Нема договор за избори на 24 април - какви гаранции очекува Заев?

Она што се очекуваше да биде последна преговарачка рунда за целосно исполнување на Договорот од Пржино со цементирање на 24 април како датум на кој ќе се одржат предвремените парламентарни избори, заврши без договор.

 За ваков исход прв обзнани претседателот на СДСМ Зоран Заев во раните утрински часови а по неколкучасовната заедничка средба на која присуствуваа еврокомесарот Хан, амбасадорите Орав и Бејли и медијаторот во преговорите Ванхауте. Преговорите пропаднаа договор нема, СДСМ нема да учествува на изборите ако се одржат во април без навремено прочистен избирачки список и без навремена регулација на медиумите.
- За нас не се прифатливи избори без навремена регулација на медиумите и без навремено прочистување на Избирачкиот список. Ако се одржат избори на 24 април ние нема да учествуваме, а ќе продолжиме да се бориме за фер, регуларни и демократски услови за одржување на избори, рече Зоран Заев –претседател на СДСМ.

Ова е крајно неодговорно и неприфатливо однесување, потези со кои сака да ја внесе државата во поголема криза и во продолжена агонија, рече во својата изјава претседателот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Груевски. Тој информира дека наспроти консензусот на ВМРО ДПМНЕ, на ДУИ и на ДПА избори да има на 24 април, Заев на средбата дошол исклучиво со барањето да нема избори во терминот зацртан со договорот од Пржино и притоа не зборувал за никакви детали поврзани со прочистувањето на избирачкиот список или со Законот за медиуми.

- Со потезите што ги прави тој всушност сака да ја внесе државата  во уште поголема политичка криза и проблеми и да имаме продолжена агонија која не е од интерес на никого во Република Македонија. Неговите зборови денеска беа поврзани само со одложување на изборите на 24 април без никакви сериозни аргументи. Тој знае дека методологијата за избирачките списоци и самото нивно прочистување е работа која може да се заврши за неколку дена, а добро знае и дека она што го бара во Законот за медиуми го нема никаде во Европа и дека тоа не може да му биде поддржано од никого. Но, го бара со цел да има причина да ги одложи изборите, бидејќи само во криза е актуелен и верува дека тоа ќе му донесе политички поени, но само губи политички поени и неговата поддршка од народот секојдневно опаѓа, потенцира Груевски.

Тачи не даде изјава по средбата а на трипартитниот консензус за тоа дека е можно изборите да се одржат на 24 април меѓу ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и ДПА укажа и лидерот на ДУИ  Али Ахмети.

- Сите страни имаа разлики и за жал не постигнавме согласност во однос на датумот на изборите. Три политички партии се согласија за договорот и крајно почитување на договореното, а една од партиите не се согласуваше со датумот на изборите, изјави Али Ахмети –претседател на ДУИ.

По преговарачката рунда се огласи и медијаторот Ванхауте најави продолжување на преговорите.

- - Ќе направиме се за да се постигне договор за овие прашања, а од блиску ќе следиме и што ќе се случи со изборите. Сакаме да бидеме сигурни дека доколку дојде до избори тие ќе бидат спроведени на најсоодветен начин. Ќе разговараме со опозицијата и ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата во неделите што следат, рече Ванхауте.


Во врска со новонастанатата ситуација Премиерот Груевски најави дека од денеска ќе почнат широки општествени консултации за тоа кои ќе бидат нивните следни чекори, а повеќе детали за сопствениот став од денеска најавија и од СДСМ.


Осмо издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце" во Трпејца

Здружението за развој и промоција „За Трпејца со љубов" од Охрид по осми пат ја организира кутурно-забавната манифестација „На зајдисонце". 

Од вечерва гостите што летуваат во населбата и сите оние што ќе се затекнат во Трпејца се до 29-ти овој месец ќе бидат дел од содржините наменети за нив, за поубаво да се чувствуваат, да се забавуваат, некои и нешто да научат.

Манифестациајта финансиски поддржана од Министерството за култура предвидува фолклорни настапи, ликовни изложби, ликовна работилница за деца, потоа курс по модерен танц исто за најмладите гости, куклен театар за најмладите, музички содржини меѓу кои и веќе традиционалните вечерни променади со настапи на млади уметници што музуцираат од кајче во вечерните часови. И оваа година како и изминатите изданија „На зајдисонце" организира курс за обука за фаќање риба со јадица, кајакарска регата и прошетка низ Националниот парк „Галичица" по патеката Чоколско.

Здружението „За Трпејца со љубов" ги поканува сите заинтересирани да бидат дел од публиката, сите настани што ќе се одржуваат под ведро небо се од отворен карактер односно бесплатни./МИА

Ансамблот „Дорико“ со Омаж на Георг Фридрих Хендл на „Охридско лето“

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва во 21 часот во црквата „Света Софија“ со концерт на ансамблот „Дорико“ од Италија кој ќе приреди Омаж на Георг Фридрих Хендл.

Ќе настапат тенорот Раул Хернандез, Даниела Нуцоли -мецосопран и виолина, Клодиана Бабо на барокна виолина, Франческо Алесандро де Феличе на виолончело и Џованимариа Перучи на чембало.

Ансамблот „Дорико“ е група музичари што настапува на барокни инструменти почитувајќи ги историските практики на интерпретација. Членовите на овој состав свиреле во некои од најзначајните оркестри посветени на стара музика како: „Џардино Армонико“, „Еуропа Галанте“, „Талент Лирик“, „Академија Бизантина“ и се посветени на популаризација на ваков тип музика како и на откривања дела од ваков репертоар. Настапувале на голем број интернационални и национални фестивали, напишаа од Охрдско лето.

Фестивал „Фолклорен мост" во Струга

 Со свечено дефиле низ Струшките улици и настап на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци" синоќа се одржа 13. издание на фестивалот „Фолклорен мост".

На манифестацијата учествуваа 13 фолклорни ансамбли и друштва од земјава и соседството.

– Преку песна и игра околу 500 учесници кои ги претставија фолклорните традициии и културните особености на своите земји, истакна организаторот, центарот за култура „Браќа Миладиновци".

На сцената, покрај домаќинот, КУД „Илинден" од Струга настапија и културно уметничките друштва „Бранко Радичевиќ" од Стара Пазова, Србија, „Везилка" од Прилеп, „Сијач" од Загреб, Хрватска, „Дримкол" од Вевчани, „Будуќност 1984 " – Добановци, Србија, „Новаци" од Новаци, „Цариброд" од Димитровград, Србија, „Илинден" од Демир Хисар и фолклорните ансамбли „Ѕуница" од Скопје, „Неврокоп" од Бугарија „Гоце Делчев" од Битола и „Стив Наумов" од Логоврди. /МИА

притисни ентер