Расте бројот на заболени деца со овчи сипаници

Расте бројот на заболени деца со овчи сипаници. Само во декември регистрирани се близу 900 случаи, што е двојно повеќе од претходниот месец.
Најмногу заразени односно 360 има во Скопје, по што следат Струмица  и Куманово каде се регистрирани околу 100 случаи на варичела. Најголемиот дел од нив се деца на возраст од 5 до 9 годишна возраст.

Во ретки случаи можни се и компликации, посебно кај децата кои се постари од 12 години и со послаб имунитет, кај кои може да се појават кожни инфекции.

Надлежните препорачуваат мирување и изолација на заболените. И покрај порастот на децата со овчи сипаници, бројките не се алармантни.
Во некои земји во Европа децата се вакцинираат против варичела, што не е случај и во Македонија. Лекарите ја разгледуваат и оваа опција, но велат придобивките се уште не се доволни за да се оправда вакцинација на цела популација.

Топлес честитка за роденден од Кели Брук

„Среќен роденден на мојата љубов Џереми. Ме правиш среќна и денеска е твој ден”, вели актерката, модел и ТВ водителка Кели Брук.

„Среќен роденден на мојата љубов Џереми. Ме правиш среќна и денеска е твој ден”, вели актерката, модел и ТВ водителка Кели Брук во честитката за роденден на својот партнер, моделот, актер и џудист Џереми Париси, а неговиот “голем ден” двојката го прослави на грчкиот остров Миконос.

„Блазе си му. Тој е вистински среќник, многу сум љубоморен”, коментираат дел од обожавателите на Брук.

Сметаат дека најубавиот роденденски подарок за Џереми е всушност водителката која е секојдневно во неговите раце и дека џудистот е најсреќниот човек на светот.

 

 

Weekend Vibes @majestichotelandspaparis @fredgoudonphotographe 🖤

A post shared by Kelly Brook (@iamkb) on

“Инаку, Кели и Џереми се во врска од 2015 година, а водителката се обиде да го запроси своето момче пред неколку месеци на одмор во Антигва и Барбуда.

„Го прашав дали сака да се ожени за мене, а тој ми рече да бидам тивка, дека има луѓе околу нас. Пробав да го запросам, но ми рече дека има работа и бараше од мене да молчам”, раскажа Кели низ смеа, откривајќи дека тоа било само шега и дека ниеден од нив не го сфатил тоа сериозно.

Холивудскиот пар објасни зошто нивната ќерка има машко име

Славниот холивудски пар, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс кога го откри името на својата најстара ќерка, целиот свет остана шокиран од нивниот избор

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс во брак се веќе шест години и се горди родители на две девојчиња – едногодишната Инес и тригодишната Џејмс.

И додека на многумина името Инес им се допаѓа, во превод значи “чистота, светост“, на никого не му е јасно зошто славниот пар за постарото девојче избрале машко име.

Рајан за порталот mrporter.com објасни зошто се одлучил за тоа име.

Имено, пред да се ожени со Блејк, Рајан не бил во добри односи со својот татко Џејмс. Неговиот татко боледувал од Паркинс, а пред да почине Рајан успеал да ги среди односите со него и да се помират. За тоа како што изјави, заслужна била неговата сегашна сопруга.

Токму поради тоа, актерскиот пар се одлучил на својата ќерка да му го додели името по дедото, иако биле свесни дека девојчето цел живот ќе има “проблеми“ поради името.

„Нашата ќерка засега мисли дека нема никаква разлика меѓу неа и машките деца, дека може да направи се што ќе направат и тие. Се надевам дека така ќе остане и во иднина“ – истакнала убавата актерка.

Најдобар и надвор од терените: Страсно бакнување, после големата победа (фото)

Кристијано Роналдо синоќа по петти пат ја освои Лигата на Шампионите.

Социјалните мрежи се преполни со коментари за недостатокот на еуфорија на неговото лице, а најмногу внимание после случувањата привлече неговата девојќа Георгина во друштво на неговиот син Кристијано Јуниор.

Георгина го носела дресот на Реал и огромна торба од Шанел, а своето момче страсно го бакнала на теренот.

 

Иако сите играчи беа исцрпени после натпреварот, радоста не изостана, на титулата најмногу се радуваа наследниците на познатите фудбалери.

 

Ready for the match #cristianoronaldo #cristianojr #georginarodriguez #doloresaveiro

A post shared by CR7_Kids (@cr7kids_updates) on

притисни ентер