Седум идејни решенија за изградба на марина во Охрид

Седум идејни решенија за изградба на марина во Охрид. Заврши јавниот повик на министерството за транспорт и врски а архитектите поднесоа идејни решенија за марина на две локации, една меѓу двете градски пристаништа и друга на просторот од каналот Билјанини извори кон Горица.
Езерската  марина ќе обезбеди место за приврзување на  најмалку 300 пловни објекти , глисери, јахти, едрилици и чамци но и  место за паркирање на 10 поголеми бродови.

-Да се разгледа значи по разни критериуми иновативност остварливост аспект на финансии од техничка издржаност а после тоа да се заземаат ставови.

Тоа ќе биде ајде така да речам поопширна покреативна работа , вели Горан Устијаноски капетан на Капетанија на пристаништа на РМ.

Според планот  на марината ќе се постави комплетна пловидбена сигнализација,ќе има   паркинг за возила и приколки од пловните објекти како и угостителски објекти, сервис за пловила и продавница за наутичка опрема.

- Со завршување на постапката за донесување на специјален урбанистички план кое треба да го изработи министерството за транспорт и врски веќе би требало во текот  на втора половина на 2016 година да отпочнат градежните активности за изградба на градска марина, вели Никола Бакрачески градоначалник на Охрид.

Идејните решение ќе ги разгледуваат комисиите во министерството за транспорт и врски, а врз основа на избраното ќе се прави главниот проект, за марината чија изградба се очекува да започне на избраната локација идната година.


Молк во ЕПП за азилот на Груевски во Унгарија

Ниту еден од шефовите на држави и влади на земјите членки на Европската Народна Партија денеска не сакаше да коментира за одобрениот азил на Никола Груевски во Унгарија.

Единствено еврокомесарот за проширување Јоханес Хан искоментира дека ќе се обиде да го праша Виктор Орбан за појаснувања на маргините на средбата.

Пред Самитот на ЕУ секоја политичка партија се состанува на партиско ниво за координација. На предсамитот на ЕПП беа присутни, меѓу другото, Виктор Орбан, Ангела Меркел, Жан Клод Јункер, Андреј Пленковиќ, Себастијан Курц и други.

Јоханес Хан, кој е инаку и потпретседател на ЕПП, изјави дека не очекува никаков одговор од Орбан, освен дека се е согласно законот и владеењето на правото во Унгарија.

Запрашан дали стравува дека Будимпешта би можела да ја блокира Македонија во делот на судството поради Груевски, Хан изјави дека "очигледно не".

-Имавме состанок неделава во Советот за надворешни работи и потврдено беше дека Македонија е речиси водечка земја во процесот на проширување во регионот, рече Хан.

На влезот на предсамитот на ЕПП МИА го праша и кандидатот на оваа партија за следните европски избори, Манфред Вебер, дали има став за азилот на Груевски, но тој само кусо одговори дека нема да ја коментира оваа тема.

Виктор Орбан и Себастијан Курц, исто така, одбија да одговорат на прашањето.

Хрватскиот премиер Пленковиќ изјави дека е запознаен со овој случај, но дека „за сега не сме расправале за тоа", без да даде повеќе детали за тоа дали темата воопшто ќе дојде на дневен ред. /МИА

Во тек е голема полициска акција во Стразбур (ВИДЕО)

Голема операција на француската полиција е во тек во квартот Неудорф во Стразбур.

Француските полицајци се во потера по Чериф Чекат , кој пред два дена уби 3 лица и рани 12 во терористички напад. Полицијата го бара и неговиот брат.

Специјалците со тешко вооружување ги пребаруваат куќите долж улицата Епинал. Министерот за внатерешни работи , Кристоф Кастане изјави дека станува збор за контроли какви што имало во последните 36 часа и апелира на смиреност кај жителите на населбата.

Во овој декл од градот целосно е запрен сообраќајот , а на новинарските екипи им е забрането да се приближат на местото на акцијата.

НАТО ќе и достави воена опрема на Украина вредна 40 милиони евра

НАТО на Украина ќе и достави опрема за сигурна комуникација до крајот на овој месец , рече првиот човек на Алијанската Јенс Столтенберг на средбата со украинскиот претседател Петро Порошенко .

,,Му кажав на претседателот Порошенко дека ќе доставиме воена опрема за сигурна комуникација за украинските оружени сили до крајот на годинава.” , изјави Столтенберг и дополни дека тоа ќе биде помош врена 40 милиони евра за засилување на украиснката армија .

Подарокот од НАТО доаѓа во време на тензиите на Украина со Русија.

Столтенберг на средбата со Порошенко ја нагласил смиреноста и воздржаноста за време на оваа криза и ја повтори поддршката на НАТО во менувањето на опремата на војските на поранешните држави од Советскиот Сојуз , на што Русија категорично се противи.

притисни ентер