Трагична прослава: Од затруени колачи умреле повеќе од 30 членови на семејство

Повеќе од 30 лица, вклучувајќи и пет деца умреле откако јаделе колачи отруени со пестициди во областа Карор Лал Есан во централниот дел на Пакистан.

- Бројот на починати од отруените колачи се зголемил на 33. Уште 13 лица се наоѓаат во болница, рекол полицискиот службеник Мухамед Али Зија.

Умар Хајат ги купил колачите во пекарница на 17 април во провинцијата Панџаб на истокот на Пакистан за да ја почести фамилијата и пријателите по раѓањето на внукот. Меѓутоа прославата кратко траела бидејќи десет лица умреле истиот ден.

Бебето чие раѓање се прославувало го изгубило таткото, шест чичковци и една тетка, додала полицијата.

Се претпоставува дека отровните колачи случајно дошле во контакт со пестициди бидејќи трговецот имал заеднички магацин со трговец на инсектициди и слични производи.



„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

притисни ентер