Изборниот законик донесен - ќе се гласа на 24 април

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов ги повика политичките лидери да стават крај на политичката криза а договорот од Пржино доследно да го применат без натамошно одлагање.
 Граѓаните им ја дале довербата на политичките партии не за да бидат нивни заложници туку да работат во интерес на државата се нотира во соопштението од кабинетот на шефот на државата во кое меѓу другото стои.

- Недозволиво е несериозното однесување и немањето чувство за одговорност и државност. Не може да се избегнуваат обврските од договорот а со тоа да се доведе во прашање европската и евроатланската перспектива на Република Македонија и просперитетот на граѓаните. Нашиот регион и Европа се соочуваат со сериозни предизвици и она што најмалку ни е потребно денес е продлабочување на политичката криза.

Претседателот Иванов се заблагодарува за ангажманот на меѓународната заедница посебно на еврокомесарот Хан и ја поздравува подготвеноста на Унијата за обезбедување целосна поддршка и гаранции за слободни и фер избори.

Во меѓувреме во јавноста и натаму се толкува потегот на Социјалдемократите и на нивниот лидер Заев не само како бегство од избори туку и како директно непочитување на Законите поврзани со изборната регулатива што беа гласани и од пратеничката група на СДСМ. Во Законот за измени и дополнувања на изборниот законик од деветти ноември 2015-та година дури во 4 члена точно е дефиниран датумот 24 април 2016-та година како датум на кој ќе се одржат предвремените парламентарни избори. Имено тоа се членовите 78, 80,82 и 83 во кои претставниците на партиите се договорија и изгласаа да стои и датумот на изборите, нешто што Заев сега не го почитува.
Во членот 78 датумот на изборите стриктно е наведен во ставот еден кој се однесува на тајмингот во кој, откако Законот ќе стапи на сила, ќе се бираат членовите на Државната изборна Комисија. Во членот 80 пак датумот на изборите е наведен во релација со изготвувањето на методологијата за прочистување на избирачкиот список, обврска која Социјалдемократите ја оспоруваат дека може навреме да се направи заедно со условувањето за Законот за медиуми, што според познавачите на оваа материја се две неповрзани работи кои немаат ниту една допирна точка.
Но, она што е посебно интересно се членовите 82 и 83 кои се однесуваат на трета страна односно се однесуваат на медиумите кои подлежеа на конкретен тајминг за прекинување на платеното политичко рекламирање, што и го направија а сето ова посебно за приватните медиуми значи останување без дополнителни приходи. 
Имено во членот 82, став еден предвидува заради организирање на изборите на 24 април 2016-та година забрането е платено политичко рекламирање кај радиодифузерите, печатените и електронските медиуми како и интернет порталите во период од 20-ти декември 2015-та година до денот на почетокот на изборната кампања. Во ставот два забраната за политичко рекламирање се однесува на рекламните паноа и билборди а и таа е со истиот датум како за радиодифузерите, односно престанокот на политичкото билборд-рекламирање е  од 20-ти декември 2015-та година.

Членот 83 им го лимитира објавувањето на рекламите финансирани од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на градот Скопје на радиодифузерите, печатените и електронските медиуми како и интернет порталите итоа од денот на стапувањето на сила на Законот за измени и дополнувања на изборниот законик до денот на одржување на изборите 24 април 2016-та година.

Сепак познавачите сметаат дека најголем губитник од  деструктивните политики на Заев и неговиот страв од соочување на избори, за како што се оценува потегот на Социјалдемократите да ги напуштат преговорите, не се медиумите туку граѓаните а секој обид да се избега од датумот на изборите зацртан со договорот од Пржино, или истиот да се пролонгира, значи пролонгирање на политичката криза  и дефокусирање на Република Македонија од патот на реформите и просперитетот.

Седници на собраниските комисии за европски и за економски прашања

Во Собранието на денеска седници ќе одржат комисиите за европски и за економски прашања.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања се Предлог – законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста и измените и дополнувањата на Законот за заштита на правата на пациентите, двата во прво читање.

Комисијата за економски прашања ќе ги разгледува измените и дополнувањат на Законот за возила, во второ читање. /МИА

Џафери на дводневен парламентарен форум за лидерство во Вашингтон

На покана на Демократското партнерство на Претставничкиот дом на САД (ХДП) претседателот на Собранието Талат Џафери денеска и утре ќе престојува во работна посета во Вашингтон, САД. 

На покана на Демократското партнерство на Претставничкиот дом на САД (ХДП) претседателот на Собранието Талат Џафери денеска и утре ќе престојува во работна посета во Вашингтон, САД. Во парламентарната делегација за и потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска-Ременски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Како што соопшти собраниската прес-служба, дводневниот Парламентарен форум за лидерство е фокусиран на демократското обновување за борба против заедничките закани за демократијата. Исто така, во рамките на форумот, претседателот на Собранието Џафери и пратениците ќе остварат и билатерални средби со колегите од Конгресот и Владата на САД.

Програмата на ХДП е организирана од Националниот демократски институт (НДИ), со поддршка од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и во партнерство со Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

На оваа програма од високо ниво, покрај Собранието на Македонија, поканети се да учествуваат и дваесет партнерски парламенти на ХДП. /МИА

Чавушоглу во Скопје на средби со Заев, Димитров и Османи

Шефот на дипломатијата на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, по покана од министерот за надворешни работи Никола Димитров, престојува во официјална посета на Македонија.

Севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји и можностите за зајакнување на соработката во сите области од заемен интерес, се темите за кои ќе разговараат на денешната средба министрите Димитров и Чавушоглу, најавија од МНР.

За време на посетата, во просториите на Министерството за надворешни работи на Македонија, Димитров и Чавушоглу официјално ќе ја пуштат во употреба техничката опрема за дигитализација на дипломатскиот архив на Министерството. Проектот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Турција, а финансиран од турската агенција за соработка и развој – ТИКА.

Се предвидува министерот Чавушоглу да се сретне и со претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев, и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи. /МИА

притисни ентер