Идејните творци на проектот „Naked language”, кој се емитува на специјален интернет канал, изјавуваат дека целта им е со атрактивни модели, професорки по странски јазик, да го привлечат вниманието на учениците.
„Јасно е дека заинтересираните кои сакаат да научат англиски нема да одолеат да гледаат во професорката“ – изјави тие, наведувајќи дека очекуваат нивниот нов интернет канал да постигне голем успех.
Необичните методи во Венецуела ги поддржа и перуанскиот сајт „Trome”, кој наведе дека голите професорки ги поместуваат границите за изучување на странските јазици, што може да биде навистина ефективно.
„Традиционалниот начин на учење во многу случаи не дава задоволителни резултати“ – наведуваат на сајтот.
Промо видеото кое е објавено на сајтот „Desnundando las Notisijas” прикажува еден пример како би изгледал часот по англиски со атрактивните дами, кои се целосно голи. Сите тие изгледаат како модели.
Сајтот „Desnudando las notisijas” наведува дека нивните студенти после завршувањето на курсот ќе добијат сертификат кој ќе биде признаен низ целиот свет.