Наплатниот пункт на ЕВН во Струга на нова локација

Наплатниот пункт на ЕВН Македонија во Струга од денеска е на нова локација. Како што информираат од компанијата, новиот наплатен пункт, кој се наоѓа на улицата „Кеј 8 Ноември“ б.б. влез 2, е направен согласно ЕВН стандардите, со целосно подобрена организација за опслужување на поголем број корисници истовремено.
- За сите корисници на струшкиот реон кои најчесто се одлучуваат својата обврска кон ЕВН да ја подмират директно во шалтерите или, пак, не се откажуваат од навиката сметките да ги плаќаат директно на шалтер, новиот наплатен пункт има повеќе капацитет, соопшти ЕВН Македонија.

Од ЕВН Македонија потенцираат дека во последните години имаат развиено голем број  услуги како граѓаните на брз и ефикасен начин да ги плаќаат  фактурите за електрична енергија, и тоа во банките и поштите, или преку користење на современите начини на плаќање на сметките на интернет, без туркање на шалтерите.

Без вода утре корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“ во Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот во водоснабдувањето, како што се наведува, е поради промена на шибер од ф 80мм на ул.„Васил Главинов“  блок 10. /МИА

Пакистански политичар се самоубил поради своите синови

Самостојниот кандидат на изборите за парламентот на Пакистан, Мухамед Ахмед Мугал се убил откако неговите синови не се согласиле со политиката која ја застапува.

Тоа го соопшти пакистанската полиција.

Еден од полицајците изјавил дека Мугал дома наишол на отпор, бидејќи неговите синови ги подржувале кандидатите на поранешната владејачка партија, Пакистанската муслиманска лига.

По изборните закони на Пакистан, изборите на кои Мугал бил кандидат, ќе бидат одложени и предизборниот процес повторно ќе започне после регуларните избори на 25 јули.

Полицијата упадна во станот на телохранителот на францускиот претседател

Канцеларијата на обвинителството во Париз соопшти дека истражувачите влегле во станот на еден од главните телохранители на францускиот претседател Емануел Макрон.

Тие влегле во станот на телохранителот кој во мај е снимен како претепува демонстрант.

Елисејската палата го отпуштила телохранителот на Макрон, Александар Бенала пред полицијата да упадне во станот во париското предградие Иси-ле Молино.

Тој од страна на дневниот весник Монд беше идентификуван како човекот со полициски шлем кој на протестите на 1 мај тепал демонстранти. Тој и уште едно лице од утре ќе бидат под надзор на полицијата и им се заканува подигнување на обвинение.

Учеството на Бенала во претепувањето за Макрон стана најголемата политичка криза од почетокот на неговиот мандат минатата година.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб следната недела во парламентот ќе одговара на прашања, за да се утврди дали дошло до пропуст на владата.

притисни ентер