Пристигнаа „Lucky days“ – среќните денови во НЕПТУН со големи попусти

На 21-ви март започнуваат Lucky days - деновите на среќни купувачи во Нептун, кои како и секоја година се проследени со големи попусти на асортиманот. Од понеделник до среда, во сите продажни места на Нептун сите производи ќе бидат со промотивно намалени цени.
„ Се решивме повторно да ја организираме Lucky days акцијата, со цел да ги пресретнеме зголемените барања на потрошувачите за производи од најновата технологија и за да инспирираме радост помеѓу клиентите, со што овие производи ќе им ги понудиме по најповолни цени и начини за плаќање, со можност за отплата до 48 рати, со Нептун haPPy-кредит. Од понеделник до среда ги покануваме нашите клиенти да ја посетат најблиската Нептун продавница и да ги искористат попустите!“ – изјавија од Нептун.

Нептун Македонија веќе 18 години е присутнa на македонскиот пазар. Располага со широк асортиман на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, смартфони, фото апарати и камери, лична нега и убавина, ладење, греење и комуникации. Во моментов, мрежата на Нептун опфаќа 19 продажни места во 17 градови во Македонија.

За повеќе информации, слободно контактирајте нè на:

Тел.: +389 02 2656 737 лок. 193

Е-пошта: marketing@neptun.mk

САД: Се преврти брод, има жртви

Најмалку 11 луѓе денеска го изгубија животот кога брод со 31 лице се преврти и потона во езерото недалеку од градот Бренсон, во американската држава Мисури.

До превртувањето дошло поради силната бура, а на бродот имало и деца, изјавила официјалните лица, а пренела агенцијата „Ројтерс“.

Седум лица се згрижени во болница после несреќата на вештачкото езеро Тејбл рок.

Нуркачите и понатаму трагаат за можни жртви.

Приведени 12 странски државјанки во локал во Желино

При контрола во угостителски објект лоциран на регионалниот пат Тетово - Скопје, во село Желино ноќеска полицијата привела 12 странски државјанки.

Како што е наведено во полицискиот билтен, ноќеска во периодот од 23:00 до 02:30 часот полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во Угостителски објект лоциран на регионалниот пат Тетово - Скопје, поточно во село Желино, сопственост на З.С. од село Желино.

Во објектот биле затекнати 12 лица-странски државјанки, од кои 11 лица од Албанија и едно од Косово кои биле приведени во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка. /МИА

ИК на ВМРО-ДПМНЕ бара техничка влада по пржинскиот модел пред секои избори

Реализирање на веќе договорените концепти за финансирање на партиите и формирање техничка влада по пржинскиот модел пред секои избори се ставовите на кои останува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Ова беше потврдено на синоќешниот состанок на Извршен комитет на партијата, на кој се анализираше актуелната политичка ситуација и прашањата што се дел од меѓупартиските разговори со власта на претседателско ниво.

„Само на овој начин избирачите ќе имаат гаранција дека власта нема да го злоупотреби нивниот глас, односно дека опозицијата ќе има можност соодветно да дејствува при сите обиди за можен фалсификат и нема да се дозволи повторување на локалните избори. Обидите на Зоран Заев да ја манипулира јавноста со измислени образложенија дека некој бара амнестија за некаков криминал беа оценети како несериозни“, се вели во соопштението на партијата.

Во врска со формулацијата на референдумското прашање ИК на ВМРО-ДПМНЕ смета дека за да се согледа јасно волјата на граѓаните мора да се почитува законот што предвидува недвосмислени прашања.

ИК му даде целосна и недвосмислена поддршка на партискиот лидер Христијан Мицкоски да ги застапува ставовите на партијата во натамошниот тек на лидерската средба.

„Македонските граѓани заслужуваат власт која вистински ќе се води по европските принципи за почитување на Уставот и законите, особено за важни прашања поврзани со носење на одлуки за иднината на државата како што се македонските интеграции во Европската унија и НАТО“, се наведува во соопштението. /МИА

притисни ентер