И без „Југохром“ воздухот во Тетово e екстремно загаден

Загадувањето на воздухот во Тетово со ПМ 10 честичките повторно на неколкупати во текот на изминатата недела за повеќепати го надминуваше дозволеното ниво иако фабриката Југохром од Јегуновце од први јануари не работи.

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири информираше дека во соработка со владите на Финска и Австрија веќе спроведуваат стручни мерења на неколку локации на воздухот во Тетово и Скопје што треба точно да го утврдат хемискиот состав на честичките во воздухот.

Истражувањата започнале во мај минатата година и треба да завршат некаде до крајот на февруари а се спроведуваат на тој начин што овие специјални мерни станици остануваат на едно место 52 дена.

Министерот Изаири очекува дека резултатите од анализите што ќе бидат извршени во Австрија и Финска ќе ги добиеме до средината на април по што точно ќе се знаат причините за загадувањето на воздухот во Скопје и Тетово и со тоа кои и какви мерки ќе треба да се применат за подобрување на состојбите.

-Тогаш ќе знаеме точно колку влијаат домаќинствата, колку влијае возниот парк – сообраќајот, колку влијае индустријата, колку влијае малата индустрија, колку влијае градежништвото. Параметрите што ќе ги покажат хемиските анализи ќе ни дадат точни индикатори и нема да се шпекулира кој колку проценти загадува. – изјави Нурхан Изаири, министер за животна средина и просторно планирање.

Од друга страна за жителите на Јегуновце од кои голем дел работат во Југохром неоправданата кампања на невладините организации од Тетово дека токму оваа фабрика е главен причинител на загадувањето на градот иако се наоѓа на 12 километри воздушна линија од него придонела раководството на Југохром самоиницијативно да донесе одлука за привремен прекин на работата во јануари и февруари. Со тоа жителите велат дека неоправдано се доведува во прашање нивната економска и друга егзистенција.

-Епа сега нека се запрашаат тие Еко Герила и нека ги повикаат најголемите светски експерти. Нека го испитаат воздухот во Тетово и да видиме кој го загадува тоа Тетово. Југохром гарантирам дека пет отсто не загадува во оваа околина. –изјави жител на Јагуновце.

-Тука сме единствено врзани со фирмата и се се врти околу Југохром. И сите економски објекти тука и општината и вработените во Југохром сите зависиме од тој Југохром. Ако до март не се отвори тој Југохром ќе мораме и ќе бидеме присилени да бегаме од ова село бидејќи ќе немаме никаква егзистенција. – изјави жител на Јагуновце.

Од раководството на Југохром при најавата за приверемениот прекин на работата посочија дека паралелно ќе продолжат со поставување на системите за отпрашување на фабричките оџаци и оти ќе го испочитуваат законскиот рок за примена на еколошките стандарди во работата.



Фото: Тони Кукоч во белградска арена за Јокиќ: „Тој е плејмејкер“

Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, асот на Југопластика, Бенетон, Чикаго, Тони Кукоч даде свој коментар за најдобар играч на НБА лигата центарот на шампионот Денвер, Никола Јокиќ.

Легендарниот Пинк пантер од Сплит, Тони Кукоч освои три титули во НБА како член на познатата генерација на Чикаго Булс со Мајкл Џордан, Скоти Пипен и Денис Родман, но освои и три трофеи во Евролигата со славната Југопластика.

Минатата сезона Јокиќ ги предводеше Денвер Нагетс до нивната прва титула во историјата на франшизата од Колорадо, а претходно беше и два пати МВП на лигата.

„Денешните играчи кои доаѓаат од Европа се многу ценети и секој тим што оди во плеј-офот сака да има еден или двајца европски играчи. Европските играчи имаат способност да играат на повеќе позиции, полесно ги поврзуваат тимовите. Јокиќ... може да игра било што, на било која позиција. Кога ќе го погледнеш не е ни брз, ниту добар скокач, но неговиот мозок е две секунди пред нна сите други.Тој ја чита таа кошарка, нема да кажам дека игра, бидејќи во НБА не можеш да се играш, тоа е физички напорно, но се гледа дека тој е таму и ја чита играта. Го контролира целиот тим. Поради неговата висина игра центар, но тој е плејмејкерот на тој тим“, истакна Кукоч.

Славниот југословенски кошаркар потоа откри како легендарниот тренер од шампионските денови на Чикаго, Фил Џексон му објаснил дека шутирањето е можеби најмалку важното нешто во кошарката.

„Можете да ги прашате Џордан и Џексон за кошарката, но најважно е да се погледнете во огледало и да се запрашате што пропуштате. Ако сте искрени, тогаш брзо ќе дознаете. Мојата прва година со Булс , играв 27-29 минути, понекогаш почнував, но кога се врати Мајкл, тогаш почнував од клупа. Затоа Фил Џексон ми објасни дека не зависам од шутот,во кошарката има многу работи на кои треба да се работи.Шутирањето е можеби најважното.Треба да играш одбрана,се да знаеш, ... шутирам, промашувам, сакам да ја пресечам топката, мојот играч постигнува кош... Тогаш Фил Џексон ми рече дека тоа му пречи. “

Тони Кукоч и неговиот соиграч и пријател од Југопластика легендарниот Дино Раџа вчера беа гости на мечпот во Белград меѓу Партизан и Олимпијакос.

Двете кошаркарски легенди добија овации од преполните трибини .

Израелската армија го потврди убиството на висок функционер на Хезболах

Израелската војска потврди дека го убила Али Абед Асан Наим, заменик командант на ракетната дивизија на Хезболах. Тој бил убиен во напад со беспилотно летало во либанскиот регион Базуриех, објавија британските медиуми.

Израелската војска соопшти дека Наим насочил ракетен истрел со тешка боева глава кон израелска територија од Либан. Според израелските воени претставници, убиениот висок функционер на Хезболах бил одговорен за планирање и извршување на напади врз израелски цивили.

„Хуавеј“ минатата година со двојно поголем профит

Кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ денеска соопшти за значително поголем профит во 2023 година, благодарение на силните резултати од неговите оддели за обработка заснована на Интернет и софтвери за автомобили.

Приходите на компанијата се зголемија за 9,63 отсто минатата година, на 704,2 милијарди јуани (99,4 милијарди долари).

Нето добивката се зголеми повеќе од двојно и изнесуваше 86,9 милијарди јуани.

Главниот столб на компанијата минатата година беше неговиот оддел за опрема за ИКТ инфраструктура, со приход од 362 милијарди јуани, што е за 2,3 отсто повеќе од 2022 година. Голем број западни земји забранија инсталирање на опрема на „Хуавеј“ во мобилните мрежи, повикувајќи се на националната безбедност.

притисни ентер