Попоски денеска во Будимпешта на меѓународна конференција за безбедност

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Будимпешта ќе учествува на безбедносна конференција посветена на задачите и предизвиците на НАТО во пресрет на самитот на Алијансата во Варшава.
Како што соопшти МНР, во фокусот на конференцијата ќе бидат актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува Eвро-атлантскиот регион во пресрет на самитот во Варшава и промовирање на интензивни дискусии со цел изнаоѓање на решенија за состојбите за кои се уште не постои обединета позиција или недоволна соработка.

Ердоган на прагот на сигурна победа

На речиси една петина од изброените гласови , Реџеп Таип Ердоган има освоени скоро 60 проценти.

Според првичните резултати од изборите , кои се одржаа во Турција , актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган засега убедливо води со 59,99 проценти од гласовите на една петина од преброените ливчиња.

Неговиот главен противкандидат , Мухарем Инче освоил 25,8 проценти .Гласачките кутии беа затворени во 17 часот по локално време и се очекува вечерва да бидат познати резултатите од предвремените претседателски и парламентарни избори .

Аналитичарите предвидуваат победа на Ердоган со околу 45 до 55 проценти од гласовите.

Се удави Полски наутичар во Јадранското Море

Хрватските поморски власти попладнево го најдоа телото на полскиот наутичар , исчезнат во близина на Риека.

Во 7 часот утрово било пријавено дека е исчезнат Полски наутичар од едрилицата ,,Левант “ , на која имало уште десетмина туристи од Полска. По интензивна потрага телото на 67 годишниот наутичар било најдено во близина на островот Угљен . Го здогледал рибар од чамец и пријавил во спасувачката служба.

Членовите на едрилицата биле задржани во полицијата во Ријека на распит.

Истрагата ќе покаже како и зошто телото на искусниот наутичар се нашло во море.

Макрон од мини самитот на ЕУ : Не примаме лекции од други

Во Брисел се одржува мини самитот  на ЕУ , на кој лидерите на 18 земји членки решаваат за мигрантската криза.

Пред почетокот на самитот францускиот претседател Емануел макрон изјави ека не прима лекции од други земји , алудирајќи на изјавите на државниот врв на Италија , каде и новиот премиер Конте и неговиот заменик Ди Мајо го нарекоа ,,човек без допирни точки со реалноста”.

,, Ние никогаш не забораваме кои се нашите вредности. Тоа во овој момент е неприфатливо .” изјави Макрон пред почетокот на мини самитот. Проблемот настана откако голем број земји членки на ЕУ одбија да ја споделат одговорноста за мигрантите за да им помогнат на земјите кои се најмногу погодени , како Грција и Италија.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте кусо изјави дека ќе го претстави својот план за решавање на проблемот. Канцеларката Меркел се надева дека лидерите ќе се договорат како меѓусебно да си помагаат без да треба за тоа одлука од сите 28 членки на ЕУ.

Таа рече дека не очекува денеска да се постигне целосен договор , со оглед на фактот дека истата тема ќе биде во фокусот на формалната средба на сите лидери на земјите членки на ЕУ на 28 и 29 јуни.

притисни ентер