентер