Семинар за водење бизнис со интегритет-етички менаџмент

Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Македонија -Турција (МАТТО), денеска организираат настан со којшто се придружуваат кон активностите на ОЕЦД како едни од најголемите промотори на стандардот – бизнис со интегритет.
Во современиот свет на бизнисот, интегритетот е еден од најбараните квалитети, не само од вработените, туку и од самите компании. Интегритетот се дефинира како квалитет на искреност и доверба, поседување силни морални принципи, морална исправност.

Еден од начините да се одговори на овој предизвик е стандардот SEDEX, кој нуди едноставен и ефективен начин за управување со етички и одговорни практики во синџирот на снабдување.

Своите искуства пред присутните на денешниот семинар ќе ги изнесат и претседателот на Советот на странски инвеститори Штефан Петер и претседателот на МАТТО Туна Ејуп Кахвеџи./МИА

Филипче: Сметот кај Ургентен центар ќе биде исчистен, распишан е и тендер

Сметот направен кај Ургентниот центар во комплексот клиники „Мајка Тереза“ ќе биде исчистен од  екипа на „Комунална хигиена“, а во тек е и тендер за избор на компанија која ќе го спроведува чистењето, изјави денеска министерот за здравство Филипче.

- Точно е дека има проблем и тој е резултат на тоа што се прекина тендерската постапка за чистење. После долги години, интегенциите се враќаат во Службата за општи и заеднички работи која ги менаџира заедничките потреби на сите клиники во рамки на кампусот Мајка Тереза и тие се во постапка на тендер за добивање на компанија која ќе го спроведува чистењето, појасни Филипче.

Во меѓувреме, со градоначалникот на Град Скопје договорено е екипа на „Комунална хигиена“ да го исчисти целото ѓубре, а направен е договор и следниот месец тоа да се одвива тековно. 

Миновски: До крајот на летово барање за А-интегрирана еколошка дозвола за РЕК Битола

 До крајот на летово АД ЕЛЕМ ќе поднесе барање за добивање А-интегрирана еколошка дозвола за РЕК Битола, најави денеска генералниот директор на Електрани на Македонија, Драган Миновски. 

- Во моментов работната група ги собира податоците и се прават анализи  кои се проекти треба да се реализираат за да се добие дозволата. Очекувам набрзо да излеземе со предлог до Министеството за животна средина и просторно планирање за добивање на дозволата, рече Миновски, одговарајќи на прашање на прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека не сака да шпекулира со точни термини и додаде дека е најбитно работната група квалитетно да си ја заврши работата.

- Тоа е еден процес кој е долг и значаен за самата компанија и затоа е неопходно квалитетно да се заврши, потенцира Миновски.

Прашан до каде е реализацијата на проектот Чебрен и Галиште за кој премиерот Зоран Заев недомна најави дека ќе се реализира преку АД ЕЛЕМ и ќе чини 220 милиони евра, Миновски рече дека станува збор за владин, а не за проект на АД ЕЛЕМ.

- Со одлука на Влада веќе е формирана работна група која имаше два состанока до сега. Во неа работат експерти, а има и претставник од АД ЕЛЕМ и во моментов се анализираат можностите за градба и кој тип на брана да се реализира, рече Миновски и додаде дека нема конкретни датуми до кога да се донесе одлуката. 

Интервјуто со Заев урна рекорди!

Синоќешното интервју со премиерот Зоран Заев во „Само Вистина“ на Канал 5 ги урна рекордите на гледаност на емисијата во оваа сезона.

 „Само Вистина“ останува убедливо најгледана политичка емисија во македонскиот етер!

притисни ентер