Хан очекува утре да биде затворен договорот од Пржино

Очекувам дека останатите елементи од политичкиот договор ќе бидат решени пред или за време на мојата посета, порачува еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан во денешното соопштение најавувајќи ја посетата на земјава утре.

Во соопштението Европската комисија посочува дека комесарот Хан утре на  средбите со лидерите на четирите најголеми партии ќе ја повтори нивната одговорност за спроведување на договорот, вклучувајќи ја и потребата да се обезбедат услови за веродостојни избори, во согласност со роковите што се усогласени.

„Утрешниот 15-ти јануари е клучниот рок на политичкиот договор чија имплементација е важна за Владата и за граѓаните на земјата. Очекувам дека останатите елементи од политичкиот договор ќе бидат решени пред или за време на мојата посета, овозможувајќи и им на изборните власти да организираат веродостојни избори според договорената временска рамка“, вели Хан во писмената изјава.

Во пресрет на посетата на еврокомесарот денеска по повеќе неделна пауза работната група составена од претставници од ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА се состана во Клубот на пратеници во обид да се договорат решенија за регулација на медиумите и Правилниците за Избирачкиот список. Овие две прашања се меѓу последните кои остануваат отворени од Договорот од Пржино. Посредникот во преговорите Питер Ванхојте очекува и овие теми да бидат затворени уште денеска преку конструктивна дебата меѓу партиските претставници.

„Се надевам дека за некои од прашањата како за медиумите и за методологијата за прочистување на избирачкиот список ќе биде постигнат договор за да му се олесни на г. Хан утре да бидат заклучени некои други исто така тешки прашања“, вели Ванхојте.
Прашан дали смета дека премиерот Груевски ќе го испочитува рокот и ќе поднесе оставка, Ванхауте рече дека не се сомнева оти премиерот ќе го испочитува договорот од Пржино.

„Немам сомневање дека тој ќе се држи со своите обврски преземени со Договорот Пржино, ако има некаков проблем со тоа ќе го решаваме кога таков проблем ќе се појави“, вели посредникот.

Ванхојте најави дека работните групи ќе се состануваат се’ додека сите прашања не бидат затворени.

Анкета : Дали би војувале за својата земја?

Многу помалку од половина од Македонците би се бореле за својата земја , покажува анкетата на Галуп спроведена во 64 земји низ целиот свет.

Глобалниот просек изнесува дека 61% би се бореле за својата земја , а 27% дека не сакаат да се борат. Очекувано , многу е поголем процентот на мажи кои се подготвени да војуваат за својата земја , но сепак не е мал ниту процентот на жените , 52%.

Највисок е процентот во земјите на Блискиот исток и Африка – дури 83% , додека најмалку за западна Европа каде просекот изнесува 25%.

Во голeмата анкета биле прашани 62 398 лица , по 1000 за секоја земја , а анкетата била спроведена од септември до декември 2014. ,,На стотина години од Првата светска војна , утврдивме дека 61% од граѓаните на светот сака да војува. “ ги коментираше резултатите Жан – Марк Лежер , претседателот на Меѓународното здружение на Галуп.

Меѓу сите испитаници најмао располежение за одбрана на земјата со војна има во Јапонија – само 11% , а на дното на табелата се и Германија , Италија и Австрија.

Најподготвени за борба се Мароканците и жителите на островот Фиџи со 94%. Меѓу европските земји отскокнува процентот на Финска -74% од луѓето сакаат да војуваат а по неа Турција со 73%.

 Во регионот , Македонија е на дното со 38% подготвени да се борат за својата земја , а најголем е процентот во Косово 58% , додека во Србија изнесува 46%.

Постојат разлики и во религиите. Муслиманите се најподготвени за војна или 78% , потоа Хиндуистите со 77% , а меѓу Христијаните најборбени се православните со 53% . Од Евреите само 51% се подготвени за војна.

Повратник од Германија починал од срцев удар во казино во Кавадарци

Повратник од Германија на педесетина години, вечерва добил срцев удар во казино во Кавадарци и починал на самото место додека играл игри на среќа.

Оваа информација за МИА ја потврдија Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес и Драган Димитров, раководител на Брза помош Кавадарци.

Според првичните информации, човекот и претходно имал срцеви проблеми во Германија. Засега не се соопштуваат детали за случајот. 

Жолтите елеци излегоа 28. викенд на улиците (ВИДЕО)

Илјадници Жолти елеци и денеска , 28. викенд по ред протестираа против социјалната и фискална политика на Макрон , во пресрет на европските избори важни за иднината на Франција.

Денеска се собраа вкупно 3 200 демонстранти , од кои 1 200 во Париз. Минатата сабота , според податоците на Минситерството за внатрепшни работи имало нешто помалку , 2800 демонстранти , а овие податоци ги демантираат организаторите тврдејќи дека се далеку побројни.

На првиот собир на 17. ноември минатата година имаше 282 000 демонстранти. Денешните протести минаа главно мирно и без насилства.

притисни ентер