Случаи на еутаназија што го потресоа регионот - ужасен крај или ужас без крај?

Кога пред три години во Сисак татко си ја уби болната ќерка за да и ги скрати маките, злосторството ја шокира Хрватска, но во исто време, покрена емотивна дебата околу потребата од легализирање на еутаназијата.
 23-годишната Марија со години била во вегетативна состојба, резултат на тешка мозочна болест, слика што татко и не можел повеќе да ја издржи.

Кобниот октомври 2012-та и вбризгува смеса од таблети во крвта и и ги сече вените. Истото си го прави и себе си, но преживува. Осуден е на две години затвор под олеснителни околности за дело, кое многумина го нарекоа убиство од љубов.

-Делото е извршено по големи писихички маки, каде што едноставно тој човек немал апсолутно никаков друг излез, каде што тој извршил нешто што нема ниту негативни, ниту криминални мотиви, туку за да и ги скрати маките на својата ќерка, вели Вељко Миљевиќ, адвокат

Случај со убиство од милосрдие се уште ја тресе и соседна Словенија. Неврологот Иван Радан неодамна е обвинет дека еутаназирал најмалку седум свои пациенти, ставајќи им инфузија со морфиум и калиум на клиниката во Љубљана.

-Имаше значителни несогласувања околу начините на лекување на пациентите, особено во последните денови од нивниот живот. Јас не знам кој, но очигледно е дека некој намерно сакал да им го скрати животот, изјави Бранко Зорман, од комисијата за утврдување на случајот.

Слична битка води и Французинката Рејчел Ламберт, чиј 39-годишен сопруг е во коматозна состојба по сообраќајка во 2008-та. Франција не дозволува еутаназија, но во случајов, таа може да биде извршена. Годинава Судот за човекови права го одобри правото на смрт за Винсент Ламберт, случај кој ја подели земјата и поттикна бран протести на католичките активисти. Сега во земјата нема лекар кој сака да ја преземе одговорноста, стравувајќи за својата безбедност.

-Мислев дека со пресудата во Стразбур, желбата на Винсент најпосле ќе биде испочитувана, но тоа не се случи, изјави Рејчел Ламберт, сопруга на Винсент

Случаи има многу, но најдалеку отиде Белгија, која лани, и покрај противењето на црквата, ја легализираше еутаназијата и кај децата, само во случај кога тие трпат неподносливи болки и се способни самостојно да расудуваат.

- Како лекари и родители, секогаш го даваме максимумот да се грижиме и да излекуваме дете. Но, има случаи кога реално не можеме ништо да направиме, а тоа значи дека тоа дете треба да страда до крајот на животот, изјави Герлант Ван Берлар, педијатар – онколог

Еутаназијата официјално е легална само во Белгија, Холандија, Луксебург и Колумбија, но убиството од милосрдие, дефинирано во поинаква законска рамка е дозволено во уште дузина земји, како Америка, Канада, Јапонија, Албанија, Швајцарија, земја во која цвета таканаречениот самоубиствен туризам и место каде што годишно легално се еутаназираат над илјада странци. 



Влада: Предложените за претседател и членови на РКЕ се избрани на јавен оглас

Регулаторна комисија за енергетика ќе добие нов претседател.

Владата го предложи Марко Бислимовски да ја предводи главната функција на ова регулаторно тело.

Бислимовски и досега работеше во комисијата како советник и во јавноста важи за професионалец во енергетската област. Од владата уверуваат дека ќе таков ќе биде и како претседател.

Освен Бислимовски, Владата како комисионери ги предлага Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Куштрим Рамадани, исто, досегашен член на Комисијата

Надлежностите и независноста на Регулаторна беа жестока тема на расправа при донесувањето на Законот за енергетика. Опозицијата обвинуваше дека Владата ја нарушува независноста на ова тело, а власта тврдеше дека наместо професионалци со комисијата раководат партиски кадри.

Познавачите на проблематика, оценуваат дека сепак тешка ќе биде битката за независност на РКЕ.

Прв човек на Регулаторна од 2009тата до сега беше Димитар Петров, кој често беше обвинуван поради неговата партиската припадност.

Платите на членовите на Регулаторна комисија се движат околу 1 500 евра.

Мандатот на претседателот и членовите е 5 години со право на реизбор.

Нова пречистителна станица за третман на отпадни води во Кичево

Општина Кичево доби нова пречистителна станица за третман на отпадни води изградена со европски пари.

Со тоа трајно се решава проблемот со отпадните води во општината и се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина.

Пречистителната станица е со инсталиран капацитет за 48.000 жители.

Реализацијата на проектот вклучува и изградба на колектор и пристапен пат. Вкупната вредност изнесува 8,3 милиони евра.

притисни ентер